интервју
Алвин Аличевиќ: И во исклучително тешки услови имавме успешна година
Алвин Аличевиќ, член на УО на Шпаркасе Банка Македонија

„Банката е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на услугите кои ги нуди, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на работењето, а како резултат на тоа, и зголемување на профитот на Банката и повратот на капитал за нашите акционери. Сумирајќи ги остварените резултати, со гордост можеме да кажеме дека Шпаркасе Банка, во многу тешки услови, имаше успешна година. Тој успех го должиме на нашите вработени кои брзо се прилагодија на новонастанатата ситуација и одговорија на сите потреби на нашите клиенти. Тоа беа и воедно нашите најголеми предизвици во изминатата година.“

Од 2017-та година наваму, Банката оствари раст на кредитите од 48,3%, додека нефункционалните кредити се во постојан пад во релативен и апсолутен износ. Пазарното учество на Банката за истиот период порасна од 4,2% на 5,2%. Во изминатите три години посветивме внимание на управувањето со трошоците и успеавме да постигнеме намалување на C/I индикаторот од околу 15% (од 74,4% во 2017 на 59,7% во 2020). Нето профитот по оданочување на Банката е неколкукратно поголем во 2020 во однос на 2017 година.
Г-дин Алвин Аличевиќ е последниве три години член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, надлежен за следење и раководење на повеќе сектори кои ја вклучуваат заднинската работа на Банката (процесирање), управувањето со ризици, стратегиски ризик, организација и ИТ, правната служба, координација на контрола на усогласеност со прописи во работењето на Банката, вклучително и спречување перење пари, како и активности во делокругот на управувањето со ризици кај заднинските активности (middle и back office) како и управување со средствата и обврските на Банката. Разговаравме со него околу позицијата на банката на македонскиот пазар по исклучително тешката година за целата економија, перформансите во време на пандемија, како и плановите за идниот раст и развој, сега откако се комплетира аквизицијата на Охридска банка.
Г. Аличевиќ, после вашето тригодишно искуство на позицијата член на УО одговорен за неколку области, како би ја оцениле позицијата на Шпаркасе Банка Македонија во моментов од аспект на пазарен удел, кредитно портфолио, биланси…
Шпаркасе Банка Македонија од година на година се’ повеќе ја зајакнува својата позиција на пазарот. Самите податоци за досегашното работење потврдуваат дека Банката е сериозен конкурент на пазарот. Широката понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој и финансирање, како на физички, така и на правни лица, и самата ориентација на Банката, која ги става потребите на клиентот во самиот фокус на работењето, доведе до етаблирање на Шпаркасе Банка Македонија како банка од доверба и многу почитувана финансиска институција во Северна Македонија. Нашето работење е насочено кон тоа да станеме силен партнер не само за нашите клиенти, туку и за заедниците каде што делуваме и работиме. Сето погоре наведено доведе до тоа клиентите да градат долгорочен однос и да бидат лојални на нашата Банка.
Така, од 2017-та година наваму, Банката оствари раст на кредитите од 48,3%, додека нефункционалните кредити се во постојан пад во релативен и апсолутен износ. Пазарното учество на Банката за истиот период порасна од 4,2% на 5,2%. Во изминатите три години посветивме внимание на управувањето со трошоците и успеавме да постигнеме намалување на C/I индикаторот од околу 15% (од 74,4% во 2017 на 59,7% во 2020). Нето профитот по оданочување на Банката е неколкукратно поголем во 2020 во однос на 2017 година. Оперативната добивка, како една од клучните индикатори за следење на успешноста на Банката, бележи раст од 108% споредувајќи ја 2020 во однос на 2017 година.
Изминатите неколку години беа многу успешни за нашата Банка, пред се’ поради посветеноста и грижата на нашите вработени за клиентите, нивниот фокус на потребите на клиентите и креирање понуда на иновативни производи со зголемена функционалност, и секако благодарение на лојалноста на нашите постоечки клиенти и зголемениот број на новите клиенти кои го препознаа нашиот бренд на пазарот.
Како Шпаркасе Банка Македонија ја преброди тешката 2020 година, година во знак на корона – кризата? Кои беа најголемите предизвици за работењето на Банката?
Минатата 2020-та година беше навистина тешка година, како за физичките, така и за правните лица, па во ваква ситуација на намалување на општата доверба во економијата и непредвидливоста на состојбата во државата, нашата Банка растеше во овој сегмент со поголема стапка од пазарот. Ова повторно укажува на довербата на клиентите и во тешки времиња, како и на одличната работа на Банката во утврдување и управување со ризиците на работењето. Дополнително, Банката остварува постојан раст на вкупните средства и на пазарното учество на истите. Што се однесува на соодносот на кредитното во однос на депозитното портфолио, L/D индикаторот на Банката е постојано стабилен.
Банката е насочена кон континуирано зголемување на квалитетот на услугите кои ги нуди, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на работењето, а како резултат на тоа, и зголемување на профитот на Банката и повратот на капитал за нашите акционери. Сумирајќи ги остварените резултати, со гордост можеме да кажеме дека Шпаркасе Банка, во многу тешки услови, имаше успешна година. Тој успех го должиме на нашите вработени кои брзо се прилагодија на новонастанатата ситуација и одговорија на сите потреби на нашите клиенти. Тоа беа и воедно нашите најголеми предизвици во изминатата година.
Каква е состојбата во Шпаркасе Банка Македонија во делот на нефункционалните пласмани, дали корона – кризата ги влоши овие позиции и постои ли причина за загриженост? Колкав дел од вашите кредитокорисници ја искористија можноста за одложување на обврските што во два наврати беше овозможено во банкарскиот сектор?
Во поглед на нефункционалните кредити, Шпаркасе Банка може да се пофали со историски најниско ниво на нефункционални пласмани од 1,9% од вкупното портфолио, дури и во кризна година како оваа. Тоа пред се’ се должи на постигнатиот квалитет на портфолиото, стандардите за одобрување и постојан мониторинг на клиентите и успешноста на наплатата во изминатиот период. Во 2020, Шпаркасе Банка, како и целокупната економија се соочи со предизвикот на корона кризата. Шпаркасе Банка во најкус можен рок одговори на предизвикот со соодветни мерки за одложување на обврските на клиентите во два наврати. Во првото одложување на обврските кај физичките лица, понудата за одложување на обврските ја прифатија околу 50% од вкупното портфолио, додека кај правните лица Банката одобри соодветни мерки за прилагодување на отплатата на кредитните обврски кај 10% од кредитното портфолио.
Вториот пакет на мерки беше насочен кон најранливите категории на физички лица кои беа најпогодени од кризата и имаа значајно намалување на платата или ја загубиле својата работа. Оваа понуда ја прифати околу 3% од вкупното портфолио на физички лица на Банката. Самото одложување на отплатата на обврските подразбира и намален прилив на нефункционални кредити, меѓутоа Банката се обиде преку својот редовен процес на мониторинг на кредитното портфолио, навреме да ги процени потенцијалните загуби во портфолиото уште во 2020 година. Очекуваме 2021 да биде година во која банките ќе ги прикажат загубите од корона кризата, која сигурно ќе се одрази на квалитетот на портфолиото на банкарскиот сектор во целост.
Како го проценувате ризикот за кредитирање во македонската економија во периодот што следи со оглед на се’ уште незавршената здравствена криза и каков план за динамика на кредитирањето има Шпаркасе Банка Македонија за 2021 година?
За жал, не може да се каже дека здравствената криза во Северна Македонија е завршена, но очекувањата се дека пандемијата ќе се стави под контрола, а со тоа очекуваме и позитивни ефекти на економските движења кои ќе овозможат бавен, но стабилен раст на економијата. Ризикот за кредитирање е секако зголемен и во 2021 година, согласно предвидувањата на ЕЦБ, се очекува зголемен прилив на неквалитетни пласмани во однос на 2019 и 2020 година. Таков тренд можеме да очекуваме и на нашиот пазар, а особено по истекот на периодот на мораториум.
Во такви услови на зголемен ризик, Шпаркасе Банка Македонија ќе ги прилагоди своите планови за раст согласно економските услови во државата. Во секој случај Банката останува и понатаму поддржувач и партнер на своите клиенти.

За жал, не може да се каже дека здравствената криза во Северна Македонија е завршена, но очекувањата се дека пандемијата ќе се стави под контрола, а со тоа очекуваме и позитивни ефекти на економските движења кои ќе овозможат бавен, но стабилен раст на економијата. Ризикот за кредитирање е секако зголемен и во 2021 година, согласно предвидувањата на ЕЦБ, се очекува зголемен прилив на неквалитетни пласмани во однос на 2019 и 2020 година. Таков тренд можеме да очекуваме и на нашиот пазар, а особено по истекот на периодот на мораториум.
Во услови на забрзана дигитализација на финансиските текови на глобално ниво, налетот на финтек компаниите, се’ поголемиот интерес за крипто валутите, итн., како Штаермаркише групацијата, а во нејзини рамки Шпаркасе Банка Македонија, реагираат на овие промени и се прилагодуваат?
Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, а со тоа и Шпаркасе Банка Македонија, се препознатливи на пазарот по одредени традиционални вредности кои Групацијата ги негува повеќе од 200 години, градејќи сигурен и доверлив однос со клиентите и посветено работејќи на задоволување на нивните потреби. Во рамки на тоа, Банката соодветно се прилагодува на новите трендови во доменот на финансиски услуги, но секогаш ги има во предвид ризиците кои ги носат промените и нивниот импакт врз долгорочните релации кои сакаме да ги градиме со нашите клиенти на здрави основи. Секогаш крајната цел ни е унапредување на банкарските процеси и градење позитивно корисничко искуство, како преку дигиталните, така и преку традиционалните канали за продажба.
Кои се најзначајните и најприфатените алатки на дигитализацијата што Шпаркасе Банка Македонија ги воведе во своето работење и како се справувате со еден од најголемите ризици на дигитализацијата – интернет безбедноста?
Банката е континуирано посветена на развој на модерни и иновативни решенија кои ќе водат кон задоволување на новите, изменети потреби на клиентите во време кога дигитализацијата на услугите го доживува својот зенит во сите области. Неодамна воведовме нов канал за директна комуникација со новите и постоечки клиенти преку официјален Viber Chat асистент “Sparky”, овозможувајќи лесно достапни информации за производите и услугите на Банката, on-line аплицирање, како и закажување на on-line состанок.
Посебен акцент Банката става на подигнување на нивото на заштита и превенција од измами на своите клиенти во делот на Интернет и мобилно банкарство. Еден пример за тоа би било извршеното тестирање (етичко хакирање) на овие сервиси од страна на специјализирана надворешна компанија, која потврди дека Банката поседува соодветно ниво на сигурност кое овозможува заштита на своите клиенти од сајбер напади.
До која фаза е процесот на преземањето на Охридска банка и дали ќе следи целосно ребрендирање, односно „претопување“ на операциите во рамки на Шпаркасе Банка Македонија? Кои ќе бидат главните придобивки на Шпаркасе и на пазарот генерално од оваа аквизиција и постојат ли и ризици кога се случуваат вакви операции во банкарскиот сектор?
Постапката за присоединување на Охридска Банка кон Шпаркасе Банка Македонија е веќе почната. За таа цел на 15.01.2021 година од страна на Надзорните одбори на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и Охридска банка АД Скопје склучена е Спогодба за присоединување во согласност со Законот за трговски друштва. Целокупниот имот и обврски на Охридска банка ќе се пренесат во замена на акции од Шпаркасе Банка Македонија, без спроведување процес на ликвидација. Акционерите на Охридска банка ќе се стекнат со акции на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во сооднос пресметан во согласност со применливата регулатива. Претстојат постапки за добивање на дозволи од релевантните регулатори, како и активности поврзани со подготовка на процесот на спојување на двете банки во една поголема и помоќна финансиска институција.
Придобивките за Шпаркасе Банка од интеграцијата се секако максимална оптимизација на пазарниот удел, ресурсите и ефикасноста, односно обезбедување на максимални придобивки за клиентите. Интегрираната банка ќе отвори повеќе можности, поголема сигурност и доверба, a клиентите ќе продолжат да имаат финансиски партнер кој ги разбира нивните потреби. Како една од поволностите со окрупнувањето на австриската Шпаркасе Групација во Република Северна Македонија кои клиентите веќе ја почувствува е можноста да ја користат проширената мрежа на двете банки составена од околу 120 банкомати на територијата на цела држава, на кои повеќе од една година е овозможено да повлекуваат готовина без провизија со дебитните картички. Нашите клиенти имаат можност да повлекуваат средства со дебитни картички без провизија и на банкоматите на банките во Шпаркасе и Ерсте Групацијата во Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, БиХ и Романија.
Секако дека кога станува збор за процес од ваков обем и значење за банките, како и за банкарскиот сектор, постојат бројни предизвици, како на пример присоединување на две претходно засебни финансиски институции да работат во еден банкарски систем, со една база на податоци, со унифицирани процеси, производи и активности. Предизвици препознаваме и во извршувањето на правилна распределба на ресурсите, како и оптимизација на продажните канали. Ризиците кои постојат се поврзани со наведените предизвици и временската рамка за решавање на истите. За таа цел ние делуваме во насока на нивно минимизирање за да обезбедиме ефикасна интеграција и креирање на ентитет кај кој фокусот на работењето ќе остане задоволството на клиентите, односно понатамошно нудење на иновативни и наменски креирани производи, како и брза и квалитетна услуга.
Овие цели се реално остварливи, имајќи го во предвид фактот што мнозинскиот акционер Штаермеркише Шпаркасе Групацијата е една од најсилните банкарски групации во регионот. Уверен сум дека Банката ќе ја задржи и зајакне својата позиција и висок углед меѓу своите клиенти, промовирајќи се себеси како институција која ги има имплементирано врвните корпорациски и регулативни стандарди. Шпаркасе Банка Македонија ќе продолжи да ја разбира и поддржува локалната заедница и да развива проекти од корпоративна општествена одговорност, вклучувајќи проекти во кои е инволвирана и Групацијата, особено во областа на развојот на заедницата, културата и заштитата на животната средина.