Масовен протест против новите поголеми давачки за хонорарите
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

фото: Дејан Азески (Капитал)

„Социјална правда“, “Не за државен рекет”,  „Колку панорамски тркала се нашите 35%“, „Голема уста лапачка“, „Богатите побогати, сиромасите, посиромашни“ …. Ова се дел од транспарентите со кои неколку илјади граѓани излегоа денес на протести против задолжителното плаќање придонеси за хонорарите кое стапува на сила од почетокот на 2015 година.

На денешниот протест учествуваа над 3 илјади луѓе, меѓу кои новинари, актери, преведувачи, музичари и многу други кои од следниот месец ќе земаат за 35% помали хонорари на име придонеси за здравствено и социјално осигурување.

„Овие законски измени ќе доведат до големо осиромашување на граѓани кои и така земаат ниски хонорари, бидејќи се принудени да работат за хонорар, а не за плата. Дополнително, може да значи дека нивните газди ќе ги отпуштат од хонорарен ангажман со што ќе се зголеми невработеноста. Директно се засегнати сите хонорарни работници, но овие законски измени отвораат голема опасност газдите да злоупотребат и сегашни вработени и нововработени да бидат префрлени од редовен во хонорарен работен однос, со што дополнително ќе им се намалат работничките права“, нагласува Здравко Савевски од социјалното здружение Ленка.

Учесниците во протестот најавија дека доколку се донесат измените на Законот без консултација со засегнатите страни и по брза постапка како што се најавува, подготвени се на следни протести, за кои велат дека ќе бидат уште помасовни.

Со новите измени на Законот  за придонеси, се предвидува од први јануари за хонорари повисоки од минималната плата која изнесува 9.590 денари,  хонорарците да плаќаат и придонеси за пензиско и здравствено осигурување, со што вкупните давачки ќе надминат 35% од хонорарот, наместо како досега што хонорарците плаќаат само персонален данок од 10%.

Денешните протести против новите  давачки беа поддржани од Студентскиот пленум, движење во изминати период ги организираше протестите против државниот испит на студентите, како и од неколку други здруженија и независни синдикати.

Маршрутата по која се движеа демонстранти започна од „Жена парк“, преку Собранието, Министерството за труд и социјална политика и заврши пред зградата на Владата.

Од Владата ден пред протестите најавија дека нема да има одложување или отстапки и измените кои се носат во корист на работниците ќе стартуваат од 1 јануари 2015 година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×