Нуланд по средбата со Груевски: Од тоа што го видов кај лидерите, проблемот ќе може да се надмине
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Oд тоа што го видов кај политичките лидери, верувам дека проблемот ќе може да се надмине. Останаа да се разрешат уште неколку прашања. Ги поддржувам разговорите што лидерите ги водат со комесарот Јоханес Хан“, изјави помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд,  по средба со премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Македонија.

Нуланд не криеше дека на средбите што во тек на денот ги имаше со политичките лидери во Македонија најмногу се разговарало за актуелната политичка криза во земјава. Нејзин впечаток е дека кај страните постои желба да се најде решение за кризата.

Премиерот Груевски по средбата рече дека „ЕУ-вредностите ни се водилка за разрешување на тековните политички премрежија, што е единствено можно како правно, политичко и институционално решение“.

И Нуланд и Груевски ги пофалија добрите односи меѓу двете земји. Премиерот рече дека пред Самитот на НАТО во Варшава треба да се направат напори Македонија да биде примена за членка, а преговорите со Грција околу разликите за името да продолжат.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×