Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 11 април 2011, 14:42, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Како да се ракувате на деловни состаноци?

Како да се ракувате на деловни состаноци?Стратегиите за постигнување предност на деловните состаноци укажуваат на моќта на невербалната комуникација, а резултатите од истражувањето спроведено на Американскиот институт Мехрабиан во средината на 20тиот век покажуваат дека уделот на содржината на пораката во впечатокот кој го остава говорникот и неговата уверливост изнесува незначителни 7%.Според тоа, експертите велат дека начинот на ракување на состаноците може да ве стави во предност пред останатите.

Според нив постојат десетици начини на ракување од кои најлоши се т.н. “кршач на коски“ што е назив за премногу силен стисок при ракувањето, како и “мртвата риба“, која укажува на несигурност кај оној кој се ракува. Најефикасен начин нa ракување е вертикалното подавање на дланката и одговарање на стисокот со еднаква јачина. Омилениот корпоративен начин на ракување во бизнис круговите, стисокот со две раце, се препорачува исклучиво ако помеѓу раководителите постои близок однос или емотивна врска.Научниците исто така забележале и дека меѓу раката и мозокот постојат голем број на нервни врски, многу повеќе отколку оние меѓу мозокот и било кој друг дел од телото, па оттука движењата и положбата на рацете даваат добар увид во емоционалната состојба на личноста.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 771-772


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000