Connect with us

македонија

Авионскиот превоз на патници од и до Македонија побрзо закрепнал од пандемијата во однос на копнениот

објавено

на

Во 2019,  како последна „нормална“ година пред пандемијата, бројот на превезени патници во копнен патнички превоз во вториот квартал изнесувал 1,71 милиони, што значи дека годинава бројката е помала за речиси 50% – доказ дека патничкиот сообраќај треба уште доста да закрепнува за да се врати на предпандемиските нивоа.

Во патничкиот копнен превоз во Македонија (автобуси, комбиња, итн.), измерен е поголем број на превезени патници годинава, односно 893 илјади вкупно, што е за речиси 60% повеќе во однос на првиот квартал лани, покажува државната статистика. Ова е разбирливо, со оглед на тоа што лани во односниот период  се уште владееја протоколите за заштита од Ковид и интензитетот на патничкиот сообраќај беше значително намален во однос на нормалниот, иако зголемен во однос на 2020, кога практично беше замрен поради пандемијата.

Во 2019,  како последна „нормална“ година пред пандемијата, бројот на превезени патници во вториот квартал изнесувал 1,71 милиони, што значи дека годинава бројката е помала за речиси 50% – доказ дека патничкиот сообраќај треба уште доста да закрепнува за да се врати на предпандемиските нивоа.

Во воздухопловниот транспорт  на патници, во вториот квартал годинава превезени се без малку 600 илјади патници, што е за 2,5 пати повеќе во однос на истиот период лани. Од Македонија се испратени 290 илјади патници, а пристигнати се 309 илјади патници.

Превозот на патници со авион многу побрзо закрепнал после пандемискиот застој во однос на патничкиот копнен превоз, бидејќи во 2019 година, вкупната бројка на превезени патници во вториот квартал  од и до земјава била 680 илјади, што е за само 13% повеќе од годинава.


Количината на превезени стоки во товарен патен превоз во Македонија во вториот квартал годинава е помала за 3,3% во однос на истиот период лани, и изнесува 20,2 милиони тони, покажува државната статистика. Во однос, пак, на првиот квартал од 20222, количината на превезени стоки поголема за 28,7%. Во однос на минатата година намален е превозот за сопствени потреби за речиси 35%, додека превозот за трети лица со камиони и други возила од патен сообраќај е поголем за 162%.

Ако повторно ја земеме и тука како репер 2019 година, количината на превезени стоки во товарен патен превоз годинава е дури и поголема за 21%, а карактеристично е што и во првата година од пандемијата, количината на превезени стоки во патен превоз не е драстично падната.  Стоките за широка потрошувачка мора да се достапни, народот мора да јаде, пие, одржува хигиена, дали било пандемија или не.

Во железничкиот превоз, количината на превезени стоки е намалена за речиси 30% во однос на вториот квартал лани, а во однос на првиот квартал годинава, за 3,4%. Ова не е ни чудно со оглед на проблемите во јавното претпријатие за железници со загубите, штрајковите, застоите во возниот ред, итн.

Опаѓа и количината на превезена пошта, односно, за 14% споредено со прв квартал лани, и за 15% во однос на првиот квартал.

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност