Фирмите не можат никако да наплатат од државните институции. За нив важат посебни закони !
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Denari zakluceni

Членот 211 од законот за извршување создава конкретен проблем на фирмите бидејќи го оневозможува извршувањето во должничко-доверителските односи помеѓу компаниите и јавните претпријатија и локалната самоуправа. Со овој член од Законот претседателите на основните судови имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на финансиски средства за функционирање на тие институции. Па така тие секогаш ги утврдуваат највисоките лимити и практично ги оневозможуваат фирмите преку извршување да си ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие институции.

Поради спорно толкување на член од Законот за извршување голем број компании не можат да ги наплатата огромните побарувања од јавните институции. Иако во Законот никаде не стои дека не можат да се извршуваат парични средства, туку само предмети и права, правосудството е целосно застанато во заштита на државните институции на сметка на приватните компании. За овој проблем се жалат повеќе компании.

„Повеќе од пет години од кога е донесен законот за извршување ние не можеме да наплатиме скоро ништо од државните институции. Ако пресметаме само колку ни должи општината од која потекнуваме и во која најмногу функционираме треба веднаш да затвориме. Не знам дали се работи за законска дупка или некој тоа намерно го вметнал, но државните институции кога работат со нас приватните фирми се заштитени како мечки. Само да ви покажам колку извршни решенија за наплата имам, а особено да ги видите датумите од кога тие се издадени и се ќе ви стане јасно“, вели сопственик на мала градежна компанија од внатрешноста на Македонија кој се јави во Капитал за да се пожали на овој проблем.
Други негови колеги од поголемите компании додаваат дека моменталниот Закон за извршување вака како што е поставен е само залажување дека нешто воопшто може да се наплати од државните институции.
„Проблемот е што државата ти го признава долгот, но не кажува кога ќе го наплати. Официјално Законот е поставен да го штити финансиското функционирање на институциите во секое време и тоа можеби е во ред. Но, никој не гледа што се случува на другата страна кај приватниот сектор. Тие пари кои не можеме да ги наплатиме со години најчесто се клучни за опстанок или пропаѓање на нашите компании“.

Коморите со конкретен предлог на разрешување на небулозите

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески кој го контактиравме на оваа тема ни го објасни проблемот и од формално правен карактер.

„Членот 211 од Законот за извршување создава конкретен проблем на фирмите бидејќи го оневозможува извршувањето во должничко-доверителските односи помеѓу компаниите и јавните претпријатија и локалната самоуправа. Со овој член од Законот претседателите на основните судови имаат дискреционо право да го утврдуваат нужниот лимит на финансиски средства за функционирање на тие институции. Па така тие секогаш ги утврдуваат највисоките лимити и практично ги оневозможуваат фирмите преку извршување да си ги наплатат побарувањата кои ги имаат кон овие институции. Овие дискрециони права им создаваат посебно големи проблеми на градежните компании кои не можат да си ги наплатат услугите кои ги извршиле за сметка за јавните претпријатија и локалните институции“, објаснува Азески.

Азески предлага ова дискреционо право целосно да се укине или да се одреди колкав процент точно може да биде одреден за нужен лимит, а од останатиот дел на средства да се исплаќаат обврските.

Според него, тоа е во интерес и на јавните претпријатија, бидејќи ако ова продолжи вака ќе дојдеме до ситуација во која ниту една компанија нема да има интерес да работи со нив и тоа ќе им создаде голем проблем во работењето.

Во врска со оваа проблематика Стопанската Комора на Македонија до Министерот за правда Аднан Јашари веќе има доставено иницијатива за изменување и дополнување на членот 211 од Законот за извршување на која засега нема никаков одговор.

Сепак неофицијално дознаваме дека законот веќе е стигнат на Влада и дека наскоро се очекува разврска (позитивна или негативна) на сета оваа навистина проблематична ситуација.

Каде е проблемот?

Спорниот член 211 од Законот за извршување дословно гласи:

„ Врз предмети и права на Република Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи. Кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста и задачите на должникот ќе определи претседателот на судот на чие подрачје се спроведува извршното дејство, ако во текот на спроведувањето на извршувањето, странките за тоа прашање не се согласат или инаку се укаже тоа како потреба“.

Професорот Арсен Јаневски од Правниот факултет Јустинијан Први е со став дека проблемот не во законот туку во неговото погрешно толкување односно неговата примена.

„Имено никаде во членот 211 од Законот за извршување не се споменати парични средства на кои не би можело да се спроведе извршување кога се во прашање Република Македонија, нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија. Членот 211 се однесува на предмети и права непходни за вршење на дејноста на институциите. Ваквото толкување е противуставно бидејќи автоматски ги става во нерамноправна положба државните институции и приватните компании. “

Професор Јаневски не потсети дека во 2011 година веќе постоела иницијатива за автентично толкување на членот од законот од Собранието на РМ за која Законодавно правната комисија одлучила дека законот е јасен и нема потреба од автентично толкување. Затоа тој предлага во самиот закон кој веќе е во постапка за измена конкретно да се дополни дека:

„Не може да се спроведе извршување единствено на парични средства кои се наменети за плати и придонеси на вработените во конкретната институција“.
Според Јаневски, на ваков начин ќе јасно ќе се потенцира дека никој нема да смее да им забранува на компаниите да си ги наплатат нивните побарувања од парите кои се веќе на сметката на државната институција.

One thought on “Фирмите не можат никако да наплатат од државните институции. За нив важат посебни закони !

  1. ovoj problem e so godini mnogu mali kompanii propadnaa a drzavata rosa ne ja rosi .ako ovoj problem konstantno se israzuva i pisuva za nego ke najdete mnogu losi covecki sudbini koi tragicno zavrsile poradi ovie problemi.ovie problemi se natalozeni i konecno e vreme za nivno resavanje i so toa ke se spasat mnogu luge koi vecno ke vi bidat blagodarni.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×