Заев за Призма: Не се создадени услови за фер и демократски избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Јас, и вие како медиум, а и целата македонска јавност знае дека не се создадени услови да имаме фер и демократски избори“, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Призма.

Евентуалниот нов датум за избори (ако се одложи закажаниот – 24 април), Заев не сака да го претпоставува.

„Државната изборна комисија е сега најмеродавната институција која треба да ги направи плановите и пресметките, согласно новиот Изборен законик. ДИК мора да направи совпаѓање на сите фотографии од биометриската документација, за да нема двојни фотографии, поклопување на сите бази на податоци и да ја спроведе теренската проверка на Избирачкиот список и според таа математика да дефинира кога може да го затвори списокот, односно на десет дена пред изборите како што е според закон“, вели Заев, дополнувајќи дека во зависност од ова сите опции се отворени, од април преку јуни, па сè до септември.

Покрај Избирачкиот список, од Договорот од Пржино вели дека е најважно да се исполни и точката за регулацијата на медиумите.

„Треба да има нов и експертски состав на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) на сто дена до изборите, и нов директор, за да очекуваме дека Агенцијата ќе реагира на ширењето омраза, нерамноправната застапеност и на кршењето на професионалните стандарди. Треба да се случат промени на персоналниот состав на МРТВ и на МИА и сето тоа да се реализира не подоцна од 100 дена пред изборите, а тоа е, според првичниот договор, на 15 јануари. Невозможно е тоа да се постигне“, смета претседателот на СДСМ.

Според него, доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан, во контекстот е задоцнето.

„Доаѓањето на комесарот Хан поврзано со точката од Пржино, нов премиер на 15-ти, е задоцнетo. Зошто? Не може Груевски на 15 јануари да даде оставка и истиот ден да се избере нов премиер, тоа се веќе очигледно пробиени рокови. Сепак, од огромна помош е доаѓањето на Хан и очекуваме да се допрецизираат термините за дореализација на задачите од Пржино“ вели Заев.

 Кај Катица Јанева се предадени необјавени снимки и за други криминали, тешки колку „кинеските провизии“

Заев за Призма вели дека во делот на финансиските криминали, постојат снимки со индиции за други скандали што не ги објавил во рамките на проектот „Вистината за Македонија“, и кои сега се кај специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Според моите убедувања постојат и други случаи, големи и скандалозни како кинеските провизии, и како другите крупни афери што ги објавивме.“

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×