Дарио Николовски: Домашните инвеститори нека сметаат на поголема поддршка
Објавено на од во Интервју

 

Дарио Николовски
директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот

Работиме да создадеме еднакви услови за домашните и странските инвеститори. Со ова ќе ги поттикнеме да се развиваат и инвестираат и домашните компании. Големината на инвестицијата не смее да влијае на условите за инвестирање и со тоа да има привилегирани и повластени компании. Второ, условите и целиот процес на склучување на инвестицијата како и договорите ќе бидат правени на транспарентен начин.

 

Каков е интересот на странските инвеститори во последно време за Македонија? Може ли да се очекува влез на нови инвестиции наскоро, во кои индустрии?

Интересот за инвестиции е голем и очекуваме да расте во претстојниот период. Стабилната политичка клима ќе придонесе за поголем број инвестиции во различни индустрии. Од преземањето на позицијата остварив повеќе средби со потенцијални инвеститори. Очекувам во брзо време инвестиции од областа на обновливите извори на енергија, но и други индустрии за кои во моментов има интерес.

Агенцијата досега многу малку го промовираше извозот од Македонија. Од целиот буџет, Агенцијата досега издвојувала само по 10.000 евра годишно за промоција на извозот, што е смешна сума. Ние сметаме дека Агенцијата мора многу повеќе да ги поддржува домашните компании за извоз и да им помага во целиот процес, од производство до пласирање на производите на странските пазари. Токму во овој сегмент планираме сериозни промени и зголемување на буџетите за поддршка на домашните компании и производители.

Ги отворивте за јавноста договорите за државна помош за странските инвеститори, меѓутоа, останува непознато колку тие ги исполниле обврските за да ги добијат субвенциите. Државниот завод за ревизија во својот последен Извештај за Агенцијата во 2013 година, наведе дека немало контрола ниту евиденција дали инвеститорите ги реализирале договорените инвестиции и работни места како услов за добивање државна помош. Направивте ли Вие контрола?

Во овој момент се врши контрола и ревизија и штом ќе имаме конкретни резултати ќе излеземе во јавноста. Факт е дека договорите кои претходната власт ги правеше и целокупното работење на оваа агенција се држеше во голема тајност. Нашата цел е транспарентно да работиме, а договорите и условите под кои инвеститорите влегле во државата да и бидат достапни на јавноста.

Што се случи со економските промотори? Ќе ја продолжите ли оваа стратегија на привлекување инвестиции со промотори и какви се ефектите од нивната досегашна работа?

Првичните анализи покажуваат голема неефикасност во работењето на промоторите. Преголеми трошоци со многу мал ефект. Владата започна со детална евалуација на нивната работа со цел преструктуирање и реорганизација на нивната работа. На Македонија и треба добра промоција во странство, но на ефективен и исплатлив начин.

Првичните анализи покажуваат голема неефикасност во работењето на промоторите во странство. Преголеми трошоци со многу мал ефект. Владата започна со детална евалуација на нивната работа со цел преструктуирање и реорганизација на нивната работа. На Македонија и треба добра промоција во странство, но на ефективен и исплатлив начин.

Новата Влада донесе одлука да ги прекине рекламите од кампањата Invest in Macedonia на CNN и BBC. Ќе продолжи ли оваа кампања, во каква форма? Каква е Вашата стратегија за промоција на земјата пред инвеститорите?

Таа кампања не продолжува исто како и сите кампањи преку кои претходната влада трошеше премногу средства за промоција на земјата. Договорите од стотици илјади евра на светските медиуми не се решение за промоција на Македонија како бизнис дестинација. Стратегијата на сегашната влада е комуникацијата со потенцијалните инвеститори да ја прави на директен начин, комуницирајќи преку бизнис мрежи и промотивни настани. Скапите роуд шоуа и реклами нема да бидат опција, а тврдам дека ефикасноста ќе биде голема.

Неколку институции задолжени за привлекување инвестиции, меѓу кои и Агенцијата, работат на нови мерки. Какви мерки ќе донесете за инвеститорите?

Првото ветување е еднакви услови за домашните и странските инвеститори. Со ова ќе ги поттикнеме да се развиваат и инвестираат и домашните компании. Големината на инвестицијата не смее да влијае на условите за инвестирање и со тоа да има привилегирани и повластени компании. Второ, условите и целиот процес на склучување на инвестицијата како и договорите ќе бидат правени на транспарентен начин. Останатите мерки и измени се во процес на изработка и штом ќе имаме основен документ ќе го соопштиме на јавноста.

Кои се најголемите проблеми во бизнис климата во Македонија на кои забележуваат инвеститорите и што е тоа што треба најитно да се подобри?

Инвеститорите бараат пред се квалификувана работна сила и силни домашни компании како добавувачи. Досега главен проблем беше што најголем број на домашните добавувачи немаат потребен капацитет за да ги опслужат овие компании и тие добавуваат од други компании од странство. Секако дека ова не може целосно да се промени, но важно е да се поддржи развојот на домашните компании како и тие би биле конкурентни за соработка со странските инвеститори. Eдуциран и квалитетен кадар е многу важен, особено од ИТ секторот. Овде е потребна поголема соработка меѓу образовните институции, Владата и компаниите како би се следеле потребите на пазарот за развој на нови кадри.

Освен привлекување на инвестиции, должност на оваа Агенција е и промоција на извозот. Како планирате да се поттикне поголем извоз од Македонија?

Токму така и за жал, на ова досега е многу малку работено. Од целиот буџет, Агенцијата досега издвојувала само по 10.000 евра годишно за промоција на извозот, што е смешна сума. Ние сметаме дека Агенцијата мора многу повеќе да ги поддржува домашните компании за извоз и да им помага во целиот процес, од производство до пласирање на производите на странските пазари. Токму во овој сегмент планираме сериозни промени и зголемување на буџетите за поддршка на домашните компании и производители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×