Ќе успее ли Хан да ги увери Груевски и Заев дека се работи за „клучен момент“?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска во Скопје ќе се сретне со лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата, во обид да издејствува конечен договор за политичката криза во Македонија. Хан ќе настапи засилен од тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, што му додава значење на моментот. Еврокомесарот вчера на Твитер напиша дека се работи за „клучен момент за лидерите да се договорат за излез од политичката криза“. Претходно Хан „ретвитна“ вест поврзана со посетата на помошникот државен секретар на САД на Македонија, со наслов: Нуланд во Скопје: Време е да се реши политичката криза.

Според соопштението на Европската комисија, Хан прво ќе има поединечни средби со Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, а потоа треба да се одржи и заедничка лидерска средба.

Основа за постигнување конечен договор, како што најави портпаролката Маја Коцијанчич, е договорената рамка од 2 јуни што предвидува итни реформи во неколку области, и одржување вонредни парламентарни избори најдоцна во април 2016 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×