Connect with us

свет

Ако пукне балонот со недвижности во Кина, ќе се оствари кошмарот на сите економисти

Опасностите за светската економија не завршуваат со војната во Украина

објавено

на

За да се разбере што би значело пукањето на балонот со недвижности за Кина и светот, треба само да се потсетиме на финансиската криза по 2008 година, која започна со пукање на балонот со недвижности во САД. А недвижниот имот во Кина е многу поголем дел од економијата во однос на САД и ЕУ. Не само што потенцијалниот пад на пазарот на недвижности во Кина би имал негативен економски шок врз целиот свет како падот на американскиот пазар на недвижности во минатото, туку би бил потенцијално полош овој пат бидејќи има неколку истовремени ефекти кои веќе водат до рецесија,  што не беше случај во 2008 година.

Пандемија, локдауни, затворање на границите, блокада на Суецкиот канал, повеќекратен раст на логистичките трошоци, раст на цената на храната и енергенсите, „печатење на пари“, “хеликоптерски пари“ и на крајот, како капак на се’, војната во Украина. Ова се главните причини за растот на цените низ целиот свет. Изгледа дека може да им се придружи уште една, потенцијално една од најдеструктивните, а тоа е економското забавување на Кина.

Според проценката на Bloomberg Economics, економијата на Кина поради локдауните и другите проблеми би можела да порасне само 2%, додека американската економија би растела со 2,8%. Тоа би било првпат од 1976 наваму, БДП на САД да порасне повеќе одошто на Кина.

За време на пандемијата се очекуваше дека вкупната економија на Кина ќе стане поголема од вкупната економија на САД веќе во 2028 година. Но, кон крајот на 2021 очекувањето е ревидирано за 2023, а допрва би можело да биде уште повеќе одложено. БДП на САД по глава на жител е преку 60.000 долари, додека БДП пер капита на Кина е околу 12.000 долари, па Кина е се’ уште далеку од САД по тој основ.

Пандемиските 2020 и 2021 година беа релативно безболни за Кина. Првата година, кога Европа и САД имаа остар пад на економиите, Кина оствари раст од 2,3%. Втората година од пандемијата, БДП на Кина порасна за 8,1%, додека ЕУ и САД закрепнуваа, а растеше и извозот на Кина на овие пазари.

Но, иако во добар дел ја предизвика пандемиската криза, Кина ја чекаше соочување со сопствените внатрешни макроекономски проблеми. Секторот на недвижнини, со децении еден од столбовите на кинеското економско чудо, очигледно беше пренадуен, а кон крајот на 2021 се наѕираше можност за пукање на балонот.

За да го „издува“ балонот, чиешто пукање би довело до економски колапс, властите во Пекинг воведоа т.н. три црвени линии коишто инвеститорите во недвижнини мораат да ги исполнат за да може да продолжат да се кредитираат. Истовремено кинеските финансиски регулатори побараа од локалните банки да ги отежнат и пролонгираат процедурите за одобрување на хипотекарни кредити, за да ги дестимулираат купувачите да земаат кредит со коишто би купиле недвижнини.

Уште во декември 2021 година, кредитната агенција Fitch објави дека гигантот за недвижнини Evergrande престанал да ги отплаќа долговите и ѝ  го намали рејтингот на компанијата на статусот  „ограничено неисполнување на обврските“, бидејќи компанијата не го имаше платено долгот на камата за две доспеани обврзници, дури и во периодот на почек од 30 дена. Проценетиот вкупен долг на компанијата беше 300 милијарди долари. Evergrande  допрва треба да ги објави финансиските резултати за минатата година, како и двата други гиганти за недвижнини, Kaisa и Sinic. Изјавите на челниците на Комунистичката партија сугерираат дека државата нема намера да интервенира за спас на фирмите.

Тоа доведе до големи проблеми во работењето на компаниите со недвижнини, од коишто некои пропаднаа, а погодени се и мега-компаниите од типот на Evergrande, Kaisa и Sinic Holdings. Сите три компании беа котирани на берзата во Хонгконг, а откако пазарната вредност драстично им падна, тргувањето беше сопирано неколку пати.

Државата нема да ги спасува гигантите во секторот недвижнини

Уште во декември 2021 година, кредитната агенција Fitch објави дека гигантот за недвижнини Evergrande престанал да ги отплаќа долговите и ѝ  го намали рејтингот на компанијата на статусот  „ограничено неисполнување на обврските“, бидејќи компанијата не го имаше платено долгот на камата за две доспеани обврзници, дури и во периодот на почек од 30 дена. Проценетиот вкупен долг на компанијата беше 300 милијарди долари.

Evergrande  допрва треба да ги објави финансиските резултати за минатата година, како и двата други гиганти за недвижнини, Kaisa и Sinic. Изјавите на челниците на Комунистичката партија сугерираат дека државата нема намера да интервенира за спас на фирмите.

Партијата навести дека нема намера да го спасува Evergrande и нејзиниот основач милијардер, бидејќи тоа би било спротивно на политиката за „заеднички просперитет“ на претседателот Си Џинпинг, која има за цел поправедно распределување на богатството во општеството. Корупцијата и нееднаквоста се се’ поголеми  проблеми во Кина, а политичарите се десетици пати побогати отколку оние на Запад.

Сепак, Пекинг сака да се погрижи проблемите на Evergrande  да не станат системски проблем, што би можело  да ја урне втората по големина светска економија и брзо да се прелее на остатокот од светот. Заради тоа, кинеската централна банка „вбризга“ 188 милијарди долари во кинеската економија во декември со истовремено намалување на стапката на задолжителната резерва на банките.

Познато е дека САД и земјите во ЕУ се високо задолжени економии, но многумина ќе се изненадат што и Кина е исто така многу задолжена. Во 2012 година, јавниот долг на централната влада на Кина изнесуваше ниски 34,4 проценти, а до оваа година се искачи на повеќе од 70 проценти. Ова е многу голем раст, но сепак е релативно пониско ниво на задолженост од централните влади во Европа и САД, а особено во Јапонија.

Но, кога ќе се погледне вкупниот долг на економијата, кој покрај државата ги вклучува и долговите на граѓаните и компаниите (освен финансиските компании), тогаш вкупната задолженост на кинеската економија доаѓа на исто ниво како задолженоста на вкупната економија во САД или ЕУ.

Недвижнините многу поголем удел во БДП во Кина, одошто во САД и Европа

Кина почна силно да се задолжува уште од 2008 година, кога вкупниот долг на државата, домаќинствата и компаниите изнесуваше 140 отсто од БДП. Во исто време, вкупниот долг во САД и ЕУ беше околу 240 отсто од БДП, многу повеќе. Но, се’ до пандемијата, кинеската економија масовно се задолжуваше, во сите сегменти, додека уделот на долгот во економиите на Европа и САД порасна само малку, па дури и стагнираше.

До пандемијата Кина го достигна истото ниво на вкупен долг на стопанството како ЕУ и САД, на околу 240 отсто од БДП. Како и државата, домаќинствата исто така нагло се задолжија, од 20 отсто од БДП во 2008 година на 61 отсто од БДП во 2020 година. Во исто време, во САД, учеството на долгот на граѓаните во БДП падна од 100 отсто во 2008 година на 80 отсто во 2020 година.

Долгот на компаниите (без финансискиот сектор) порасна најмногу, од 95 отсто во 2008 година на 160 отсто во 2020 година. Кинеската економија е повеќе задолжена во апсолутна вредност од економиите на еврозоната. Во првиот квартал од 2022 година, кинеската економија (граѓаните, компаниите и владата) додаде нови 2.500 милијарди долари долг, најмногу од која било економија, бидејќи САД додадоа 1.500 милијарди долари, а еврозоната дури и го намали својот вкупен долг.

На прв поглед вкупниот долг на стопанството и проблемите во кинескиот сектор за недвижности се две посебни теми. Но, недвижностите се многу поважен дел од економијата во Кина отколку во САД и Европа. Во зависност од проценката, кинескиот сектор за недвижности учествува со 17 до 30 отсто од БДП, директно преку градежништвото и продажбата на недвижен имот и индиректно преку поврзаните активности.

Според истражувањето на професорот за јавна политика и економија на Харвард, Кенет Рогоф и економистот на ММФ, Јуанчен Јанг, секторот на недвижности сочинува околу 29 отсто од кинескиот БДП. Во САД уделот е меѓу 15 и 18 отсто, а слично е и во ЕУ.

Огромното мнозинство Кинези поседуваат сопствен имот, повеќе од 90 проценти. Во САД, процентот на сопственост на имот остана практично непроменет од 1960 година и се движи од 63 до 69 проценти. Во некои европски земји е помал отколку во САД, на пример Германија, Швајцарија, Данска, Шведска, Франција, Австрија и Обединетото Кралство.

Тоа значи дека многу поголем дел од богатството на Кинезите лежи во недвижнини, а нето вредноста на домаќинствата првенствено зависи од вредноста на нивниот недвижен имот. Според американскиот бизнис магазин Fortune, уделот на недвижниот имот во богатството на домаќинствата во Кина е 70 отсто, додека во САД е 35 отсто. Јасно е дека секоја нестабилност на пазарот на недвижности и падот на цените многу повеќе ги погодуваат луѓето во Кина.

Огромното мнозинство Кинези поседуваат сопствен имот, повеќе од 90 проценти. Во САД, процентот на сопственост на имот остана практично непроменет од 1960 година и се движи од 63 до 69 проценти. Во некои европски земји е помал отколку во САД, на пример Германија, Швајцарија, Данска, Шведска, Франција, Австрија и Обединетото Кралство. Тоа значи дека многу поголем дел од богатството на Кинезите лежи во недвижнини, а нето вредноста на домаќинствата првенствено зависи од вредноста на нивниот недвижен имот. Според американскиот бизнис магазин Fortune, уделот на недвижниот имот во богатството на домаќинствата во Кина е 70 отсто, додека во САД е 35 отсто. Јасно е дека секоја нестабилност на пазарот на недвижности и падот на цените многу повеќе ги погодуваат луѓето во Кина.

Услови за „совршена бура“

Во мај и април оваа година, цените на недвижностите во 70-те најголеми градови во Кина почнаа да стагнираат, паѓајќи за 0,1 отсто во петтиот месец и 0,2 отсто во четвртиот, се вели во пресметката на Reuters врз основа на официјалните податоци на кинеското Национално биро за статистика.

Поради забавување во секторот за недвижности, кинеските власти ја намалија примарната петгодишна каматна стапка за хипотекарните кредити, што е втор пат од почетокот на годината. Оваа стапка се користи како референтна стапка за хипотекарни заеми.

За да се разбере што би значело пукањето на балонот со недвижности за Кина и светот, треба само да се потсетиме на финансиската криза по 2008 година, која започна со пукање на балонот со недвижности во САД. А недвижниот имот во Кина е многу поголем дел од економијата во однос на САД и ЕУ.

Комунистичката партија на Кина речиси сигурно сфати дека се создава балон со недвижнини, па минатата година почна да го „издувува“ со построги барања за корпорациите за недвижнини како Evergrande, Kaisa и Sinic.

Не само што потенцијалниот пад на пазарот на недвижности во Кина би имал негативен економски шок врз целиот свет како падот на американскиот пазар на недвижности во минатото, туку би бил потенцијално полош овој пат бидејќи има неколку истовремени ефекти кои веќе водат до рецесија,  што не беше случај во 2008 година.

Светската трговија сè уште не е закрепната од двегодишната пандемија, а цената на поморскиот превоз, преку којшто се одвива  најголемиот дел од трговијата, е многу пати повисока отколку во 2019 година. Инфлацијата почна да расте долго пред војната во Украина, меѓу другото и поради т.н. „печатење пари“ и „хеликоптерски пари“, самата војна во Украина доведе до интензивирање на порастот на цените на енергијата (нафта, гас, струја) и храната, а Кина помина добар дел од оваа година во карантин.

Пукањето на балонот со недвижности во Кина дефинитивно би било поттик за „совршена економска бура“, речиси сите земји во светот би имале пад на БДП и зголемување на невработеноста, додека цените би продолжиле да растат, односно инфлацијата, што значи светот ќе влезе во период на стагфлација за прв пат од 70-тите наваму. Тоа е кошмар на макроекономистите бидејќи за него нема едноставен и безболен лек и сите сакаат да го избегнат.

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите