Connect with us

македонија

Акции од ЕСМ и МЕПСО за сите граѓани ветува СДСМ во својата програма

Приватизација на најголемите државни енергетски компании

објавено

на

Распределба на висок процент од акциите на двете најголеми енергетски компании во државна сопственост на македонските граѓани планира СДСМ доколку ја задржи власта во наредните четири години. Во 2025 година оваа мерка е планирана за ЕСМ, а до 2028 планот е и за МЕПСО. Од владејачката партија уверуваат дека тоа прво ќе ја зголеми транспарентноста, второ ќе се зголеми ефикасноста, трето граѓаните ќе добијат капитал, четврто, граѓаните ќе добијат пасивен приход во форма на дивиденда и на крајот на денот граѓаните ќе одлучуваат за тоа каква ќе биде иднината на тие компании.

Граѓаните да станат директни и реални сопственици на државните енергетски компании ЕСМ и МЕПСО и сами да одлучуваат за нивната контрола и менаџирање, е една од точките во изборната програма на СДСМ за претстојните парламентарни избори, во делот за енергетика.

„Со цел да овозможиме максимална контрола и директно учество на сите граѓани во управувањето на државните енергетски компании, планираме висок процент од вкупниот број издадени акции на државните енергетски компании да се поделат еднакво на сите граѓани на нашата држава, а остатокот да останат под контрола на државата, во некој извесен период, сè додека граѓаните не воспостават директна контрола на самите компании.“, се вели во програмата на СДСМ.

Оттаму велат дека со ова, но и преку јасни и прецизни механизми ќе овозможат сите граѓани да можат да имаат секојдневен увид во работењето на овие компании, но и да имаат директно влијание при изборот на менаџментот и негова контрола. Притоа, доколку овие компании на крајот од годината остварат добивка (а доколку граѓаните имаат секојдневна контрола и увид на работењето, притисокот за остварување добивка и домаќинско работење ќе биде голем), таа ќе биде поделена на сите акционери, односно на сите граѓани на нашата држава. Досега таа добивка беше алоцирана или за работењето на самата компанија или, пак, беше префрлана во буџетот на државата и граѓаните имаа минимални придобивки од неа.

Во 2025 година е планирано оваа мерка да се имплементира во АД ЕСМ, најголемата енергетска компанија во државата. Согласно со извештаите, основната главнина на Друштвото е поделена на 31.738.878 обични акции, со номинална вредност од 1 000 денари (илјада) денари по акција.

„Планот е одреден процент на акции да се поделат на сите граѓани на нашата држава што се родени до определен консензуално определен термин. Притоа, согласно со податоците од последниот попис, секој граѓанин би добил по околу 8 акции.“, велат од СДСМ.

Дел од експертите што ги консултиравме околу идејата на актуелната владејачка партија за приватизација на ЕСМ, а потоа и МЕПСО,  велат дека во принцип таа е добра, затоа што овозможува некаква правичност при приватизацијата на двете големи енергетски компании што се сѐ уште во државна сопственост, односно можност граѓаните да добијат удел во капацитети што “граѓаните своевремено ги изградиле“. Исто така, би се разиграл пазарот на капитал, односно Македонската берза, каде што би се тргувало со овие акции, чијашто цена би пораснала во однос на номиналната доколку компаниите добро работат, остваруваат добивка и делат дивиденда.

Ова значи дека едно четиричлено семејство би се стекнало со 32 акции, со номинална вредност од по 1 000 денари, или вкупно 32 000 денари (кои со самото котирање на Македонската берза за акции се очекува да достигнат многу повисока цена), со кои може самостојно да управува и за кои треба да добива годишна дивиденда. Во периодот до 2028 година, планот е истото тоа да се реализира и со акциите на АД МЕПСО.

Иако, што се однесува за оваа компанија, само пред неколку месеци министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата нема интерес да го приватизира МЕПСО, ниту дел од МЕПСО. Одговарајќи на новинарски прашања дали се водени некакви разговори за продажба на МЕПСО на грчката ИПТО, тој одговори дека нема никаква понуда од нивна страна, и дека во делот на енергетската инфраструктура државата прави напори електроенергетскиот преносен оператор да остане на државата затоа што е стратешка компанија.

Повеќе дилеми и прашања

Дел од експертите што ги консултиравме околу оваа идеја на актуелната владејачка партија велат дека во принцип таа е добра, затоа што овозможува некаква правичност при приватизацијата на двете големи енергетски компании што се сѐ уште во државна сопственост, односно можност граѓаните да добијат удел во капацитети што “граѓаните своевремено ги изградиле“. Исто така, би се разиграл пазарот на капитал, односно Македонската берза, каде што би се тргувало со овие акции, чијашто цена би пораснала во однос на номиналната доколку компаниите добро работат, остваруваат добивка и делат дивиденда.

Меѓутоа, остануваат повеќе дилеми и  предизвици за тоа како ќе се изведе целиот процес, со оглед дека има одредени аспекти што треба да се разгледаат внимателно.

Како што пишуваше Независен деновиве, прво, вредноста на ЕСМ на пример,  можеби ќе треба да биде предмет на ревизија, со оглед дека капацитетите со кои што располага се прилично стари и според законската регулатива, се амортизирани. Од друга страна, прашање е дали соодветно се евидентирале зафатите кои што во меѓувреме се преземале за осовременување на електраните, па оттаму, вистинската слика за ЕСМ треба да ја дадат независни ревизори. Инаку, ако се земе предвид дека Владата во изминатите две–три години издвои значителни средства од Буџетот за субвенционирање на цената на електричната енергија, а кои се во износ од над 400 милиони евра, излегува дека во овој период, сме „изеле“ цело едно ЕСМ, без да се добие некоја додадена вредност.

Второ, клучниот момент кој што го потенцираат финансиските аналитичари, е дали ЕСМ ќе котира на Берзата преку иницијална јавна понуда (IPO) или пак, владата ќе се реши само да ги распредели акциите, кои потоа би се продавале преку еден од берзанските сегменти.

Овој момент е исклучително важен, бидејќи, како што потенцираат експертите, котацијата сама по себе повлекува прифаќање на берзанските правила, како на пример објавување редовни извештаи за работењето на акционерското друштво, за приходите, трошоците,  итн.

„Котираните компании се обврзани да објавуваат квартални извештаи за работењето, па доколку намерата акционерското друштво да се направи транспарентно, тоа би бил вистински потег, бидејќи на таков начин јавноста и акционерите ќе имаат увид во вистинската ‘крвна слика’ на компанијата“, велат експертите за Независен. За самата Берза, велат познавачите, ЕСМ би била одлична компанија, бидејќи станува збор за голема инфраструктурна компанија од исклучително интересен сектор каков што е енергетиката. Тие потсетуваат дека слични политички одлуки се носеле и во други држави, како, на пример, во Хрватска со приватизацијата на Хрватскиот телеком или со ИНА.

Едно од прашања кои што се наметнуваат е како граѓаните ќе се однесуваат како акционери, односно сопственици, а како истите тие како потрошувачи. Како сопственици, нормално, ќе бидат заинтересирани да остваруваат што поголема добивка, а како потрошувачи, да плаќаат што помалку за сметките. Ова го наметнува и прашањето за регулирање на цената на струјата, но како што велат аналитичарите, ЕСМ не е предмет на регулација, а од друга страна и ЕВН како дистрибутивна компанија е во приватна сопственост, но тоа не го попречува регулаторот да ја спроведува својата обврска, според јасно утврдени правила и механизми.

Од друга страна, треба да се има предвид дека вакво какво што е сега ЕСМ, со електрани изградени пред три- четири или повеќе децении, ќе биде исправено пред големи предизвици.
„За да се смета на добивка, компанијата ќе треба да го зголеми производството и истовремено да ги намали трошоците“, велат соговорниците.

Планот на СДСМ е одреден процент на акции да се поделат на сите граѓани на Македонија  што се родени до определен консензуално определен термин. Притоа, согласно со податоците од последниот попис, секој граѓанин би добил по околу 8 акции. Ова значи дека едно четиричлено семејство би се стекнало со 32 акции, со номинална вредност од по 1 000 денари, или вкупно 32 000 денари – кои со самото котирање на Македонската берза за акции се очекува да достигнат многу повисока цена –  со кои може самостојно да управува и за кои треба да добива годишна дивиденда.

Ковачевски: Ќе се зголеми транспарентноста и ефикасноста, а граѓаните ќе добијат капитал и можност за пасивни приходи

Од СДСМ веруваат дека на овој начин, граѓаните ќе може да влијаат врз управувањето на компанијата, но и да добиваат годишна дивиденда, доколку ЕСМ работи со добивка.

Оваа мерка беше најавена на предизборните митинзи на партијата, а за неа зборуваше и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, кој на Сител рече дека една од грижите кои што ги имаат граѓаните и која што и него го загрижува е работењето на овие државни компании, нивото на нивната ниска транспарентност и нивната ниска ефикасност.

„Затоа сметаме дека граѓаните треба да бидат дел од управувањето со овие компании и тоа по јасни берзански правила. И затоа предвидуваме 49 проценти од компаниите, прво ќе започне со ЕСМ, да бидат доделени на сите полнолетни граѓани на Северна Македонија, значи зборуваме за најмалку 1,3 милиони граѓани, кои што ќе добијат акции во ЕСМ и подоцна во другите државни компании“, рече Ковачевски.

„Во изминатите децении бевме сведоци на лошо менаџирање со енергетските компании, акционерски друштва во сопственост на државата. Со цел да овозможиме максимална контрола и директно учество на сите граѓани во управувањето на државните енергетски компании, планираме висок процент од вкупниот број издадени акции на државните енергетски компании да се поделат еднакво на сите граѓани на нашата држава, а остатокот да останат под контрола на државата, во некој извесен период, сè додека граѓаните не воспостават директна контрола на самите компании.“, вели претседателот на СДСМ и до неодамна премиер Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека акциите ќе се делат според модел кој ќе овозможи со нив да се тргува на Берза и врз основа на берзанските правила граѓаните ќе имаат можност да учествуваат во управувањето на компаниите.

„Со тоа прво ќе се зголеми транспарентноста, второ ќе се зголеми ефикасноста, трето граѓаните ќе добијат капитал, четврто, граѓаните ќе добијат пасивен приход во форма на дивиденда и на крајот на денот граѓаните ќе одлучуваат за тоа каква ќе биде иднината на тие компании“, рече Ковачевски.

Берзански експерти, пак, велат дека ако се остави на страна политичкиот момент, гледано чисто пазарно, идејата е повеќе од добра и ќе придонесе за раздвижување на пазарот на капитал.

„Самиот факт дека би имало 1,3 милиони акционери, е потврда дека ќе дојде до тргување барем на дел од тие акции преку Берзата“, велат тие.

Опозиција: Каде ќе одат 51% од акциите?

Бранимир Јовановиќ, поранешен советник во Министерството за финансии во периодот на првата Влада на СДСМ после изборите 2016 година,  кој сега работи во Виенскиот институт за меѓународни економски студии каде што го покрива Балканот, предлогот нас СДСМ за доделување акции од ЕСМ на граѓаните е прикриен начин оваа компанија да се продаде на олигарсите. Во изјава за Независен, тој вели дека многу подобро би било на чело на компанијата да се назначи професионален директор кој без партиски притисоци од страна, брзо би го направил ЕСМ највредната македонска компанија.

„За мене, ова е Приватизација 2.0. Пред 30 години, во транзицијата, се направи нешто вакво, и добро знаеме кој е резултатот – добрите фирми завршија во рацете на мал број моќници блиски до власта, кои ги откупија сите акции. Не гледам зошто не би се случило истото и сега, знаејќи ја атрактивноста на енергетиката. Така што, јас ова го гледам како прикриен начин ЕСМ да се продаде на олигарсите“, вели Јовановиќ.

„Ако СДСМ навистина се грижи за доброто работење на ЕСМ, сѐ што треба да направат е да постават професионален директор, и да го остават да ја води компанијата како што смета дека треба. Без партиски притисоци, вработувања и тендери. И ЕСМ за многу кратко време ќе стане највредната и најдобрата македонска компанија“, додава тој.

Јовановиќ посочува дека ваква стратегија на претворање на атрактивна фирма во загубар, со цел истата потоа да се приватизира, е добро позната во економската литература. Пост-социјалистичката историја на цела Источна Европа е историја на вакви приватизации. Тие ги створија олигарсите во цела Источна Европа, од Русија и Украина, па сѐ до кај нас, смета тој.

„Единствената работа што не можам да ја сфатам во целава приказна е – како СДСМ воопшто излегува со вакво изборно ветување? Зарем стварно мислат дека граѓаните заборавиле на 1990-тите и на сѐ што се случуваше тогаш, кога исто така на власт беше СДСМ? Или пак сакаат да им се додворат на олигарсите за да ја добијат нивната поддршка за изборите?“, прашува Јовановиќ.

За политичките соперници на СДСМ, овој предлог е „шарена лага“.

Бомбастичната најава на СДСМ дека секој полнолетен граѓанин на Македонија ќе добие по 8.000 денари во акции од ЕСМ Социјалистичката партија на Македонија ја оцени како „шарена лага“ за да привлече гласачи. „За глупавото ветување да биде поголемо и да не се открие перфидната измама што ја смислиле, не го открива сопственикот на 51 отсто од акциите“, реагираа од Социјалистичката партија додавајќи дека СДСМ најавува дека „граѓаните ќе добиваат дивиденда од компании кои сега работат со загуби“.

Инаку, СДСМ во програмата во делот на енергетиката најавува и крај за како што вели „енергетски споменици и музеи“. Со ова ќе се стави крај на нови фосилни технологии.

„Имајќи ги предвид домашните и европските искуства во однос на постојните начини и технологии, логично е запирање на надминати технологии и начини на производство на енергија, кои станале неодржливи“, се вели во програмата на партијата „За европска иднина 2024“. Во неа се предвидува забрана за изградба на нови гринфилд мали хидроелектрани, освен како додаток на постојни објекти (водоводи, системи за наводнување и сл.), како и мораториум на изградба на какви било електрани на фосилни горива освен на природен гас и водород, но и мораториум на издавање дозволи за експлоатација на фосилни горива.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%