Стартапот Letz доби 100.000 евра од SCV фондот – прва негова инвестиција во Македонија
Објавено на од во hi-tech & business
Решението на Letz e “четбот“ – компјутерска програма поддржана од вештачка интелигенција што им помага на корисниците полесно да си го организираат денот и зголемат продуктивноста
Letz timot

Тимот на Letz

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инвестицискиот фонд South Central Ventures – SCV ја објави својата прва инвестиција во Македонија: се работи за Letz, стартап од Скопје, кој што има канцеларија и во Амстердам и доби 100 илјади евра од фондот. Решението на Letz е т.н. “четбот“ (chatbot – компјутерска програма што симулира конверзација со луѓе) поддржан од вештачка интелигенција кој што им помага на корисниците полесно да си го организираат денот и да заштедат време.

Од SCV објаснуваат дека Letz е атрактивно решение  затоа што симулира интелигентна конверзација со луѓето и ги мотивира да ги споделуваат своите дневни активности и задачи во форма на текст чет, на многу природен начин и ја зголемува нивната продуктивност.

Некои од најголемите технолошки компании во светот ги сметаат четботовите за нешто најголемо од Ајфонот наваму. Исто така, Facebook, ја лансираше бот платформата за Messenger, Microsoft исто така објави своја бот платформа. Според извештајот на Business Insider, апликациите за комуницирање веќе ги надминаа социјалните медиуми според бројот на активни корисници, нивната популарност ќе продолжи да расте, а eMarketer прогнозира дека до 2018 година бројот на chat app корисници ќе достигне две милијарди, што ќе значи 80% од корисниците на смартфони.

Letz ќе ви помага да си го организирате денот

Зад Letz стојат Нино Карас и Мартин Анчевски, млади претприемачи кои што развиваат свои продукти и стартапи од 2011 година. Тие го основаа и Codewell, софтверски стартап познат по апликацијата MarkO, а во 2015 беа дел од акцелераторот Rockstart од Амстердам, кој што исто така ќе обезбеди поддршка за развој на Letz.

Од Letz велат дека нивниот четбот им создава чувство на корисниците како да зборуваат со пријател, кој што е со нив во текот на денот да ги потсети за нивните задачи и обврски или дури и да ги развесели кажувајќи им виц. Целна група се млади професионалци, но и луѓе што не се поврзани со бизнис.

“Пример би било, Letz те буди од сабајле и те потсетува и ти помага да си го испланираш денот. Те потсетува за битни работи преку денот, ти сервира работи кои сакаш да ги правиш во време кога би бил најпродуктивен, како на пример ти ги сервира омилените вести дур се возиш во автобус после работа накај дома.“, изјавија од Letz за порталот www.it.mk.

Татјана Забасу од фондот SCV вели дека веднаш им се допаднала идејата на Letz за конверзациски интерфејс кој што треба да ја зголеми продуктивноста на корисниците, што е предизвик за сите, не само во бизнисот, туку и во секојдневниот живот.

“Нино и Мартин создадоа одличен тим од ентузијасти со многу знаење, и излегоа со решение што се обидува да го реши овој предизвик на природен и забавен начин. Ние ќе им помогнеме да ја искористат популарноста на четботовите и да го искористат потенцијалот на Letz до максимум“, вели Забасу.

Лансирањето на Letz е предвидено за 5 октомври.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×