Connect with us

економија

Акциите на Алкалоид и Комерцијална банка добија „ветер во грбот“

Објавени анализи за две македонски компании од угледна европска инвестициска банка

објавено

на

„Приказна за успешен раст од Балканот„ и „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ би биле во слободен превод насловите на двете инвестициски анализи што европската инвестициска банка Wood and Company ги направи за македонските акционерски друштва: Комерцијална банка („A sizeable growth story in the Balkans) и Алкалоид („А rising money spinner, Skopje – style), објавени на 10 и 17 септември, респективно. Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Wood and Company е реномирана финансиска куќа со седиште во Чешка, а со свои канцеларии во повеќе европски земји, специјализирана за следење на пазари во развој, како што се оние од Југоисточна Европа.

„Приказна за успешен раст од Балканот„ и „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ би биле во слободен превод насловите на двете инвестициски анализи што европската инвестициска банка Wood and Company ги направи за македонските акционерски друштва: Комерцијална банка (A sizeable growth story in the Balkans) и Алкалоид (А rising money spinner, Skopje – style), објавени на 10 и 17 септември, респективно.

Заедничко за двете акционерски друштва е што се во мнозинска сопственост на домашни акционери – Комерцијална банка е и најголемата банка во земјава според износот на вкупната актива и околу 22% пазарно учество, додека Алкалоид е најголемиот извозник од редовите на производните компании, а  што не се поседувани од странци.

Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР. Wood and Company е реномирана финансиска куќа со седиште во Чешка, а со свои канцеларии во повеќе европски земји, специјализирана за следење на пазари во развој, како што се оние од Југоисточна Европа. Македонската берза и нејзините котирани друштва пред неколку месеци станаа дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионов (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места, односно, покрај оние за Алкалоид и Комерцијална банка, анализата за НЛБ Банка АД Скопје се очекува да се објави во декември. Сите три компании се составен дел од индексот МБИ10 што го пресметува Македонска берза.

Препораката „купувај“ за акцијата на Комерцијална ѝ ја крена цената

„Банката е лидер на локалниот, речиси олигополски пазар и ние го цениме нејзиниот одличен однос помеѓу трошоците и приходот (cost/income ratio  – C/I), конзервативната структура на нејзиниот биланс на состојба и солидните нивоа на капитална адекватност. Се’ уште гледаме потенцијал за раст на цената на акцијата, особено поткрепено со ликвидноста на билансот на состојба, којашто е доста повисока од просекот на пазарот и може да понуди доста ‘муниција’ за нето каматните маржи и раст на бруто приходите, дури и во време на ниски каматни стапки“, се вели во инвестициската анализа на Wood & Company за Комерцијална банка.

Анализата на Комерцијална банка почнува со препорака КУПУВАЈ и таргет цена од 7.953 денари (цена што берзанските аналитичари сметаат дека може да се постигне во следниот период, н.з.),  што претставува околу 20% раст во однос на цената од околу 6.500 денари по која што акцијата се тргуваше непосредно пред објавата на анализата, на 10 септември. Веќе истиот ден, акцијата порасна на 6.618 денари, а до моментот на завршување на овој текст, 17 септември, цената на акцијата стигна до 7.142 денари што е пораст од речиси 9% или без малку половина од потенцијалот што го проектираат аналитичарите на Wood & Co.

Сепак, треба да се истакне фактот дека акцијата на Комерцијална банка имаше и претходно континуиран раст, некаде од средината на месец јуни, кога од просечна цена од околу 5.500 денари до моментот на објавување на анализата имаше веќе пораснато за 20%. Оваа акција, како и останатите најликвидни акции на Македонската берза, по големиот пад во месец март од преку 30%,  кога настана паниката на светските пазари на капитал поради пандемијата, набрзо го почна закрепнувањето и пополека се приближува до максималната вредност што ја имаше годинава, од околу 7.900 денари, којашто се поклопува всушност и со таргет цената што ѝ ја одреди Wood & Company.

„Банката е лидер на локалниот, речиси олигополски пазар и ние го цениме нејзиниот одличен однос помеѓу трошоците и приходот (cost/income ratio  – C/I), конзервативната структура на нејзиниот биланс на состојба и солидните нивоа на капитална адекватност. Како негативност го истакнуваме ризикот при изложеноста на промените во девизните курсеви, но тоа е така поради структурата на економијата, односно нејзината висока ‘евроизација’. И покрај тоа, банката ја менаџира својата нето FX изложеност прилично добро, усогласувајќи ги нивоата на девизни кредити со оние на девизните депозити. 

Како уште една негативност го наведуваме тоа што финансиското известување ѝ е според локалните сметководствени стандарди. Се’ уште гледаме потенцијал за раст на цената на акцијата, особено поткрепено со ликвидноста на билансот на состојба, којашто е доста повисока од просекот на пазарот и може да понуди доста ‘муниција’ за нето каматните маржи и раст на бруто приходите, дури и во време на ниски каматни стапки.“, се вели во анализата.

Исто така, се истакнува релативно нискиот коефициент кредити/депозити  кај Комерцијална банка од околу 50%, за разлика од пазарниот просек од нешто под 80%, што значи дека банката има сила за поголеми приходи и профити во актуелниве пазарни услови на паѓачки каматни стапки. Аналитичарите истакнуваат и дека конзервативната структура на  билансот  на состојба треба да е отпорен за време на моменталната економска криза предизвикана од пандемијата на Ковид – 19.

„Банката е многу веројатно дека ќе остане добро капитализирана, дури и со очекуваните стапки на раст и исплатите на дивиденди. Банката е позната по одличните дивидендни приноси што изнесуваа повеќе од 10% во последните две исплати. Иако очекуваме дивидендите да се намалат поради економската криза, исплатите не би требало да паднат под 45%. Истовремено, истакнуваме дека прилично конзервативно ги проценуваме очекувањата за дивидендите, така што можно е да има и повисоки исплати.“, велат експертите од Wood & Company.

Зголемувањето на производството и извозот се силна гаранција за стабилноста на акцијата на Алкалоид и нејзин раст на среден рок

„Оваа година компанијата завршува голема инвестиција во проширување за 50%  на производните капацитети за лекови во цврста форма, што очекуваме да донесе 9,5% раст на приходите и 13% раст на профитот до 2023 година. Ова веќе е препознаено од  домашните инвеститори – коишто се 97% од акционерската база – па, затоа, на ова ниво, растот е веќе вкалкулиран во цената  и затоа е нашата препорака ЧУВАЈ.  Сепак, идниот раст и приносите на акцијата оставаат добра можност и за регионалните инвеститори.“, сметаат од Wood & Company за акцијата на Алкалоид.  

Препорака ЧУВАЈ, односно  да се задржи акцијата која е со моментална цена од околу 12.600 денари,  со таргет цена од 13.567 денари, коментираше за акцијата на скопски Алкалоид Wood & Company во својата анализа објавена на 17 септември. Аналитичарите на Wood & Company сметаат дека фармацевтската компанија работи одлично, генерира стабилни приходи и дека купувањето акции од неа е  одлична инвестиција затоа што ќе продолжи да создава профити и во иднина.

Во анализата Алкалоид се  опишува како традиционална фармацевтска компанија од средна големина, производител на брендирани генерички лекови на рецепт, лекови без рецепт, како и на потрошувачки добра (FMCG), „фирма којашто останала во чекор со времето и ја задржала релевантноста на своето производно портфолио, истовремено постојано проширувајќи се во нови области, како и на нови пазари.“

Широкиот асортиман, се вели понатаму во анализата на Wood & Company, ѝ овозможува на компанијата да создава солидни профити и поврат на инвестираниот капитал, како и дивидендна политика привлечна за акционерите.

„Оваа година компанијата завршува голема инвестиција во проширување за 50%  на производните капацитети за лекови во цврста форма, што очекуваме да донесе 9,5% раст на приходите и 13% раст на профитот до 2023 година. Ова веќе е препознаено од  домашните инвеститори – коишто се 97% од акционерската база – па, затоа, на ова ниво, растот е веќе вкалкулиран во цената  и затоа е нашата препорака ЧУВАЈ.  Сепак, идниот раст и приносите на акцијата оставаат добра можност и за регионалните инвеститори.“, сметаат од Wood & Company.  

Понатаму во анализата се посочува дека Алкалоид и покрај постојните големи инвестиции и привлечните исплати на дивиденди кон акционерите, успева да работи со ниски нивоа на задолженост, поради доброто управување со капиталот.

Компанијата историски гледано расте органски, но “раководството не исклучува аквизиции за да го надополни постојното портфолио на производи.“

„Зголемените капацитети ќе му овозможат на Алкалоид не само поголемо производство, туку и пласирање на нови лекови и останати производи од палетата, односно голем раст на продажбите. Најголем дел од растот на продажбите се очекува да биде на домашниот пазар и земјите од регионот на поранешна Југославија, Бугарија, но и во Русија, Украина, итн.
Во изминатите неколку години Алкалоид влегол на повеќе нови пазари, а особено е значаен влезот во В. Британија и Романија, каде што компанијата немала никакви продажби, а сега има постојан раст во изминатите 3-5 години, но и Украина, каде што компанијата ги зголемила продажбите за 50% изминативе пет години.“, се вели во анализата.

Во анализата се потенцира и дека Алкалоид има уште простор за понатамошно зголемување на извозот, со можност за двојно зголемување во Украина, Романија и В. Британија, како и влез на некои нови пазари, како Германија, Полска и Грција, со цел извозот да се зголеми од сегашните 65%, на 75% до 80% од вкупните продажби.

Македонска берза дел од регионалниот  проект на ЕБОР


Инвестициски анализи за 20 компании котирани на берзите во 6 држави од регионот.

Во проектот на ЕБОР учествуваат вкупно 20 компании котирани на берзите во споменатите шест држави според специфични критериуми утврдени од страна на консултантска куќа избрана од ЕБОР, односно Wood and Company во случајов. Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број на акции распространети во јавноста (free float), како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи. Избраните компании потпишаа меморандум за соработка со локалните берзи.

“Недостатокот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и на нашите blue chip компании, дефинитивно претставува еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар. Ова, секако, е поврзано со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од многуте што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании (вклучително и три македонски акционерски друштва),со низа позитивни развојни импликации од тоа за пазарите во целина. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избраните домашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот“истакна Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза при соопштувањето на проектот во месец мај годинава.

 “Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финансирање е позначајно од кога било“истакна Ханес Такаш, вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР.

Програмата е финансирана од TaiwanBusiness EBRD Technical Cooperation Fund и не подразбира дополнителни финансиски трошоци за компаниите. Проектот ќе трае две години, до 2022 година, и ќе обезбеди бесплатни, јавно достапни инвестициски анализи за споменатите компании. Анализите ќе се објавуваат на специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје (https://listed-sme.com/en-GB).

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија19 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор