Connect with us

start up

Акцелераторот УКИМ ги промовираше двете инвестиции во решението Листа и во играта SciGirl: The Internship

објавено

на

Акцелераторот УКИМ ги претстави првите паметни инвестиции во решението Листа и во играта SciGirl: The Internship, и очекува да инвестирира уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021

Акцелераторот УКИМ инвестираше во решението Листа на стартапот Брандер Студио и воиграта SciGirl: The Internship на стартапот Синдекс, кои учествуваа во Акцелераторската програма БАУ АПА2021. По тој повод, денеска се одржа панел дискусија на тема: Акцелерација за паметни инвестиции, во организација на Акцелераторот УКИМ, ФИТР и ЕБОР кои во последните години активно работат на развој на македонскиот стартап екосистем и преку постоечките механизми го зајакнуваат капацитетот на заедницата.

Говорници на настанот беа: Никола Клопчевски, раководител на сектор за мониторинг на корисници, Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР), Соња Ингилизова, Аналитичар, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Александар Стамболиев, директор на Акцелератор УКИМ (БАУ), Славе Ангелов, основач на Брандер Студио, креатор на решението Листа и Михајло Штерјов, основач на Синдекс, креатор на играта SciGirl: The Internship.

Акцелераторот УКИМ е пионер во обезбедување на паметни инвестиции во екосистемот за стартапи, преку унапредување на идеите и генерирање на ново знаење, надградување и трансформирање на иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси и инвестииции до €100,000 по стартап компанија.

„ФИТР и Акцелераторот УКИМ се комплементарни со своите активности и многу е важно иноваторите да креираат решенија за постоечки проблем на пазарот“, изјави Никола Клопчевски од ФИТР.

„Мисијата на ЕБРД, покрај директната поддршка на мали и средни претпријатија и стартапи, е и градење на капацитетите на екосистемот преку соработка со акцелераторите и во таа насока соработката со Акцелераторот УКИМ ја сметаме за многу успешна и се надеваме да продолжи и во иднина“, изјави Соња Ингилизова од ЕБОР.

„Комбинацијата на менторска поддршка и доволни финансиски средства за развој на технолошки засновани решенија се клучни фактори за успех на македонските стартапи“, изјави Славе Ангелов од Брандер Студио.

„Водењето на стартап компанија е животен стил и следење на сопствената пасија. Потребно е континуирано споделување на идејата и барање на инвестиции, бидејќи со секоја инвестиција се валидира идејата и се забрзува времето за излез на пазарот“, изјави Михајло Штерјов од Синдекс.

„Акцелераторот УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР ја спроведува Акцелераторската Програма Есен  2021 година (AПA2021), во која се вклучија реномирани локални, регионални и глобални експерти, а четири глобални успешни стартапи ги споделија своите приказни, успеси и неуспеси. Експертите со своето разновидно искуство и знаење обезбедија вредни перспективи за усовршување на учесниците во АПА2021 и ги подготвија за инвестирање и освојување на пазарот. Како резултат на оваа програма, Акцелераторот УКИМ ги претстави првите паметни инвестиции во решението Листа и во играта SciGirl: The Internship, и очекува да инвестирира уште во неколку стартапи од учесниците во АПА2021“, истакна Александар Стамболиев, директор на Акцелератор УКИМ.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор