Connect with us

интервју

Александар Манев: Создадовме амбиент каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот и компетентноста

Александар Манев
Генерален директор на Кроација осигурување – неживот

објавено

на

На ниво на компанија направивме комплетно реструктурирање, со консолидација во сите сегменти на работењето што доведе до позитивни оперативни резултати и зголемување на бруто полисираната премија. Голем дел од она што го постигнавме се должи на нова енергија, на квалитетни вработени, иновативност и проактивност за креирање продукти кои ги пресретнуваат потребите на клиентите. Поаѓајќи од парадигмата дека задоволството на вработените е поврзано и се рефлектира врз работата и врз односот кон клиентите, создадовме амбиент и средина каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот, компетентноста како и со оглед на тоа што го работиме, се стимулира близок и хуман однос кон клиентите со способност да се сознае и сочувствува со сечија животна ситуација.

Александар Манев е еден од најмладите топ менаџери во осигурителниот сектор во Македонија, но за прилично кусото време откако е на чело на Кроација Осигурување – неживот, резултатите на компанијата се импресивни. За годинава што изминува, Кроација има најголем релативен раст меѓу сите осигурители на пазарот, а во сите класи на осигурување е направено комплетно реструктурирање на портфолиото, односно на сите продукти.

„Успеавме да го консолидираме тимот, да привлечеме добри професионалци желни за докажување и напредок, ја ‘стегнавме’  што се вели компанијата по сите основи и спремни сме за нови предизвици. Сакам да наметнам компаниска филозофија дека луѓето се најбитни, дека тимот е најбитен, и тоа да не биде само на ниво на некакво клише, туку преку адекватно наградување на доброто работење да создадеме задоволни вработени коишто на крајот ќе резултираат со задоволни клиенти“, вели Манев во предновогодишното интервју за Капитал.

„НОВОТО НОРМАЛНО“ НИ ЈА ПОТТИКНА КРЕАТИВНОСТА
„Новото нормално“ ни ја поттикна креативноста и освен што се адаптираме на новиот начин на живот и на работа, бараме начини да создадеме нешто ново и да се ангажираме индивидуално или колективно, за да одиме чекор понатаму од прилагодување. Така Кроација осигурување неживот реагира и работи во изминатите две години. Создадовме производи што се одговор на потребите, создадовме однос кон клиентите што ја гарантира нивната безбедност и ги уверува во нашата компетенција. Оваа агилност и проактивност се истакна во создавањето прв производ на македонскиот пазар со дополнително здравствено осигурување за ковид покритие.

Како ја завршувате годинава во Кроација – неживот, дајте ни кус преглед на најважните показатели за работата на компанијата?

Пред консолидирање на целосните годишни податоци, оние што ги имаме за претходните три квартали покажуваат дека Кроација осигурување – неживот има најголем раст на пазарот од дури 44% или во апсолутен износ растот е за 148 милиони денари. Значајно е тоа што растот е изедначен и е во сите класи осигурување, што говори дека како друштво со своите политики што ги спроведуваме на пазарот, со продуктите што ги нудиме и начинот на работа, сме го постигнале овој раст, а не е резултат на некои други тенденции или надворешни варијабли.

Истовремено и еднакво значајно е тоа што изминатата година, иако беше исклучително тешка, очекуваме раст на бруто-полисираната премија над 200 милиони денари. Ваква политика и кон вработените и кон граѓаните придонесе да за една година бројот на клиенти ни порасна за 10.000. А тоа е резултат на довербата што ја имаат во Кроација.

Постигнатите резултати и стабилната позиција на пазарот наспроти нестабилни и турбулентни социо-економски и здравствени прилики, останува да биде уверување во капацитетите што ги имаме и дополнителен стимул за она што понатаму можеме да го постигнеме.

Каква е вашата оценка за општата состојба на осигурителниот пазар во земјава – во каква насока се движи во ова пандемично време?

Осигурителниот пазар во Македонија сè уште покажува тенденција на развивање и реално има уште многу да се направи. Ако до пред пет години бевме во фаза на недоволно развиен пазар и со многу ниска свест и знаење кај граѓаните за неопходноста од осигурителни полиси, а и за тоа што сè може да добијат, денес се забележува промена.

Последните податоци за оваа година говорат дека заклучно со третиот квартал бруто полисираната премија пораснала за 18 отсто за разлика од претходната година, а бројот на склучени договори е за 32 отсто повисок и надмина 1,13 милиони. Овие бројки се навистина позитивни во споредба со минатогодишниот застој, така што оваа година иако нема некоја голема промена на општата состојба, сепак граѓаните покажале волја и свесност за осигурувањето. Кон оваа тенденција многу придонесува банко-осигурувањето, што, исто така, доживува подем. Но, далеку сме од врвот во осигурителниот пазар и има можности за уште поголем раст. Меѓутоа потребни се извесни системски и регулаторни интервенции како и едукација.

На пазарот е забележано дека приватното здравствено осигурување се покажа како најбрзо растечки осигурителен производ. И во Кроација осигурување дополнителното здравствено има најголем раст на пазарот и покрај фактот дека со овој вид осигурување почнавме минатата година. Растот што го имаме во здравственото е доминантен и ни обезбедува 16% пазарно учество и нè става на 4-то место по бруто полисирана премија. Кај дополнителното здравствено осигурување многу е важно како се нуди и што им овозможувате на граѓаните, затоа што не е само наш производ, односно само на Кроација.

ФОКУСИРАНИ СМЕ НА CREDIT PROTECTION INSURANCE ПРОДУКТИТЕ
Иновативноста и инвентивноста на Кроација осигурување го антиципираше развојот на нови продукти, така што
веќе сме фокусирани на  CPI – credit protection insurance продуктите. Делуваме проактивно и веќе создадовме иновативен производ којшто има потенцијал да го редефинира пазарот. Со овој производ, на нашите клиенти и на корисниците на кредити преку нашиот најголем партнер Стопанска банка им се нуди осигурување во случај на несакани околности и осигурување на отплата на кредит.

За таа цел Кроација нуди широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги кои имаат договорен однос со Кроација што пак нас нè поставува како кредибилен и доверлив партнер којшто овозможува брз и лесен пристап до врвни специјалистички услуги во делот на здравството.

Истражувајќи ги можностите на пазарот во овој дел, Кроација се насочи кон колективното здравствено осигурување, односно отворање на патот за компаниите да го воведат ова осигурување како дополнителен стимул за вработените. Со нашата работа конкретно на овој производ ги подигнавме стандардите и понудивме нов пристап што ја гради довербата во нашите производи и нашата работа на осигурителниот пазар.

Имаме свој повикувачки центар каде што нашите клиенти се јавуваат кога имаат потреба од искористување на услугата, и максимално едноставно за нив, без никакви непотребно губење време, без самостојно закажување прегледи, скенирање и праќање сметки и други документи, можат да ги искористат привилегиите од полисата.

Кои сегменти од неживотното осигурување ќе бидат фаворити за периодот што следи, односно каде гледате најголем потенцијал за раст?

Финансиските услуги, банкарските и осигурителните веќе извесно време работат заедно и ги прошируваат можностите на пазарот. Актуелната социо-економска ситуација дополнително го поттикнува развојот на заеднички производи. Така што, банко-осигурување дефинитивно ќе се развива а со посебен фокус на CPI – credit protection insurance производи. Овие производи се издвоени како перспективни во финансиските услуги и иновативни, така што создаваат многу можности за развој здравствено осигурување, исто така биде предмет на интерес на компаниите во освојување на пазарот и во потрага по нови клиенти. Ова е поттикнато од фактот што овој сегмент од неживотното осигурување онака како што се нуди моментално на локалниот пазар има простор и капацитет за развој. Ние како друштво цела измината година работевме на здравственото осигурување и понудивме неколку иновативни продукти што направија значаен пробив на пазарот, но барем Кроација се’ уште не ги исцрпи сите можности на овој вид осигурување.

Осигурителните компании почнаа да ги испреплетуваат своите продукти со банкарските, па каква е тенденцијата во таа насока во Кроација неживот?

ТИМСКАТА РАБОТА И ЗАДОВОЛСТВОТО НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ПРВО МЕСТО
Верувам во моќта на личното професионално задоволство и како тоа се одразува врз секојдневието, затоа пред сè сакам вработените да се чувствуваат слободно, не под притисок, да можат да ја развиваат својата креативност и да ја внесат во работните задачи. Верувам дека целиот оној стрес што го создава неизвесното и несигурно секојдневие може да се канализира и да се трансформира во конструктивна енергија. Тоа се обидуваме да го внесеме во Кроација осигурување и верувам дека според минатогодишните резултати, многу од тоа сме постигнале.

Иновативноста и инвентивноста на Кроација осигурување го антиципираше развојот на нови продукти, така што веќе сме фокусирани на  CPI – credit protection insurance продуктите.Делуваме проактивно и веќе создадовме иновативен производ којшто има потенцијал да го редефинира пазарот. Со овој производ, на нашите клиенти и на корисниците на кредити преку нашиот најголем партнер Стопанска банка им се нуди осигурување во случај на несакани околности и осигурување на отплата на кредит.

Станува збор за иновативен производ којшто со склучување договор за осигурување на отплатата на кредитот, за корисникот обезбедува финансиска стабилност за време на отплатата на кредит, овозможувајќи времено премостување на одредени животни предизвици што можат да настанат за време на кредитот како што се: губење работа, незгоди, подолги боледувања и слично. Осигурувањето ги покрива ризиците на клиентите, но истовремено и го штити портфолиото на банката, едноставно објаснето како финансиска сигурност во отплата на кредит.

Предностите на овој производ се повеќекратни, започнувајќи од оние за граѓаните кои добиваат дополнителна вредност во сигурност и редовно финансирање на своите обврски без оглед на состојбата во која се наоѓаат и понатаму во насока на поттикнување на развојот на домашниот осигурителен пазар.

Во време на дигитализација и „ново нормално“ наметнато од пандемијата, кои се иновативните алатки што ги имплементиравте во вашите продукти и процеси?

Новото нормално ни ја поттикна креативноста и освен што се адаптираме на новиот начин на живот и на работа, бараме начини да создадеме нешто ново и да се ангажираме индивидуално или колективно, за да одиме чекор понатаму од прилагодување. Така Кроација осигурување неживот реагира и работи во изминатите две години. Создадовме производи што се одговор на потребите, создадовме однос кон клиентите што ја гарантира нивната безбедност и ги уверува во нашата компетенција. Оваа агилност и проактивност се истакна во создавањето прв производ на македонскиот пазар со дополнително здравствено осигурување за ковид покритие.  Дигиталните алатки ги ставаме во функција но постепено, затоа што за дигитално функционирање во осигурителниот пазар, потребно е да вложи во едукација и во подигнување на свеста кај клиентите за можностите и безбедноста на овој начин на продажба на осигурителни полиси. Ова не е само кај нас, тука истражувањата покажуваат дека дигитализација во осигурителниот пазар е многу ниска во Европа, така што само 8% од склучените полиси се дигитално реализирани, што кажува дека луѓето се уште повеќе веруваат во личниот контакт. На тоа ќе се насочиме и во следниот период, затоа што во дигитализација е иднината воопшто.

На челната позиција на Кроација неживот сте прилично кратко време, а имате веќе импресивни резултати. На што се должи тоа? Кои се клучните промени што ги донесовте во компанијата?

Самата корпоративна култура и филозофија на Кроација осигурување како друштво е стимулирачка и ја поттикнува индивидуалноста. Доаѓајќи на челната позиција во Кроација неживот го согледав потенцијалот и конструктивниот ефект што овој воспоставен пристап го има врз вработените и сега само се обидуваме тоа да го надградиме. Кроација осигурување е компанија каде што има бескраен простор за професионално етаблирање, за искористување на сопствените потенцијали до максимум, а притоа да се трасираат нови начини во воспоставување неприкосновена доверба кај клиентите.

На ниво на компанија направивме комплетно реструктурирање, со консолидација во сите сегменти на работењето што доведе до позитивни оперативни резултати и зголемување на бруто полисираната премија. Голем дел од она што го постигнавме се должи на нова енергија, на квалитетни вработени, иновативност и проактивност за креирање продукти кои ги пресретнуваат потребите на клиентите. Поаѓајќи од парадигмата дека задоволството на вработените е поврзано и се рефлектира врз работата и врз односот кон клиентите, создадовме амбиент и средина каде вистински се ценат човечките вредности, професионализмот, компетентноста како и со оглед на тоа што го работиме, се стимулира близок и хуман однос кон клиентите со способност да се сознае и сочувствува со сечија животна ситуација.

Кои се најважните вредности што вие како генерален менаџер ги форсирате во рамки на корпоративната култура?

Верувам во моќта на личното професионално задоволство и како тоа се одразува врз секојдневието, затоа пред сè сакам вработените да се чувствуваат слободно, не под притисок, да можат да ја развиваат својата креативност и да ја внесат во работните задачи. Верувам дека целиот оној стрес што го создава неизвесното и несигурно секојдневие може да се канализира и да се трансформира во конструктивна енергија. Тоа се обидуваме да го внесеме во Кроација осигурување и верувам дека според минатогодишните резултати, многу од тоа сме постигнале.

Кроација осигурување неживот ја гради својата стабилна позиција на пазарот, како профитабилна и компанија што се грижи за своите вработени и ова не е само декларативна изјава туку создавање средина каде што искреноста и довербата се основата на меѓучовечките односи дали тоа е на ниво на колеги или кон клиентите. Ова се вредностите во кои искрено верувам и кои во моето искуство го оправдале приматот што им го давам.

економија7 часа ago

Уште една одлична година за Алкалоид: раст на продажбите, извозот и добивката

банки2 дена ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет2 дена ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство