Connect with us

интервју

Александар Маневски: „Мој Банкар“ за правни лица

Александар Маневски, директор на Дирекција стратешки клиенти, УНИБанка

објавено

на

„Со веќе воспоставена и докажана доверба од клиентите, често сме вклучени и во процесот на носење на нивните редовни деловни одлуки, за развој на нови бизнис идеи или одржување на ликвидност и рентабилност на тековните проекти и активности. Добар и навремен банкарски совет, не ретко се покажал како голем бенефит за клиентите. Во овој контекст ја промовиравме услугата Мој Банкар – Персонализирана услуга за правни лица. За лојалните клиенти на Банката услугата е без надомест.“

Редакција Капитал

Разговаравме со г-дин Александар Маневски, директор на Дирекцијата стратешки клиенти во УНИБанка за тоа што значи персонализираната услуга Мој Банкар којашто ја имаат воведено за клиентите правни лица, во услови кога забрзаната дигитализација во контекст и на пандемијата, наметнуваат сe’ поголемо користење на електронското банкарство.

Г-дин Маневски, кои се активностите кои ги извршува Дирекцијата за стратешки клиенти во УНИБанка?

УНИБанка се етаблира како Банка на клиентот. Препознатлива по дигитализација на своите продукти, високо ниво на услуга и посветеност кон своите клиенти.  Активностите на Дирекцијата се надоврзуваат на оваа стратегија на Банката, преку опслужување на правни и физички лица, кои зависно од обемот на соработката со Банката добиваат статус на стратешки клиенти.

Имаме тим од искусни и стручни банкари кои на овие стратешки клиенти им овозможуваат персонализирана, професионална и непосредна услуга во извршување на нивните секојдневни банкарски активности. Од отворање на трансакциска сметка во Банката, извршување на денарски и девизни трансакции, до користење на кредитни или депозитни продукти, клиентот е постојано воден низ процесот од назначен менаџер за стратешки клиенти.

На тој начин користењето на продуктите и услугите на Банката е многу поедноставно, побрзо и поефикасно. Во таа непосредна континуирана комуникација со клиентите се врши и нивно финансиско советување. Најчесто тоа се совети за соодветен избор на кредитен продукт кој најмногу одговара на нивниот постоечки бизнис и идеи за развој на истиот или депозитен продукт кој ќе донесе најголем и најсигурен принос од нивните расположливи парични средства. Со веќе воспоставена и докажана доверба од клиентите, често сме вклучени и во процесот на носење на нивните редовни деловни одлуки, за развој на нови бизнис идеи или одржување на ликвидност и рентабилност на тековните проекти и активности. Добар и навремен банкарски совет, не ретко се покажал како голем бенефит за клиентите.

Во овој контекст ја промовиравме услугата Мој Банкар – Персонализирана услуга за правни лица. За лојалните клиенти на Банката услугата е без надомест.

Дали има интерес од компаниите за користење на таков тип на услуга на Мој Банкар, во случај кога најголем дел од компаниите работат со електронско банкарство?

Дефинитивно! УНИБанка континуирано инвестира во развој на дигитализацијата. Денес располагаме со врвно електронско банкарство, кое на компаниите им овозможува беспрекорно, брзо, сигурно и евтино извршување на банкарски трансакции во земјата и странство. Нудиме уникатни бизнис Е-пакети, преку кои компаниите неколкукратно можат да ги намалат банкарските провизии во извршување на плаќањата.

Но, покрај процесот на дигитализација,  сметаме дека значаен сегмент во градење на долгорочна соработка со клиентите е и персоналната континуирана комуникација и консалтинг. Од таму, паралелно со дигитализацијата на секојдневните банкарски услуги го развиваме и усовршуваме и тој дел, кој доаѓа како една дополнителна вредност на сите продукти кои ги нудиме. Клиентите ја препознаваат оваа услуга и брзо ги согледуваат бенефитите од истата.

Како успевате во време на пандемија да ја нудите оваа услуга и да ги извршувате редовните активности?

УНИБанка секогаш настојува да понуди нешто повеќе и да ги надмине очекувањата. Продолжуваме во насока на развој и дигитализацијата на процесите и продуктите на Банката и подобрување на каналите на комуникација со постоечките и новите клиенти, правејќи еден успешен хибрид од овие две стратегии. Промовираме нов кредитен продукт за Правни лица. Бизнис кредит 12-ка! Кредит со флексибилна отплата со рок до 12 години, со можност за грејс период до 12 месеци. Сметаме дека еден ваков продукт, прилагоден на бизнис потребите и можностите за отплата на секоја компанија, ќе помогне во премостување и стабилизирање на финансиската состојба како и исполнување на инвестициските потреби на компаниите.

Пандемијата ја забрза дигитализацијата и не’ предизвика да размислуваме за нов пристап со цел да отвориме нови хоризонти за развој на бизнисот.  Активно комунициравме со постоечките клиенти и заеднички разгледувавме решенија за финансиско премостување на периодот, посебно кај тие клиенти кои имаа директен негативен финансиски импакт од пандемијата. За нив, соодветно беше направена и мерка за олеснување на постоечките кредитни изложености во Банката.
Различни типови на компании, зависно од дејноста, носеа различни деловни стратегии. Помалите компании, како пофлексибилни, брзо ги променија своите првични поставени стратегии. Тоа го правеа со промена на дејноста, адаптирање на процесите на нудење на услугите, промена на канали на продажба, промена на ценовна политика и сл. Во тој контекст забележителен е и порастот на on-line трговијата. Како Банка во тој сегмент континуирано нудиме атрактивна услуга за Виртуелен Пос-Терминал, со што им асистираме на клиентите во техничко решавање и вршење на продажбата преку on-line продавница.

Добар дел од клиентите, користејќи ја нашата експертиза и финансиска поддршка, пронајдоа правилен рецепт и не само што успешно ја надминуваат кризата, туку имаат и значително зголемување на својот бизнис.

Од аспект на контактирање со нови и постоечки клиенти, имплементиравме нов пристап со одржување на on-line состаноци. Секако, дека постои разбирање од клиентите за ваквата ситуација и нивно прилагодување на овој начин на комуникација.

Овој период често слушаме да се навикнеме на новото нормално време. Лично не би сакал да прифатам дека ова е едно ново нормално време и посакувам брзо да ни се врати старото нормално време.

Што е потребно за еден банкарски службеник да биде добар Мој Банкар?

Познавање на законската регулатива и големо банкарско искуство е основата.  Потребно е да се познаваат сите продукти и услуги кои ги нуди УНИБанка, како и тие на конкурентските Банки. Работното место, бара познавање и на бизнисот на компаниите, односно способност за финансиска анализа, креирање и толкување на бизнис планови, стратегии и сл. Последно, но не помалку важно е начинот на комуникација и одржување на релација со клиентите. Тема, за која е потребно ново интервју.

Кои ви се следните планови?

УНИБанка секогаш настојува да понуди нешто повеќе и да ги надмине очекувањата. Продолжуваме во насока на развој и дигитализацијата на процесите и продуктите на Банката и подобрување на каналите на комуникација со постоечките и новите клиенти, правејќи еден успешен хибрид од овие две стратегии.

Промовираме нов кредитен продукт за Правни лица. Бизнис кредит 12-ка! Кредит со флексибилна отплата со рок до 12 години, со можност за грејс период до 12 месеци. Сметаме дека еден ваков продукт, прилагоден на бизнис потребите и можностите за отплата на секоја компанија, ќе помогне во премостување и стабилизирање на финансиската состојба како и исполнување на инвестициските потреби на компаниите.

Ќе отвориме дополнителен канал за комуникација со потенцијални клиенти – Закажи on-line состанок – преку кој заинтересирани клиенти би можеле да закажат состанок во време и тема на кој нив им одговара. Ние ќе бидеме тука за нив.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје