Connect with us

регион

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

објавено

на

На вчерашното 48-мо Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го усвоија предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,50 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%.

На 48-то Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите го поддржаа предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за исплата на дивиденда од 2,50 ЕУР бруто по акција. Го разгледаа Годишниот извештај за 2022-ра година, го потврдија и одобрија работењето на Надзорниот одбор и Управниот одбор за 2022-ра година и назначија двајца нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.

На денешното 48-мо Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, акционерите го усвоија предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор, за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,50 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на Групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%. Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите, кои ќе бидат регистрирани во книгата на акционери на друштвото во вторник, 20-ти јуни, 2023-та година (првиот ден на тргувањето без право на исплата на дивиденди е понеделник, 19-ти јуни, 2023-та година). Андреј Слапар, Претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Им благодарам на акционерите за нивната доверба. Што се однесува до исплатата на дивиденди, задоволни сме што по годините обележани со последиците од пандемијата, повторно можеме да ја спроведеме дивидендната политика на начинот на кој што ја зацртавме. Ова значи дека нејзиното спроведување е одржливо во поглед на растот, развојот и финансиската стабилност на Групацијата Триглав, и воедно е атрактивна за нашите акционери.

Акционерите го разгледаа Годишниот извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2022-ра година и го потврдија и одобрија работењето на Управниот одбор и на Надзорниот одбор за 2022-ра година. Тим Умбергер и Моника Крамер Манхем беа назначени за нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.

На Годишното собрание на акционери беше одобрен извештајот за надоместоци на Заваровалница Триглав за 2022-ра година, додека, пак, предлог одлуката за политиката за надоместоци на Заваровалница Триглав не беше усвоена. Политиката за надоместоци се применува во Заваровалница Триглав и е во согласност со законските регулативи, но не е целосно усогласена со овогодинешната верзија на препораките на акционерите на SDH, објавени по свикувањето на Годишното собрание на акционери на Заваровалница Триглав. Препораките ќе бидат разгледани до следното редовно Собрание на акционери на Заваровалница Триглав. 

Заваровалница Триглав е матичната компанија на Групацијата Триглав којашто во Македонија има три свои компании: Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав Пензиско друштво.

ПР текст

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас