Connect with us

македонија

АЕТМ: Над 100 пријавени е-трговци за ‘Ecommerce Awards’, рокот за пријавување истекува во среда

објавено

на

По објавувањето на номинираните е-трговци ќе следи гласање од јавноста кое ќе трае до 10ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од стручни лица кои се внимателно одбрани за да ги изберат најдобрите е-трговци.

За да ја препознае успешната работа на македонските е-трговци како и да поттикне што повеќе компании да се вклучат во е-трговцијата и да го унапредат своето работење, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ги организира првите награди за е-трговија Ecommerce Awards. Пријавувањето на е-трговците кое е бесплатно веќе започна и ќе трае до 12ти јануари. Од Асоцијацијата за е-трговија велат дека иако пријавувањето е отворено само неколку дена, до сега има голем интерес од страна на е-трговците и на официјалната веб страница на натпреварот има пристигнато голем број на пријави од македонските е-трговци.

“Е-трговијата за време на панедмијата не претставуваше избор туку неопходност – граѓаните мораа да ги зајакнат своите дигитални вештини во услови на забрани за движење со цел да стигнат безбедно до производи и услуги, а компаниите мораа да се адаптираат со цел да компензираат за падот на физичките локации, да стигнат до нови клиенти и да го одржат својот бизнис. Едноставно е-трговијата одигра исклучителна улога. Понудата во е-трговија значајно се зголеми, многу компании отворија е-продавници или се приклучија кон постојни маркетплес платформи со цел да ги пласираат своите производи и услуги онлајн, а голем дел од постојните инвестираа во унапредување на процесите и работењето. Колку што претставуваше можност оваа состојба за е-трговијата, толку претставуваше и предизвик за комапниите кои вложија труд и напори и со тоа придонесова и за унапредување на македонската е-трговија. Структурата на онлајн трансакции значајно се промени во полза на домашните е-трговци. Првите награди во е-трговија ‘Ecommerce Awards’ ќе ги препознаат овие напори на е-трговците, ќе ја промовираат  е-трговијата, а ќе влијаат и на зголемување на конкурентноста меѓу бизнисите за е-трговија. Со големо задоволство го организираме овој натпревар за да ги избереме и наградиме најдобрите кои со својата работа придонесуваат во унапредување на македонската е-трговијата“. – вели д-р Нина Ангеловска, претседател на АЕТМ.

Најдобрите е-трговци ќе се одбираат во 18 категории поделени во три секции: Шампиони во е-трговија, Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање и Најдобри е-продавници по сектори. Помеѓу категориите се: “Најпопуларна е-продавница”, “Е-продавница на годината за облека и обувки”, “Е-продавница на годината за бела техника и електроника”, “Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината” и др., а главната награда е резервирана за категоријата “Е-трговец на годината”.

“По затворање на рокот за пријавување, сите пријави ќе бидат внимателно проверени и оние кои ги исполнуваат условите на натпреварот ќе бидат објавени на 21ви јануари на Листата на номинирани во соодветните категории на официјалната веб страна на ‘Ecommerce Awards’” – изјави Ива Марковска, Проектен менаџер на Ecommerce Awards​ во АЕТМ.

По објавувањето на номинираните е-трговци ќе следи гласање од јавноста кое ќе трае до 10ти февруари, како и гласање од жири комисијата составена од стручни лица кои се внимателно одбрани за да ги изберат најдобрите е-трговци.

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Мастеркард како генерален партнер и од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ како главен поддржувач, а дополнително заинтересираните компании кои сакаат да придонесат во организацијата на оваа иницијатива ќе имаат можност да се вклучат како поддржувачи.

АЕТМ ги поканува сите учесници во македонската е-трговија, да го заземат своето место на првите Ecommerce Awards со нивна пријава на овој линк и да станат дел од традицијата со која онлајн трговијата во нашата држава значително ќе напредува. Повеќе детали за натпреварот може да погледнете на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk/.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал