Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 29 јуни 2012, 15:21, во Губитник
Share |
Print page

ГУБИТНИК: Никола Тодоров, министер за здравство

ГУБИТНИК: Никола Тодоров, министер за здравство

Сеприсутниот министер за здравство недостигаше да биде поставен уште за шеф на Изборниот штаб на ВМРО–ДПМНЕ за локалните избори догодина. Човекот кој веќе се амбицираше да ги замени инспекторите, па сам отиде во контроли на болниците, од санитарни до финансиски, сега ќе биде и координатор на политиките на владејачката партија за локалните избори и за нивната имплементација.

Прво, тој е назначен на функцијата цели девет месеци пред изборите, што значи дека иако е платен за да биде министер со парите на народот, во следната година енергијата ќе ја троши на партиските активности. Неговите приказни дека можел да постигне сè оти имал енергија и добра организација, па денот му траел повеќе од 24 часа, комотно може да ги продава на децата дома, оти се пофали дека постигнувал притоа да биде и добар родител. Тодоров е прв човек на едно исклучително важно министерство и најмалку што може да направи е да се посвети со целиот капацитет што го има, колкав и да е, во извршувањето на таа задача. Нема ли ВМРО–ДПМНЕ кадар кој можел да биде соодветен за да биде шеф на изборен штаб, па мораше да посегнат по министерот? Или Тодоров, едноставно, е незаменлив на сите полиња?


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 767