Ахмети- Нуланд: По решавање на политичката криза, веднаш да се реши и името!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денес се сретна со помошник државниот секретар на Стејт департментот за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд.

Според соопштението што го испратија од партијата, двајцата соговорници  разговарале за политичката криза во Македонија и за начините за нејзино надминување, како и интеграцијата во НАТО и ЕУ преку решавање на прашањето за името и структурните реформи.

Ахмети истакнал дека е неприфатливо продолжувањето на политичка криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и продолжување на евроатлантскиот пат.

„ДУИ ќе ги поддржи реформите што произлегуваат од препораките на ЕУ и на Прибе бидејќи нивното спроведување го прават демократскиот систем постабилен“, се наведува во соопштението.

Во врска со спорот за името, Нуланд и Ахмети разговарале да продолжат со заедничките напори во правец за наоѓање решение за спорот за името со Грција веднаш по решавање на политичката криза во државата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×