Успешен македонски стартап: Grouper.mk досега продаде 500.000 купони!
Објавено на од во Компании

Еден од македонските стартапи Grouper.mk може да се пофали со значаен јубилеј. Основан како прв сајт за групни попусти во Македонија, Grouper.mk успеа да продаде 500.000 купони.

Имајќи во предвид дека Grouper.mk беше првиот кој почна во оваа област, слободно може да се наречат и пионери кои придонесоа за развојот на електронската трговија во Македонија.
Gruper mk

Овие 500.000 купони се купени од 110.000 корисници, а услуги обезбедија над 2.000 соработници на Grouper.
“Беше вистински предизвик да се започне онлајн бизнис во 2011 година кога помалку од 1% од населението купуваше онлајн. Можеби е едноставно да се искористат можностите, но да се прифати ризикот и пречките да се претворат во предности – тоа е вистински претприемачки успех. Направивме револуција во е-трговијата како резултат на напорна работа, знаење и постојано учење, посветеност 24/7, добар тајминг и добар тим и постојано адаптирање на промените” , вели Нина Ангеловска, директор и ко-основач на Grouper.mk.

Најголемо учество или 37% во остварените пола милион продажби имаат зделките за храна и пијалок, додека на второ место се патувањата со 19% кои воедно ја преставуваат и најпосетуваната и најатрактивна категорија на Grouper.mk.

Grouper е основан во 2011 година и во првата година продаде 33.162 купони. Во овој период стартапот имал 20.000 корисници и 296 компании-соработници.
Nina Angelovska“Ние во Grouper постојано иновираме и ги следиме трендовите, а нашите корисници брзо се прилагодуваат и ги ценат бенефитите кои тие ги овозможуваат. Купувањето преку мобилната апликација (Grouper.mk App) е во постојан пораст, а изминатиот месец достигнавме 50.000 инсталации на Android мобилната апликација.Корисниците ги ценат придобивкие кои ги нуди апликацијата како: купување било кога од било каде во движење, непосредно користење на купонот без печатење со едноставно покажување и многу други. Со ова и нашите соработници добиваат бенефит во однос на промоцијата на нивните бизниси“, вели Ангеловска.

Според последните податоци за Информатичко Општество од Државниот завод за статистика во 2015 година веќе повеќе од 15% од населението купувало онлајн.

Во однос на Grouper продажбата, во 2015 година 30% од купувањата биле направени преку мобилен уред, а во првата половина на оваа година веќе 40% од продадените купони се купени преку мобилен уред и тоа најголемиот дел преку мобилната апликација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×