„Tеророт го погоди срцето на Европа“ – Могерини, Туск и Хан за нападите во Брисел
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Терористички акти, гласи оценката на европските функционери за денешните напади на аеродромот и метро станицата во Брисел.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, истакна дека „денеска е многу тажен ден за Европа“.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги нарече нападите „терористички акт“ и рече дека „ова е уште еден доказ на што сѐ се подготвени терористите во својата омраза и насилство“.

„Фрапиран сум од експлозиите на аеродромот Завантем и во Европскиот кварт во Брисел од утрово, што предизвикаа невини жртви и повредија многу други“, изјави Туск.

Еврокомесарот Јоханес Хан рече дека „теророт го погоди срцето на Европа“.

„Моите мисли се со жртвите и нивините семејства. Да останеме силни, храбри и верни на нашите вредности“, порача Хан на Twitter.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×