Хан пристигна во Скопје – денеска ќе се знае дали ќе има одложување на изборите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот за добрососедство и преговори, Јоханес Хан пристигна во Скопје.

Според агендата тој во 10.30 часот почнува со билатерални средби со лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино.

По овие средби, како што е најавено, тој ќе има заедничка средба со сите партии.

Во соопштението што вчера го објави Хан, тој изрази очекување дека до неговата или за време на неговата посета ќе се завршат сите точки од Договорот од Пржино.

„15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна и за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека преостанатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи им на изборните власти да организираат веродостојни избори во согласност со договорената временска рамка“, соопшти вчера Хан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×