15 успешни и влијателни жени во македонскиот бизнис
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ
ladder WEB 01Капитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа се најдоа 15 жени кои се на високи менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата. Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Годинава одбравме 15 од нив, кој на оваа листа е најдоа според функцијата која ја извршуваат, растот и развојот на компанијата со која управуваат, според пробивот на странските пазари, според иновативните продукти и процеси во бизнисот и целокупниот придонес во економијата и заедницата кои го имаат лично и преку компаниите  со кои управуваат.

 

Капитал по втор пат објавува листа на најуспешни и највлијателни жени во македонскиот бизнис. На годинешната листа се најдоа 15 жени кои се на високи менаџерски позиции или членови во управни одбори на компании, банки, фабрики, маркетинг компании, жени кои основале свој приватен бизнис и успешно го развиваат надвор од границите на државата.

Сигурно во Македонија има многу повеќе жени со импресивни приказни за успех во бизнисот, жени кои носат одлуки и имаат моќ да ги менуваат работите на македонската бизнис сцена. Годинава одбравме 15 од нив, кој на оваа листа е најдоа според функцијата која ја извршуваат, растот и развојот на компанијата со која управуваат, според пробивот на странските пазари, според иновативните продукти и процеси во бизнисот и целокупниот придонес во економијата и заедницата кои го имаат лично и преку компаниите  со кои управуваат.

Станува збор за жени кои се упорни, посветени на тоа што го работат, едуцирани, кои имаат визија и амбиција да бидат најдобри во тоа што го работат, кои се одговорни кон компаниите со кои управуваат, кон вработените и кон заедницата во која живеат.

Зад секоја успешна жена во бизнисот, има интересна и мотивирачка приказна за патот кој треба да се изоди и за сите пречки кои треба да се надминат за да се стигне до успехот, за балансот кој треба да се направи помеѓу приватниот и професионалниот живот, за менаџирањето на семејните и службените обврски..

За повеќето од жените кои се наоѓаат на оваа листа, фактот дека се жени никогаш не им бил пречка за успех во кариерата, за напредување во компаниите кои денес ги раководат, ниту, пак, за развој на фирмите кои ги основале или во кој успешно ја  преземале управувачката функција во семејните фирми кои ги основале нивните родители.
Напротив, тие воопшто не се оптоварени со предрасуди дека бизнисот е машки свет, туку целата своја енергија ја фокусираат на остварување на најдобри можни резултати во она што го работат. Секоја од нив ја истакнува посветеноста кон работата и постојаното професионално усовршување, како и успешното балансирање  на кариерата, семејството и приватниот живот како клучни за успехот кој го посигнуваат.

Македонската реалност покажува дека на чело на најголемите македонски компании се уште далеку подоминантни се мажите.
Статистиката покажува дека од вкупниот број работавци во Македонија, околу 25% се жени, додека останатите 75% се мажи. Или само 3,4% од вработените жени се на работодавна функција, додека процентот на мажи на работодавна функција гледано како учество во вкупниот број на вработени мажи е двојно поголем. Најголем дел од жените на работодавни функции се во фирми до 10 вработени, а многу е помал бројот на жени кои се на раководни функции во среди и големи компании.

Ако се анализира во кои сектори од македонската економија се најприсутни жените, тогаш дефинитивно тоа е финансискиот сектор, каде дури 68,8% oд вработените се жени. Следат трговијата каде 47% од вработените се жени, преработувачката индустрија каде 45% од вработените се жени.


Sterieva Maja 909Маја Стевкова – Штериева
главен финансов директор и член на УО на Комерцијална банка

Одговорна за паричниот  крвоток на Комерцијална банка, д-р Маја Стевкова – Штериева е главен финансов директор и член на Управниот одбор од 2008 година. Комерцијална банка има 1,64 милијарди евра актива, и според тоа е најголема банка во Македонија, позната како најголем кредитор на бизнис секторот. Дотолку повеќе, одговорноста на Стевкова – Штериева е поголема, особено што токму во годините што следеа откако таа беше назначена на актуелните топ позиции во банката, се случуваше светската финансиска и економска криза, која што ги погоди и македонските компании. После неколку турбулентни години и расчистување на квалитетот на кредитното портфолио, Комерцијална банка минатата година повторно ја заврши со одличен резултат, односно, пораст на профитабилноста од 50%. Стевкова – Штериева доаѓа од организација за која е карактеристично особено изразеното значење на женското лидерство – сите 14 главни секторски директори во Комерцијална банка се жени.


Jocvanka Joleska 909Јованка Јолеска – Поповска
генерален директор и член на УО на ПроКредит банка

„ПроКредит банка Македонија“  е шампион кога станува збор за женското лидерство во бизнисот – сите три членови на Управниот одбор се жени. Меѓу нив е и Јованка Јолеска – Поповска, воедно и генерален директор на банката. Голем процент жени се и на останатите раководни позиции во „ПроКредит“, а таа вели дека доминацијата на жени во менаџментот е сосема случајна и е резултат на отвореноста на акционерите односно институцијата да им даде шанса на оние кои се вредни, храбри, одговорни, амбициозни и најважно со високи етички стандарди, да се развиваат и напредуваат во кариерата. Сите менаџерски структури во банката се развиваат интерно во рамките на институцијата. Соодветно на тоа и членовите  на Управниот  одбор биле вработени во банката од нејзиното основање и се развивале во рамките на институцијата. Под водство на Јолеска – Поповска, „ПроКредит“  продолжува да е најсериозниот банкарски партнер на малите и средни бизниси во земјава, а банката е пионер во воведувањето иновативни технолошки решенија на пазарот, и истакнат лидер во практикувањето општествена одговорност преку организирањето и поддршката на голем број иницијативи во таа насока.


Milkica Gligorova 909 WEBМилкица Глигорова
член на Управен одбор и директор на производство на Фармација во Алкалоид Скопје

Производниот центар Фармација се разбира е клучниот во целокупниот систем на нашата најголема фармацевтска компанија Алкалоид, а негов долгогодишен директор е Милкица Глигорова, која воедно е и член на Управниот одбор на компанијата. Со вкупен  приход од преку 135 милиони евра и чиста добивка од 12 милиони евра, Алкалоид нема промашено година кога станува збор за растот на овие финансиски показатели. За натпревар со најголемите генерички фармацевтски  компании во регионот и светот потребно е задоволување на екстремно строгите меѓународни стандарди во оваа индустрија, иновативност, висока технологија, постојан развој… За сето тоа да биде инкорпорирано во производните погони на Алкалоид се грижи токму Глигорова, и заради оваа нејзина одговорна задача не случајно ја одбравме и неа во оваа листа на најмоќни, највлијателни жени во македонскиот бизнис.


Branka Pavlovik  909 WEBБранка Павловиќ
претседател на Управен одбор на Охридска банка Сосиете Женерал

Банкарскиот сектор очигледно е предводник во македонската економија кога станува збор за застапеноста на жените во врвните раководни структури и „Охридска банка Сосиете Женерал“ (ОБСГ) е уште една потврда на овој тренд. Бранка Павловиќ дојде на челната позиција на банката пред две години, а нејзин претходник беше исто така жена, г-ѓата Јитка Пантучкова. Павловиќ е воедно и првата и единствена жена во моментов што е претседател на Управен одбор на банка во земјава. Во рамки на групацијата „Сосиете Женерал“ Павловиќ е повеќе од 17 години, назначувана на бројни менаџерски позиции, а пет години била исто така прв човек и на Сосиете Женерал Црна Гора. ОБСГ беше прогласена  за „Банка на годината во Македонија за 2016 година“ од „The Banker“, една од најпрестижните меѓународни публикации за финансиски теми, награда што доаѓа веднаш по претходните две награди за најдобра банка, доделени од „Euromoney“ и „Global Finance“. Банката бележи постојан раст на пазарот, а предводник е во воведувањето на одредени производи и услуги, како кредитно животно осигурување, осигурување на кредитни картички, итн.


Dragana Cifliganec  909 WEBДрагана Чифлиганец
извршен директор на  градежна компанија „Адора Инженеринг“

Таа е млада дама која што одлично се снаоѓа во нешто што се смета за машки бизнис, градежништвото. Д-р Драгана Д. Чифлиганец, има 33 години, а веќе е значаен дел од успехот на една од најбрзорастечките  компании во Македонија, еден од најпознатите брендови во градежништвото – Адора инженеринг.  Магистер по економија, доктор по правни науки, Чифлиганец вели дека маркетингот е нејзиниот фах, но за да биде успешен менаџер во градежниот сектор, морала да ги научи сите фази на изградбата не еден објект. Од пред десет години е активно вклучена во семејниот бизнис, што го почна нејзиниот татко проф. д-р  Ванчо Чифлиганец, за кого што вели дека и е непресушен извор на инспирација и голем поддржувач на нејзиниот развој како менаџер. Особено е горда на фактот што Адора инженеринг ја негува родовата еднаквост преку еднакви можности за професионален напредок во кариерата и раководните позиции кои носат поголеми одговорности, но и бенефиции, вреднувано преку платите. “Со тоа го негуваме принципот на еднаквост и недискриминација за поголем економски раст во Македонија”, истакнува Драгана Чифлиганец.


Venera Novakovska 909 WEBВенера Новаковска
основач и директор на меѓународно училиште „НОВА

Преку дваесет години посветеност да се направи врвно образование со меѓународна акредитација во Македонија стојат зад Венера Новаковска, основачот и главниот двигател на развојот на Нова меѓународни училишта.

Илјадници ученици излезени од клупите на Нова, илјадници студенти на домашните  и странските универзитети, меѓу кои и најпрестижните Харвард, Принстон, Јејл, Сорбона, Оксфорд, Кембриџ…денес врвни професионалци и угледни членови на општествените заедници каде што живеат, сето тоа е резултат на неуморната работа и пожртвуваност на г-ѓа Новаковска и нејзините соработници.

Освен посветеноста во креирање на врвна настана програма за образовна поддршка на деца и млади од три до 18 годишна возраст, Нова е партнер со голем број домашни и меѓународни организации со цел повисок квалитет во едукативната понуда, што подразбира и селектирање и усовршување на сопствениот наставен кадар по најсовремените стандарди. Исто така, голема е и ангажираноста на  Нова во општествено одговорни акции, за што училиштето има добиено и бројни награди и признанија.


Anita Spasovska WEBАнита Спасовска
генерален менаџер на млекарница „Бучен Козјак“

Бучен Козјак е млекарница што своите корени ги има уште пред 34 години, во времето кога приватната иницијатива во Македонија сè уште беше табу тема. Основачите на компанијата со макотрпна работа и посветеност успеаја да изградат еден од најпрепознатливите брендови во млечната индустрија во земјава, а секако, една од најголемите заслуги во тоа го има генералната менаџерка  Анита Спасовска. Своите почетоци во млекарницата ги има во одделот за финансии и во една прилика има изјавено дека во тие моменти воопшто не се надевала на таков развоен пат во кариерата. Но, како што вели, горда е што со својот тим успеала да изгради компанија што постојано се стекнува со нови знаења што брзо ги спроведува во пракса и така стекнува конкурентска предност. За својата успешна работа Спасовска повеќе пати е избирана меѓу топ менаџерите во Македонија, а има добивано и други награди и признанија. За тоа како успева да се организира за сите професионални и приватни обврски, таа само ја цитира мислата од Питер Дракер, која вели “Ако не знаеме да управуваме со сопственото
време, со што тогаш
воопшто знаеме?


Aleksandra Dilevska 909 WEBАлександра Дилевска
извршен директор на комуникациска агенција „Публицис“

„Публицис“  е најголемата комуникациска и маркетинг агенција во земјава, дел од големата меѓународна Publicis групација, а Александра Дилевска е на нејзино чело повеќе од 20 години. Под нејзино водство, агенцијата била креатор на адвертајзинг кампањите на повеќе клиенти од редот на најголемите домашни компании и странски инвеститори, како Стопанска банка, Македонски телеком и др., а со своите тимови со голем успех и бројни освоени награди учествувала и во комуникациските активности на светските брендови. Најсвеж таков пример е проектот Sea Hero Quest, зад кој што стои тимот на Saatchi & Saatchi Skopje, дел од „Публицис“  групацијата, мобилна игра направена за клиентот Дојче Телеком која помага во борба против деменцијата. Оваа кампања беше апсолутен хит минатата година на престижниот Кански  фестивал за адвертајзинг, каде што собра десетина награди. За нејзините достигнувања во промоцијата на креативноста во бизнисот во Македонија, промоција на македонската креативност надвор од земјата и поддршка на промоцијата на француската култура во Македонија, Дилевска пред две години беше одликувана од француската влада со престижниот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“.


Irena Jakimovska 909 WEBИрена Јакимовска
ко – сопственик и директор на текстилна компанија „Комфи Ангел“

„Комфи Ангел“ под водство на ко – сопственичката и  извршна менаџерка Ирена Јакимовска прерасна во една од најголемите текстилни фабрики во Македонија, со преку 1000 вработени во моментов. Замислена да работи како производител и испорачувач на квалитетна постелнина и  специјално  за стратешкиот партнер, односно инвеститор од В. Британија, компанијата почна да продава и во други земји од ЕУ, постепено ширејќи го своето извозно портфолио. Јакимовска е позната како исклучително енергична и неуморна како бизнис лидер и мотиватор на своите вработени, за кои што милува да каже дека се нејзино големо семејство. Производството и приходите на компанијата континуирано растат под нејзино водство, а „Комфи Ангел“ е активен чинител  и во голем број општествено одговорни акции во Прилеп, каде што е лоцирана фабриката, но и во целата земја. Јакимоска во една прилика рече дека нејзино бизнис мото е “купувачот е единствен шеф во компанијата и ако не е среќен може да го отпушти и главниот директор“. За неа, суштината на нејзиното постоење во „Комфи Ангел“  е креативната енергија што се труди да ја шири и пренесува на сите нивоа.


Elena Pandeva 909 WEBЕлена Пандева 
сопственик на модна куќа “Елена Лука“ и градежна компанија “Елена Лука Хоум“

Докажана како успешен менаџер во семејната градежна компанија „Жикол“, Елена Пандева – Китрозоска неуморно трагајќи по предизвици, ја основа и модната компанија “Елена Лука“ која што стана најголемиот моден бренд  во Македонија. Во едно интервју за домашните медиуми, Пандева – Китрозоска изјави дека нејзината дефиниција за модата значи визуелен израз на личниот идентитет и затоа оваа уметност за неа отсекогаш била посебен предизвик.
Успехот со модниот бренд, ја мотивираше Пандева – Китрозоска во рамки на групацијата Жикол пред три години да издвои посебна компанија која под истиот бренд, односно “Elena Luka Home” на пазарот ќе понуди станови со повисоко ниво на ексклузивност, уникатен дизајн и комфор. Во 2015-та се случи вселувањето на првиот станбено – деловен комплекс Luxury Homes, a истата година почна градбата на новиот станбен објект Living Large. Елена со својот тим стои и зад најчитаниот онлајн моден магазин во Македонија, Fashionel.mk, како и фондацијата Елена Лука, непрофитна организација замислена да им помага на граѓаните во решавање на нивните животни проблеми.


Sanja Tancevska 909 WEBСања Танчевска
извршен директор на Триглав осигурување

Дека не само банките, туку и останатите делови од финансискиот сектор можат да се пофалат со  високото присуство на жените на врвни менаџерски позиции, доказ е Сања Танчевска на местото извршен директор во најголемата осигурителна компанија во земјава, Триглав. А, таа не е единствен пример во осигурителната индустрија, во која што е влезена пред 12 години, прво како актуар, задолжена за процена и управување со ризици, а подоцна и на менаџерски позиции. Танчевска вели дека имала  навистина голема среќа да биде  дел од регионална групација, која што на своите вработени им нуди не само професионален, туку и личен развој, работа во средина која што е мотивирачка и современа, каде се ценат знаењето и експертизата, постојано се работи на усовршување на процесите и  каде што зборот проблем се заменува со предизвик. Бизнисот на Триглав во Македонија има стабилен раст, постојано се воведуваат иновативни продукти, а плановите на компанијата се насочени и кон освојување на пазарни сегменти досега несвојствени за нив.


Iskra Vetagokovska 909 WEBИскра Ветаџокоска –  Муцунска
менаџер и ко-сопственик на прехранбена компанија „Виталиа“

Што може да се каже повеќе за компанијата што повеќе од 25 години е синоним во Македонија за здрава храна, извозник во преку 50 земји со преку 500 артикли, бренд со многубројни меѓународни признанија и поседувач на најстрогите сертификати за квалитет и стандарди во работењето. Искра Ветаџокоска – Муцунска, ко – сопственик на Виталиа е нераздвоен дел од мозаикот на успехот на компанијата, која што вели дека управувањето е во природата на жената. “Таа го носи тоа во себе. Редовната пракса на мултитаскинг и помага на жената лесно да го прошири својот хоризонт и да се потврди успешна и надвор од семејниот дом.“ Нејзиното мото е “живеј ги вредностите на брендот кој го застапуваш“. “Во моето живеење и работење ги интегрирам вредностите поради кои Виталиа е успешна и прифатена – лидерство, интегритет, страст и квалитет. Ние предничиме со храброста и определеноста да создадеме подобра и поздрава иднина за генерациите што доаѓаат, автентични сме, посветени сме со срцето и умот и секако она што го работиме го работиме за доброто на нашите консументи.“, истакнува Ветаџокоска  – Муцунска.


Marta Naumovska 909 WEBМарта Наумовска – Грнарова
менаџер на Завар компани

Нема човек што останал рамнодушен на дизајнираните радијатори од инокс што ги изработува “Завар компани“, скопската фабрика за производи од нерѓосувачки челик, која што има традиција долга речиси 30 години. Повеќе наликувајќи  на уметнички дела, одошто на опрема за греење, тие се адутот на компанијата за пробивање на странските пазари последниве неколку години. “Мозокот“ зад овие ултра модерно обликувани  радијатори е Марта Наумовска  – Грнарова, менаџер во компанијата основана од нејзиниот татко на крајот од 80-те години. Во една прилика за Капитал рече дека таа се чувствува како уметничка душа што запливала во инженерските води и дека љубовта кон дизајнот практично го чекала вистинскиот момент да бликне со сета своја енергија. Кој имал прилика да ја запознае Наумовска – Грнарова видел дека се работи за личност со огромна страст за тоа што го работи, а нејзина главна задача е креирањето на компаниската стратегија за раст и развој и нејзината реализација. Според она што се случува во  моментов, а тоа е 90% извоз на производството, можеме да кажеме дека Марта мошне добро го прави тоа, во услови на постојани промени и предизвици  во глобалната економија.


Vilma Ucheta 909 WEBВилма Учета – Дузлевска
главен извршен директор на  Кроациа Осигурување – Живот

Уште една дама што е на чело на осигурителна компанија во земјава, и тоа во секторот што го има најдинамичниот пораст последниве десетина години во целата финансиска индустрија – животното осигурување. Кроациа Живот е лидер на пазарот во овој сегмент, а Вилма Учета – Дузлевска е главен извршен директор на компанијата повеќе од пет години, претходно извршувајќи други одговорни задачи на менаџерски позиции. Горда е на фактот што во менаџерскиот тим на нејзината компанија доминираат жени,  и смета дека женското лидерство е во подем во Македонија. “Клучна работа за успех во управувањето е навременото носење на деловни одлуки“, вели таа. Според неа стабилноста треба да е одлика на секој менаџер. “Важно е првиот човек да делува смирено и во тензични ситуации да влева доверба кај тимот што го предводи.“ А, изборот на вистинскиот тим, е втората најбитен предуслов за успешно лидерство, сметаа Учета – Дузлевска. Со просечен годишен раст на премиите од 20%, Кроациа Живот повеќе од сигурно е дека ја води добро избран тим, а неговиот предводник ветува уште поголем квалитет на услугите и  задоволство на корисниците.


Marija Tomeska 909 WEBМарија Томеска
извршен директор и претседател на Управен одбор на Еуролинк Осигурување

Марија Томеска е прв човек на осигурителот Еуролинк веќе четири години, и како што изјави во една прилика, веднаш по стапување на функцијата, почнала со редефинирање на стратегијата на друштвото, како во однос на понудата и начинот на продажба, така и во поставеноста на внатрешните процеси и канали на комуникација во рамки на компанијата. Компанијата веднаш почна да работи на промовирање на незадолжителните осигурувања и нивно доближување до широката популација – преку редизајн на продуктите за станбено осигурување, пакети за осигурување од професионална одговорност на бизнисите и индивидуалците, како и со пакети за целокупно осигурување на имотот на малите бизниси. Потоа, тука е и доброволното здравствено осигурување, што од пред некоја година е новитет на домашниот пазар и каде што не само Еуролинк, туку и уште неколку осигурителни компании гледаат голем потенцијал за раст. Томеска вели дека креативноста, слободата во размислувањето и аналитичноста се главните водилки на нивната стратегија за развој и раст на компанијата, а Еуролинк според вкупната полисирана премија за минатата година е на третото место во областа на неживотните осигурувања.

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×