Нуланд денес во Скопје
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, доаѓа денес во еднодневна посета на Македонија. Според агендата таа ќе се сретне со високи владини претставници и со партиските лидери. Очекувањата се дека Нуланд ќе се обиде уште еднаш да ги помири со месеци раскараните страни во преговорите, за конечно надминување на политичката криза. Согласно соопштението на американската амбасада во Скопје, која го најави нејзиното доаѓање, преговорите и компромисното решение се единствениот начин за надминување на кризата.

„САД и ЕУ работеа заедно со политичките лидери во Македонија за да се оствари договорот од 2 јуни, според кој, партиите ќе ги ставаат интересите на земјата во прв план и ќе се посветат на евроатлатнскиот процес и демократските принципи. Во текот на посетата, помошникот државен секретар Нуланд ќе истакне дека договорот останува единствената основа за политичко решение на кризата“, соопштија од амбасадата.

Минатата недела, пак, на форум во Дубровник, а во состав на нејзината балканска турнеја таа изјави:

„Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската Унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од САД, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност“, изјави Нуланд во Дубровник.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×