Постигнат е договор, објави Хан. Во тек на денот од лидерите ќе чуеме што е договорено
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Задоволен сум што политичките лидери постигнаа договор. Тоа е заеднички успех. Земјата ќе напредува во евроатлантските перспективи“, кратко изјави еврокомесарот Јоханес Хан по завршувањето на повеќечасовните преговори во резиденцијата на ЕУ во Скопје. Рече дека е договорено да има избори, но не прецизираше дали останува рокот април 2016 година. Груевски, Заев, и другите политички лидери не дадоа изјави, така што не се знае што е договорено. За денеска најавија дека ќе ја информираат јавноста.

„Постигнат е договор од страна на политичките лидери во интерес на земјата и нејзините граѓани“, тукушто објави на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан. Во продложение тој вели дека „Со овој договор се држи отворена вратата за евро-атлантска перспектива и се засилуваат реформите за владеење на правото“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×