Скандал: Вработени во УЈП амнестирале компании од плаќање данок
Објавено на од во НАВИГАТОР

133823365Истрагата за неплаќање данок се проширува

Вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) помагале фирми да не плаќаат данок, а истрагата ќе покаже колку компании биле амнестирани од даноци и колку го оштетиле државниот буџет со тоа. Од УЈП велат дека истрагата за даночната шема за неплаќање даноци се проширува и освен двајцата вработени, може да се прошири и на уште неколкумина.

 

Вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) помагале фирми да не плаќаат данок, а истрагата ќе покаже колку компании биле амнестирани од даноци и колку го оштетиле државниот буџет со тоа. Од УЈП велат дека истрагата за даночната шема за неплаќање даноци се проширува,  и освен двајцата вработени, може да се прошири и на уште неколкумина.

Проценката е дека штетата на државата изнесува околу милиони денари. Имињата на фирмите не се обелоденуваат затоа што, според УЈП, се работело за даночна тајна.

„Овие 37 фирми биле во привилегирана состојба, и преку електронскиот систем на УЈП имало посебна забрана за нив  да се  печатат опомени за неплатен данок на добивка. Ова се случувало  во период од две години, кога даночните  обврзници биле изземени од постапки за присилна наплата на милионски долгови. Сите 37 фирми се од Скопје, меѓу нив има и државни и приватни компании, а дел од фирмите се познати на јавноста, а апсурдот да биде поголем, дел од нив се  објавени и на листата на должници на УЈП“, изјави директорот на УЈП, Сања Лукаревска.

Во случајов не се почитувани одредбите од Законот за Управата за јавни приходи и Законот за даночната постапка. Според овие одредби, испраќање на опомена за плаќање на данок е законска обврска и УЈП има право 30 дена по доспеаноста на долгот присилно да го наплати долгот. Но, без опомена не е можно да се изврши присилна наплата. Во случајов се работи за злоупотреба на службената положба и непрофесионално работење.

Истрагата за вработените во УЈП ќе се проширува. Дел од нив веќе се суспендирани од работа, а можен е и отказ од работа и покренување кривична постапка.

„Никој нема да биде привилигиран надвор од законот, ниту даночните обврзници, ни бизнисите, сметководителите, граѓаните, а најмалку вработени во УЈП. Злоупотреба на положбата на даночниот службеник за остварување каква било корист за друго службено лице или за друго правно или физичко лице нема да се толерира и за сите инволвирани ќе бидат отворени постапки“, рече директорката на УЈП.

Обвинителството води и предистражна постaпка, а се комплетира и целокупната документација поврзана со компаниите кои во периодот од 2015 – 2016 година не плаќале данок на добивка.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамките на своите надлежности веќе оформи предмет со кој ќе се истражува постоење на евентуална кривична одговорност. По спроведената истрага во рамките на УЈП и самата институција доколку утврди постоење на елементи на кривични дела е должна да го извести Јавното обвинителство и да поднесе соодветна кривична пријава по која истото ќе постапува“, се вели во известувањето од ОЈО.

Инаку, на листата на должници на УЈП кои управата ги објавува се наоѓаат четири и пол илјади фирми. Меѓу најголемите неплаќачи се триесетина јавни претпријатија меѓу кои и Македонија пат , МЖ Инфраструктура и Македонската радиотелевизија, а од од приватните компании најголем должник на данок е Отекс од Охрид. Покрај јавниот сервис, долг за данок имаат и две приватни телевизии, Алфа и Телевизија Нова.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×