„Купувајте од дома“, нова услуга на „MarketKonekt“
Објавено на од во Компании
Преку услугите на Shop.marketkonekt.com потенцијалните купувачи ќе можат да споредуваат цени и карактеристики на потребните производите, директно да контактираат со продавачите и да побараат понуди за конкретниот продукт

Отсега купувачите во земјава преку интернет ќе можат да изберат и нарачаат некој од 50 000-те понудени производи од домашниот онлајн маркет, да го одберат начинот на плаќање, а порачките да им бидат доставени во домовите.

„Платформата за онлајн трговија ,MarketKonekt’ можe да ја користи секоја фирма во Македонија, без разлика на големина и дејност. Единствен услов е да има желба да ги понуди своите производи за продажба и преку интернет, со што се обраќа до многу повеќе купувачи и добива можност за зголемена продажба. Нашите трговци ретко ја користат интернет трговијата, но таа е мошне значајна за компаниите насекаде низ светот, и е во постојан пораст. И домашните компании ќе треба да се приклучат кон овој современ начин на продажба за да ги унапредуваат своите бизниси“, вели Владимир Вецовски, директор на компанијата Р3 Инфомедиа и сопственик на „MarketKonekt“.

Целта на домашниот онлајн маркет „MarketKonekt“ е да ги поврзе купувачите и продавачите на едно централно место за онлајн трговија и да им овозможи единствени бенефити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×