Средба Нуланд-Заев: Власта и опозицијата споделено да гарантираат создавање услови за фер избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Можностите за решавање на политичката криза во земјава биле главната тема и на средбата на  помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Тема на разговорот беше можноста за решавање на политичката криза во земјава, преку споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за практична примена на решенијата за критичните области посочени во извештаите на Европската комисија и Стејт Департментот, како и споделени гаранции меѓу власта и опозицијата за организирање фер и демократски избори во Македонија“, стои во соопштението за средбата што го објави СДСМ.

„Важно за граѓаните на Македонија е враќање на слободата и демократијата, и обезбедување и заштита на човековите права. Во таа насока дејствува СДСМ и инсистира на механизми што тоа ќе го овозможат“, рекол Заев.

На средбата која се случува во рамки на посетата на Нуланд на земјава, била изразена согласност дека се неопходни промени за функционалноста на институциите, на судството, на медиумите, како дел од процесот на промена на партизираниот државен систем.

Заев констатирал дека договорот од 2 јуни предвидува решенија за критичните прашања и оти се потребни итни решенија во интерес на нормализација на земјата, доколку се постигне договор за организација на влада што ќе подготви и спроведе избори.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×