Прва конференција за ФИДИК договори во Македонија
Објавено на од во Компании

Асоцијацијата на инженери – консултанти на Македонија (АЦЕМА) ја одржа првата конференција како членка на Меѓународната федерација на професионалци од оваа фела (ФИДИК). ФИДИК е одговорна за подготовка на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот. 

А

 

 

 

 

 

 

 

На 26 февруари, понеделник, во Скопје се одржа првата официјална конференција за ФИДИК договори во земјава, во организација на  АЦЕМА – Македонската асоцијација на инженери – консултанти во градежниот сектор. ФИДИК е Меѓународна федерација на инженери – консултанти, меѓу другото, одговорна за подготовка на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот. Воведен говор и свечено отворање на Конференцијата направи министерот за транспорт и врски во Владата на Македонија, Горан Сугарески, којшто рече дека како земја влезени сме во неколку крупни градежни инвестиции финансирани делумно или целосно од европски и светски кредитори, што значи ФИДИКдоговорите се од исклучително значење за работата на македонските градежни компании што се вклучени во реализација на сите овие тековни, но и идни проекти.

Енрико Винк, извршен директор на ФИДИК,  пред присутните на Конференцијата истакна дека влегувањето на АЦЕМА во глобалното семејство на ФИДИК ќе значи можност за унапредување на состојбите во инженерско – консултантската фела во Македонија, како и пристап на домашните градежни компании до најдобрите практики и модели на најупотребуваните стандардни форми на договори за меѓународни градежни проекти во светот. Винк најави и дека ФИДИК ќе ѝ помогне на својата македонска членка АЦЕМА во спроведувањето на обуки и семинари, на коишто странски инструктори сертифицирани токму од Федерацијата, ќе ги запознаат и обучат сите заинтересирани професионалци од земјава за ФИДИК договорите.

На Конференцијата говореше и гостинката од Србија, Андреа Шехиќ, директор на тамошната Асоцијација на инженери – консултанти, којашто ги сподели нивните искуства и придобивки од членството во ФИДИК.
Презентација имаше и членот на УО на АЦЕМА и менаџер за ФИДИК договори и за отштетни побарувања во АД Гранит, Денис Ризаов, којшто  потенцираше дека реализацијата на градежните проекти според ФИДИК моделите на договори, всушност ја намалува веројатноста за евентуални спорови и барања за отштета од некоја од договорните страни.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×