Connect with us

економија

Акциските фондови со пораст од 57% и покрај хаосот на светските берзи

Домашните инвестициски фондови ја зголемиле вредноста за 21% за една година

објавено

на

Вредноста на портфолиото со акции во кои инвестирале акциските фондови од крајот на првиот квартал 2021 година, до крајот на првиот квартал 2022 година бележи континуиран пораст. Имено, и покрај волатилноста на цените на финансиските инструменти во кои вложуваат овие фондови, вредноста на акциското портфолио на крајот на првиот квартал од 2022 година е за 56,98% повисока од истата вредност на крајот на првиот квартал од 2021 година, односно 2,74% повисока кога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2022 година со крајот на 2021 година.

Инвестициските фондови во Македонија  забележале раст на вредноста во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност.  Нето вредноста на средствата на инвестициските фондови со кои управувале  друштвата на крајот на првиот квартал од 2022 година изнесува 11.517,43 милиони денари, што во однос на нето вредноста на крајот од првиот квартал од 2021 година претставува зголемување од 21,23%.

Споредбено со последниот квартал од 2021 година, во првиот квартал од 2022 година зголемувањето на вкупната нето вредност е незначително и изнесува 0,51% ( 58,11 милиони денари ≈944 илјади евра) и се должи пред се на зголемувањето на вкупната нето вредност на инвестициските фондови под управување на КБ Публикум инвест за 3,78%, додека кај останатите друштва имаме намалување на нето вредноста во распон од 0,67 до 3,87%.

Од друга страна нагорно поместување од 21,23% (2,02 милијарди денари, односно ≈32,79 милиони евра) на вкупната нето вредност на средствата на инвестициските фондови имаме на крајот на првиот квартал 2022 година во однос на првиот квартал 2021 година, кое се должи на зголемување на вкупната нето вредноста на инвестициските фондови кај ДУИФ Генерали Инвестментс за 7,18%, кај КБ Публикум Инвест за 18,22%, и 44,25% кај ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент. Кај Иново Статус споредбено за истиот период имаме намалување на нето вредноста на инвестицискиот фонд со кој управува за 1,85%.

Кој е кој на пазарот

Поединечните друштва, на крајот од првиот квартал од 2022 година, со минимални отстапки, го задржуваат истото учество во вкупната нето вредност на сите отворени фондови, во однос на претходниот квартал односно Q4  од 2021 година. Имено, со најголем процент (48,25%) од нето вредноста на отворените инвестициски фондови повторно управува ДУИФ КБ Публикум Инвест, а најмало учество со 0,55% во нето вредноста на средствата под управување во текот на истиот период има ДУИФ Иново Статус.  Во однос на крајот од првиот квартал од 2021 година само ДУИФ ВФП Фонд Менаџмент го зголемило своето учество за 4,72%, за сметка на намалувањето на учеството на другите друштва за управување.

Најголем пораст на нето вредноста на средствата на ниво на поединечни инвестициски фондови, кога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2022 година и крајот на последниот квартал од 2021 година (квартална промена), бележат отворените фондови Генерали Топ Брендови, КБ Публикум Златен фонд и КБ Публикум Паричен.

Нето вредноста на средствата на отворените инвестициски фондови на крајот на првиот квартал од 2022 година во споредба со крајот на првиот квартал од 2021 година (годишна промена) е зголемена кај повеќето инвестициски фондови, при што импресивен раст бележат отворените фондови ВФП Дивиденда, Генерали Топ Брендови, ВФП Премиум инвест од 475,26%, 58,12% и 47,77% соодветно.

Во истиот период најголем пад има кај отворениот инвестициски фонд КБ Публикум Обврзници, Генерали Глобал Растечки пазари и Генерали Кеш фонд од 35,11%, 22,12% и 13,5% соодветно.  Месечната динамика на нето вредноста на обврзничките фондови е променлива имајќи го предвид влијанието на воениот конфликт во Украина и нетргувањето на одредени обврзници издадени од Руската Федерација, поради што дојде до повлекување на средства од овие фондови од страна на инвеститорите.

Во однос на процентуалното учество на видовите фондови во вкупната нето вредност во првиот квартал од 2022 година, структурата останува непроменета во континуитет. Имено, паричните фондови и понатаму ја задржуваат доминантната позиција со учество на крајот на првиот квартал од 2022 година со 48,3%, акциските фондови со 47,62%, додека обврзничките фондови учествуваат со 4,08% во вкупната нето вредност.

Паричните фондови ја задржуваат позицијата и кога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2022 година со крајот од првиот квартал од 2021 година,  меѓутоа нивното учество во тој период е намалено за 8,3 %, за сметка на зголемување на учеството на акциските фондови за 10,36% , што покажува дека интересот на инвеститорите за вложување во другите видови на фондови, особено во акциските, се зголемува. Процентот на учество на обврзничките фондови споредбено Q1 2021 година со Q1 2022  е намалено за 2 процентни поени.

Банки, ИТ и здравство најпривлечни сектори за фондовите

Зголемувањето на нето вредноста на средствата со кои управуваат друштвата на крајот на првиот квартал од 2022 година, споредено со претходниот квартал, се должи пред се на пораст на средствата под управување на акциските фондови за 2,13%.

Нето вредноста на паричните фондови за истиот период се зголемила за 1,52%, додека на обврзничките фондови се намалила за 23,29% пред се како резултат на намалување на средствата под управување на КБ Публикум Обврзници.  Акциските фондови бележат најголем пораст на нето вредноста на средствата (54,96%) при споредба со крајот на првиот квартал од 2021 година, додека  нето вредноста на паричните се зголемила за 3,47% , а на обврзничките фондови се намалила за 19,60%.

Вредноста на портфолиото со акции во кои инвестирале акциските фондови од крајот на првиот квартал 2021 година, до крајот на првиот квартал 2022 година бележи континуиран пораст. Имено, и покрај волатилноста на цените на финансиските инструменти во кои вложуваат овие фондови, вредноста на акциското портфолио на крајот на првиот квартал од 2022 година е за 56,98% повисока од истата вредност на крајот на првиот квартал од 2021 година, односно 2,74% повисока кога ќе се споредат крајот на првиот квартал од 2022 година со крајот на 2021 година.  Набљудувано по структура на дејности, највисоко учество на вложени средства на крајот на првиот квартал од 2022 година е забележано во три клучни сектори: финансиски услуги (20,63%), здравство (15,98%) и информатичка технологија (13,28%).

Од аспект на географската структура на вложувањата на инвестициските фондови, во континуитет доминираат вложувањата во Македонија, кои на крајот на извештајниот период изнесуваат 7.371 милиони денари, што претставува учество од 62,54%. Во земјите кои припаѓаат на европскиот континент, инвестициските фондови на крајот од истиот период вложиле околу 23,05% од вкупно собраните средства. Помал дел од вложувањата се насочени кон САД (10,87%), додека средствата вложени во останатите региони имаат незначително учество во вложувањата на инвестициските фондови од географски аспект.

Релативно ниската променливост на географската структура на вложувањата претставува директна рефлексија на вложувањата на фондовите во депозити кои согласно законот може да бидат пласирани само во домашни банки.

Во текот на првиот квартал од 2022 година, во инвестициските фондови се уплатени вкупно 5.111,96 милиони денари, а се одлеани 4.839,06 милиони денари, креирајќи позитивна нето разлика од 272,90 милиони денари, односно ≈4,44 милиони евра. Добрата нето разлика помеѓу приливите и одливите на средствата во месец јануари и март е доволна да го неутрализира малиот негативен нето прилив од месец февруари и да креира поголем позитивен нето прилив на квартално ниво.

Најголем процент од приливите во првиот квартал се од домашните банки, на кои отпаѓа 37,17%, по што следуваат други домашни други финансиски институции со 35,45% и други домашни нефинансиски правни лица со 15,46%.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас