Лидерската средба ќе почне во 17 часот – Хан на поединечни средби со лидерите подготвува терен
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Еврокомесарот Јоханес Хан сака да знае што да очекува од денешната лидерска средба за која оцени дека доаѓа во „клучен момент“. Затоа , пред заедничката средба со четворицата домашни актери, на одвоени средби со Али Ахмети и Мендух Тачи (средбите со нив веќе завршија, а се одржаа во седиштето на Европската унија во Скопје), и со Зоран Заев и Никола Груевски (средбите се во тек), ја оценува нивната подготвеност државните да ги стават пред партиските интереси (како што беше побарано од нив).

Лидерската средба со Хан плус европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан ќе почне во 17 часот. Во зависност од тоа што успеал да издејствува еврокомесарот на поединечните средби, изјава за јавноста од него можеме да очекуваме и час-два по средбата, но, и доцна во ноќта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×