Артем Скубенко: За 10 месеци ќе излезат првите бакарни катоди од Казандол
Објавено на од во Интервју

Skubenko Artem WEBАртем Скубенко - заменик претседател на Бордот на директори и финансов директор на Коппер Инвестментс

Само во првата година од рудникот Казандол кај Валандово планираме да извеземе финален производ во вредност од 20 милиони евра. Тоа претставува значајна сума како за нашата компанија така и за вашата национална економија и рударскиот сектор. Нашите првични процени базирани на истражувањата говорат дека во Казандол – Север има потенцијал за експлоатација во следните 15-20 години.

 

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, по добивање на сите неопходни дозволи и решенија кон крајот на август годинава почна со изградба на новиот рударски комплекс во Казандол,  Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Сопственик на компанијата Сардич МЦ е акционерското друштво Коппер Инвестментс, компанија основана со британски капитал. Инвестицијата ќе изнесува 35 милиони евра и само во првите седум години компанијата очекува да оствари приходи од приближно 150 милиони евра.  Разговаравме со Артем Скубенко, заменик  претседател на Бордот на директори и финансиски директор на Коппер Инвестментс за тоа што ќе значи инвестицијата за нив, но и за македонската економија.

Како Сардич МЦ се одлучи за доаѓање во Македонија и што според Вас беше пресудно за вашата одлука за интерес за инвестирање во земјава? 

Како компанија со долгогодишно искуство и работа во рударскиот сектор и металургијата постојано работиме на анализа на нови пазари, но и анализа на можностите за ширење на дејноста преку нови инвестиции и лоцирање на нови наоѓалишта. Конкретно за условите за бизнис и инвестиции во Република Македонија првично бев запознаен од страна на македонскиот амбасадор во Украина, господинот Ацо Спасеновски, кој детално нe информираше за одличните услови за инвестирање и бизнис во Македонија, за големиот број на реформи што вашата држава ги има направено за инвеститорите и за одличната работна квалификувана сила што постои во вашата држава. Иако претходно бевме запознаени со одредени информации за Македонија пред сe преку контакти со наши деловни партнери и информации од економските списанија, контактот со вашиот амбасадор беше причина  повеќе да продолжиме да се интересираме за Македонија. Таквиот интерес подоцна продолжи преку комуникација и контакти со претставниците на вашата влада, со премиерот господинот Груевски и со министрите, средби на кои детално бевме информирани за сe што нас нe  интересираше и на кои што се уверивме дека вашата влада навистина е пријателски настроена кон компаниите и кон странските инвеститори, нешто што во текот на нашата инвестиција само дополнително ни се потврди. Ова го потенцирам затоа што морам да ја поздравам одличната комуникација со Владата, одличната ефикасност на институциите и одличните услови за водење на бизнис во вашата држава кои слободно можам да кажам дека се подобри од многу други држави.  Тоа е едната причина за нашата одлука за инвестирање.

Втората причина за оваа наша инвестиција се рудните потенцијали. После првичните анализи како компанија се пријавивме за добивање концесии за детални истражувања на три наоѓалишта,  Казандол и Плавуш Валандовско и Петрошница во Старо Нагоричане. Позитивните резултати од деталните геолошки истражувања во локалитетот Казандол нe уверија во руден потенцијал на бакар и така после макотрпна работа ја донесовме конечната одлука за инвестирање во Македонија и изградба на рударскиот комплекс за катоден бакар,  Казандол, чија градба ја почнавме во август оваа година. Како што кажавте и самите,  станува збор за инвестиција од 35 милиони евра.

Skubenko Artem WEB 01

Најодговорно тврдам  изградбата и работењето на рудникот Казандол нема да продуцира никакви негативни влијанија и последици врз животната средина.


Што конкретно подразбира оваа инвестиција и што точно се гради во Казандол? 

Накратко кажано оваа инвестиција подразбира изградба на еден исклучително модерен и современ рударски комплекс за производство на катоден бакар во Валандово. Главен партнер за технологијата и доставувач на опремата е компанијата Аутотек (Финска)  светски лидер во проектирање и производство на опрема за металургија. Компанијата има долгогодишно успешно искуство во изградба на слични комплекси во повеќе од 10 земји во светот.

Имено, во рамки на оваа инвестиција која веќе се реализира ќе бидат изградени три функционални целини кои претставуваат една интегрална целина составена од површински коп, односно тоа е самиот рудник, хидро-металуршки дел со одлагалиште за рудата и производствен погон со примена на така наречена SX-EW технологија, како и целокупна внатрешна инфраструктура во комплексот,  деловни простории и нови пристапни патишта до комплексот. Оваа инвестиција подразбира 250 нови вработувања од Валандово и соседните општини и нова вредност во вашиот рударски сектор, кој морам да потенцирам дека во идниот период дополнително ќе се развива и дополнително ќе стимулира и инвестиции и нови работни места,  а се разбира и зголемување на извозот од Македонија.

Велите зголемување на извозот… Што подразбира тоа од аспект на вашето планирано производство и кои се вашите годишни проекции за производство и извоз?

Нашите планови се за 10 месеци да стартуваме со производството на првите бакарни катоди, кои како што и најавивме ќе се произведуваат во Валандово и ќе се извезуваат на европскиот пазар. Станува збор за бакарни катоди кои имаат своја примена во производството на бакарните производи. Веќе имаме обезбедено пазар за пласман на нашите производи,  односно на почеток тие ќе бидат пласирани на  пазарот во Европа, а се разбира, ги разгледуваме можностите и за проширување на пазарот со нови држави и компании во други региони.
Почетните производствени проекции ни се заокружени на околу 4.000 тони бакарни катоди на годишно ниво во првите години и постепено зголемување на овој годишен капацитет во идните години. Ако се земе во предвид фактот што цената на еден тон бакарни катоди на пазарот во моментов  е 5.000 евра во тој случај произлегува дека само во првата година планираме да извеземе финален производ во вредност од 20 милиони евра. Тоа претставува значајна сума како за нашата компанија така и за вашата национална економија и рударскиот сектор. Нашите првични процени базирани на истражувањата говорат дека во Казандол-Север има потенцијал за експлоатација во следните 15-20 години. Веќе вршиме дополнителни истражување во Казандол-Југ за проширување на рудните резерви, а исто така и на локалитетот Плавуш, кој е веднаш до Казандол. Можам да кажам дека иако сме во почетни истражувања, имаме сериозни индикатори за сериозен дополнителен руден потенцијал на делот на Казандол Југ кој практично би значел продолжување на работата на рудникот во иднина.

Спомнавте дека планирате 250 вработувања. Со која динамика планирате да ги реализирате вработувањата и може ли да кажете колкава ќе биде платата за вработените?   

Паралелно со изградбата на рударскиот комплекс планираме постепено зголемување и на бројот на вработените. Во овој момент имаме 40 вработени, а во следните неколку месеци планираме континуирано зголемување на овој број. Најголемиот дел од планираните вработувања ќе се однесуваат на лица кои ќе работат на површинскиот коп, а еден дел од вработувањата ќе се однесуваат на инженери и останати потребни високо образовани кадри. Она што особено е важно и директно поврзано со вработувањата е тоа што сите лица вработени во Сардич МЦ ќе поминат неколку месечна обука која ќе биде реализирана од страна на произведувачот на опремата, реномираната компанија Aутотек и ќе се стекнат со нови квалификации и вештини корисни за идното функционирање на Казандол. Што се однесува до нивото на планираните плати за вработените во моментов можам да кажам дека платите ќе бидат на исто ниво, па дури и повисоки од просечните плати во рударскиот сектор. Како компанија имаме една девиза – Вработените мора секогаш да бидат на прво место и секогаш да бидат задоволни и водени од оваа девиза,  можам да уверам дека статусот, стандардот и безбедноста при работата на нашите идни колеги е од особено значење за нас како компанија и тоа е област на која обрнуваме и ќе продолжиме да обрнуваме посебно внимание.

А колку обрнувате внимание на заштитата на животната средина? Изградбата на комплекси од овој вид секогаш е директно поврзана со животната средина и одредени негативни влијанија врз животната средина… Ќе има ли изградбата и функционирањето на рудникот негативни последици врз животната средина? 

Заштитата на животната средина е наш врвен приоритет. И најодговорно можам да кажам дека изградбата и работењето на рудникот нема да продуцира никакви негативни влијанија и последици врз животната средина бидејќи технологијата која ќе се применува претставува затворен циклус кој не создава било какви емисии. Ние сме пред сe општествено одговорна компанија и во секој наш проект се водиме од потребата за одговорно управување и заштита на животната средина. Знаете, ние сме одлучиле да инвестираме 35 милиони евра тука, сме одлучиле да формираме тим на вработени кои ќе бидат дел од семејството на Сардич МЦ и сето тоа нe прави најнапред да бидеме совесни и одговорни пред нас самите за заштитата на животната средина, и за нас, и за нашите вработени, но и за локалното население кое е нашиот сосед, и убеден сум дека голем дел од нив ќе бидат наши колеги.

Втората причина за почитување на стандардите за заштита на животната средина се секако законите на Македонија за заштита на животната средина коишто целосно ги имаме испочитувано и коишто мора да ги почитуваме и во иднина.Трета причина е нашиот имиџ во меѓународни рамки кој ни создава обврска да ги воведуваме најновите стандарди во нашата работа.

Поради овие три моменти, од првиот ден на овој проект обрнуваме посебно внимание на животната средина. Уште кога почнавме со проектирање основен акцент беше екосистемот во регионот. И тоа резултираше со добивање на сите потребни документи согласно позитивната законска регулатива на Република Македониjа,  кои на крај со исполнување на сите наши предвидени активности и превземени обврски од истите документи треба да резултираат со издавање на А-интегрираната дозвола од страна на Министерството за животна средина што претставува една потврда за нашите заложби за почитување на законските норми и стандарди во делот на екологијата.

Во сите компаративни студии на проектот се вклучени сите европски искуства и стандарди како и канадските практики во областа на примена на најдобрите практики поврзани за заштита и управување со животната средина. Дополнително, како компанија која практикува највисоки еколошки стандарди направивме и независна ревизија на проектот во делот на еколошките и социјалните аспекти. Изработувач на таа студија беше финската компанија Поири – една од најреномираните компании во оваа сфера во Европа и тоа мислам дека е дополнителен доказ на нашата посветеност на екологијата. Финската компанија Поири е компанија која повеќе од 5 децении е еден од водечките брендови во консалтинг менаџментот за инженеринг и заштита на животната средина и на годишно ниво реализира над 10.000 проекти насекаде во светот во над 20 различни области. Станува збор за компанија која има проекти во Финска, Шведска, Германија, Австрија, Швајцарија, САД, Бразил, Русија…. Компанија која е докажана секаде во светот и која мислам дека е повеќе од доволна гаранција за сето она што го работиме, за нашата посветеност кон заштитата на животната средина, процес во кој посебно влијание има хидрометалуршката технологија на производство на бакарните катоди,  при кој не се применува топење на рудата.


Skubenko Artem WEB 02Планираме да инвестираме уште 250 милиони евра во Македонија 

Кажавте дека правите истражувања во Плавуш, а при почетокот на градба на рударскиот комплекс во Казандол, информиравте и за истражувања кои ги правите во североисточниот дел на Македонија, поточно во Старо Нагоричане. Кои се вашите идни планови? 

Како се реализираат истражувањата во Македонија така и нашите планови се збогатуваат. Истражувањата кои ги правиме во Старо Нагоричане, односно на локалитетот Петрошница се фактички дел од нашата трета концесија за детални истражувања и резултатите кои ги имаме добиено досега можам да кажам дека се одлични. Во Казандол говориме за бакар, а во Петрошница говориме за повеќе различни метали вклучително и злато. Од тоа што досега го имаме истражено слободно можам да кажам дека станува збор за руден потенцијал кој е можеби и 10 пати поголем од наоѓалиштето во Казандол. И токму поради тоа веќе разработуваме инвестициски план, со детална развојна стратегија која сметаме дека ќе започне со реализација за две до три години. Планираме во Старо Нагоричане да инвестираме над 250 милиони евра. Тоа е огромна инвестиција на која пристапуваме со огромна сериозност и посветеност затоа што станува збор за еден крупен инвестициски проект не само во вашата држава туку и во регионот. Во нашите развојни планови планираме таму покрај рудникот да изградиме и производствени погони и комплетна инфраструктура.

Што значи, како што и самите можете да се уверите, инвестицијата во Казандол е почеток на успешната приказна на Сардич МЦ во Македонија. Нашите планови се поврзани со Македонија и во следниот период ќе продолжиме да работиме како на изградбата на рударскиот комплекс Казандол така и на испитувањата во Валандово и Старо Нагоричане. Од нашите познавања во рударството сакам да истакнам дека Македонија лежи на огромно рудно богатство. Дека во Македонија рударството допрва  почнува да се развива и не сакам да бидам погрешно сфатен, но следејќи ги процесите во рударството сметам дека за 5 до 7 години рударството ќе забележи еден огромен раст во вашата држава. Имате руден потенцијал, имате одлична бизнис клима, работна сила и одлични услови за водење на бизнис со многу добри процедури за компаниите и затоа сметам дека ни претстои добра иднина.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×