Connect with us

start up

Акцелераторот УКИМ почна соработка со Microsoft for Startups Founders Hub програмата и ги претстави своите 4 нови инвестиции

Се отвораат нови можности за македонските претприемачи

објавено

на

Акцелераторот УКИМ деновиве објави почеток на соработката со програмата на Microsoft за поддршка на стартапи. Microsoft for Startups Founders Hub (MSFH) е лансирана минатата година, а Акцелераторот УКИМ е првата организација од Македонија која станува партнер на оваа програма, односно компанијата Task&GO којшто е дел од акцелераторот и доби инвестиција од него,  е првиот стартап што ќе ги користи ресурсите на MSFH.

Акцелераторот УКИМ деновиве објави почеток на соработката со програмата на Microsoft за поддршка на стартапи. Microsoft for Startups Founders Hub (MSFH) е лансирана минатата година, а Акцелераторот УКИМ е првата организација од Македонија која станува партнер на оваа програма, односно компанијата Task&GO којшто е дел од акцелераторот и доби инвестиција од него,  е првиот стартап што ќе ги користи ресурсите на MSFH.

“MSFH е платформа смислена да ги помогне амбициите на основачите на стартапите, нудејќи им ресурси и алатки што ќе им помогнат да ги претворат нивните идеи во реалност. За да постигне успех еден стартап, најчесто не е доволна поддршката само од една страна, дали е тоа акцелератор, инкубатор, ангел инвеститор, туку здружени ресурси на повеќе субјекти коишто ќе доведат до крајната цел – пласман на продуктот и негово глобално скалирање. Нам ни е чест што од Microsoft ја препознаа нашата заложба изминативе четири години да го издигнеме македонскиот стартап екосистем на едно повисоко ниво помагајќи им на стартапите во нашата програма да излезат на светскиот  пазар, и што сме први нивни партнери во земјава“, истакна Александар Стамболиев, главен извршен директор на Акцелератор УКИМ, на настанот што се одржа во Скопје како дел од Глобалната недела на претприемништвото (GEW).

Помош за побрз развој на стартапите преку пристап до алатките на Microsoft

Microsoft for Startups Founders Hub е формирана врз основа на фидбекот што го добиле во Microsoft од илјадници  претприемачи низ целиот свет со различен бекграунд и платформата е дизајнирана да помогне во надминување на најчестите предизвици со коишто се соочуваат стартапите. Али Адил, програм менаџер за стартапи во MSFH ја претстави подетално програмата и го објасни нејзините можности.

„Платформата ги елиминира традиционалните бариери со коишто се соочуваат стартапите, како што се критериумите на венчр капитал фондовите или валидација од трета страна, со цел да им помогнеме на сите основачи да бидат успешни без оглед на бекграундот, локацијата или пристапот до финансии. Следејќи го животниот циклус на стартапот, платформата им помага на основачите да го забрзаат развојот преку слободен пристап до нашите алатки, како GitHub и Microsoft Cloud со можност да добиваат и дополнителни ресурси со текот на времето. За да ги адресираме најчестите предизвици на стартапите, ние се здруживме и со иновативни компании како OpenAI, глобален лидер во истражувањето на вештачката интелигенција и нејзината примена, којашто ги развива AI системите GPT-3 и Codex, коишто им овозможуваат на стартапите ексклузивни бенефити и попусти.“, рече Адил.

Тој додаде дека за да се биде основач на стартап не е повеќе пресудно “кого знаеш“. Преку платформата, стартапите може да се поврзат со голем број искусни професионалци од разни индустрии, да добијат пристап до тренинзи и обуки специјално скроени за нивните потреби, како и да иновираат многу побргу со помош на техничко водство од експерти.

„Основачите постојано велат  дека стартап патувањето  е непредвидливо и исполнето со неизвесност. Сакаме да обезбедиме флексибилност за стартапите да работат со Microsoft додека ги обликуваат своите бизниси. Со платформата, стартапите можат да ги градат своите бизниси со сопствено темпо со Microsoft Azure во вредност до 150 илјади долари. Како што се зголемува потребата, основачите можат да отклучат дополнителни кредити со текот на времето. На пример, ако основачот е во фазата ‘Идеја’ и развива прототип, ќе обезбедиме 1.000 долари за една година. Доколку стартапот ги искористи тие кредити за неколку месеци, може да побара повеќе од платформата и ние ќе ги преместиме во фазата „Развој“ со 5.000 долари за една година. Платформата овозможува слободен пристап до моќни алатки за развој и продуктивност, вклучително GitHub, Microsoft 365 и други.“, истакна Адил.

Главниот извршен директор на Акцелератор УКИМ, Александар Стамболиев, ја објави соработката со Microsoft for Startups Founders Hub

Искуства на македонските стартапи дел од Акцелератор УКИМ

Аритон Занев, ко-основач и директор на Task&Go, стартап којшто е дел од програмата на Акцелераторот УКИМ и неодамна доби инвестиција од него, објасни што значи за неговата компанија учеството во акцелераторската програма и можноста да ги користите погодностите на Microsoft for Startups платформата.

„ Task’N’Go е нашата алатка која ја развиваме последниве две години, и нуди автоматизација на веќе постоечки таск и проект менаџмент платформи, чија цел е да го пополни недостатокот помеѓу платформите и нивните корисници. Со нашиот производ, сакаме да ја зголемиме автоматизацијата и продуктивноста во рамки на тимовите, преку збогатување и надградување на постоечките алатки за управување со проекти и задачи. Првата платформа за која производот нуди автоматизација е Microsoft Azure DevOps, платформа која брои 150 милиони корисници низ светот. Во овој момент ја лансираме првата, Basic верзија од Task ‘N Go, каде што нашите корисници ќе имаат можност да работат во повеќе организации, листа на нивните проекти, таскови, вработени, нотификации преку кои можат да менаџираат со работните задачи и многу други функционалности.“, објасни Занев.

Тој додаде и дека учеството во програмата на Акцелераторот УКИМ во голема мера им помогнало да унапредат некои свои способности, особено во делот на маркетинг и продажбата, каде што им фалеле вештини. Средствата од инвестицијата од акцелераторот планираат да ги искористат во најголем дел за развој на останатите верзии на апликацијата, а дел ќе бидат вложени и за продажба и маркетинг.

На настанот денеска се презентираа себеси и уште три стартапи што имаат добиено инвестиција од Акцелератор УКИМ – Viseq, којшто работи во областа на 3D, Virtual Reality и Augmented Reality; Cryptearn којшто нуди можност преку онлајн игри да се заработат криптовалути, како и Common, стартап што развива апликација што ќе им помогне на салоните за убавина и сличните понудувачи на услуги да работат поефикасно поврзувајќи се со своите клиенти. Овие стартапи пред неколку месеци добија по 25.000 долари инвестиција од Акцелератор УКИМ како победници на бизнис маратонот, којшто го сруши Гинисовиот рекорд за најдолга презентација во светот на бизнис идеи пред инвеститори.

економија14 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор