Јанева го зголемува обезбедувањето по говорот на Груевски
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Специјалното јавно обвинителство ќе го засили обезбедувањето по говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на синоќешната конференција на Унијата на жени од својата партија, јави  24Вести. Од ова обвинителство велат дека се загрижени за својата безбедност, поради што побарале лично обезбедување за јавните обвинители.

„Како Јавно обвинителство сме сериозно загрижени, поради што ова Јавно обвинителство одлучи да ги зголеми мерките за безбедност. Во оваа насока појаснуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи побарано е да бидат доделени на работа на ова Јавно обвинителство лица кои ќе работат и на лично обезбедување на јавните обвинители,“ соопштија од таму.

Инаку, во вчерашното обраќање Груевски ја смести специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во редот на непријатели заедно со посредувачот на ЕУ во преговорите, Питер Ванхауте. Тие се дел, рече тој, од голема измама за пресврт на власта и дека народот со масовно гласање ќе им пресуди на следните парламентарни избори.

 

One thought on “Јанева го зголемува обезбедувањето по говорот на Груевски

  1. JANEVA se zanese mislejki deka e vrabotena vo sdsm a ne vo drzavna institucija I izigruva ,,misirka,, a ke ispadni kutrata bila ,,guska,, I ke zaglavi vo zatvor od nesovesnost I odgovornost,nejze bi trebalo da I e jasno pristrasnosta ne dolikuva na taa pozicija koja I e dadena SO…..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×