Connect with us

свет

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

објавено

на

Употребата на литиум во батериите на електричните автомобили ја стави оваа суровина  во центарот на немилосрдната глобална конкуренција додека таа се обидува да ја обезбеди својата иднина, но исто така ги вовлече државите  во трка за зголемување и зачувување на залихите, објави Financial Times.

Побарувачката за електрични автомобили во светот се зголемува, а со тоа и нивните производители се соочуваат со зголемени предизвици во обидот да постигнат најдобри можни резултати на пазар чиј потенцијал е огромен. Она што претставува проблем за започнување на револуцијата на електричните автомобили е обезбедувањето на литиумот потребен за производство до крајот на 2030 година.

Употребата на литиум во батериите на електричните автомобили ја стави оваа суровина  во центарот на немилосрдната глобална конкуренција додека таа се обидува да ја обезбеди својата иднина, но исто така ги вовлече државите  во трка за зголемување и зачувување на залихите, објави Financial Times.

Големите производители на автомобили, од Stellantis до BMW, изминатиов период инвестираа многу во нови стартапи поврзани со литиум.
Ваквите влогови се јасен показател за притисокот со кој се соочува индустријата за време на масовната транзиција кон електрични возила, а бројките го потврдуваат тоа. Минатата недела General Motors објави дека на уште еден  производител на литиум, Livento,  ќе му исплати аванс дури 200 милиони долари за да  обезбеди доволно залихи на литиум за производство.

Кент Мастерс, извршен директор на Albemarle, американска хемиска компанија која е еден од најголемите добавувачи на литиум на производителите на електрични возила, рече дека пазарот ќе продолжи да чувствува голема тензија и покрај сите напори да се ослободи што повеќе метал.

„Таквиот предизвик е систематски во прилично долг временски период. Следните седум до осум години ќе бидат многу напнати за производителите“,  вели  Мастерс.

Цените до плафон

 Прогнозата на Albemarle, компанија со седиште во Шарлот, Северна Каролина, која ги вбројува Tesla и другите големи производители на автомобили меѓу своите клиенти, доаѓа по повеќе од осумкратно зголемување на цените на соединенијата на литиум во споредба со почетокот на 2020 година.

За потсетување, цената на литиумот се стабилизираше блиску до рекордните 70.000 долари по тон достигнати во април, а неговата употреба во батериите е главната причина зошто цената  не паѓа за време на рецесијата, за разлика од многу други производи.

Цена на литиум карбонат што се користи во автомобилските батерии (долари/метрички тон)

Извор: U.S. Geological Survey

Благодарение на огромната побарувачка, Albemarle ја зголеми својата прогноза за заработка три пати оваа година, а компанијата очекува дека ќе може да го зголеми своето производство и да го зголеми прометот побрзо од очекуваното.

По оптимистичките очекувања, секако, доаѓа оправдан сомнеж од страна на некои банки и истражувачки куќи. Аналитичарите на Goldman Sachs укажаа на технолошкиот напредок што може да резултира со поголема понуда во рок од неколку години. Литиумот, клучен материјал во електричните батерии заедно со никелот и кобалтот, може да се извлече и од солена вода, тврди карпи – па дури и од глина.

Значи, прашање на време е кога конкуренцијата ќе намириса на нови можности, бидејќи дефинитивно нема недостиг од побарувачка. Една од технологиите на која некои се обложуваат е директно извлекување на литиум, техника која го отстранува металот од саламурата без да се потпира на испарување.

Сепак, Ерик Норис, претседател на одделот за литиум во Albemarle, рече дека надежите за пораст на понудата во голема мера ја прецениле способноста на производителите да одговорат на растечката побарувачка од производителите на автомобили, објави Financial Times.

„Способноста за реализација на капитални проекти не е широко прифатена. Годинава, компаниите за литиум испорачаа дури 25% помалку производ од ветената количина  поради хронични доцнења и технички тешкотии“, додава Норис.

Интересно е тоа што процесот на ископ на литиум вообичаено трае меѓу шест и 19 години од почетната физибилити студија до производството – најдолгиот процес од која било технологија вклучена во електричните батерии –  според податоците објавени минатиот месец во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA).

Потребни се уште 60 оперативни рудници за литиум до 2030 година за да се исполнат сите планови на националните влади за декарбонизација и електрични возила, соопшти IEA. Недостигот на полупроводнички чипови е водечки предизвик за автомобилската индустрија во изминатите 18 месеци, но се чини дека обезбедувањето на литиум станува се’ поголем проблем.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал