економија
Алкалоид изведе најкомплексен информациски процес во регионов – конверзија во рамки на SAP системот
објавено
на
автор:
Игор Петровски
Со помош на долгогодишниот партнер, хрватската компанија b4b, Алкалоид направи вистински подвиг: најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина ѝ даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 се’ e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки.
Една од водечките SAP консултантски компании во Хрватска и регионот, загрепската b4b, може да се пофали со голем деловен успех. Како што пишува хрватски Јутарњи вијесник, за Алкалоид – Скопје, една од најуспешните компании од регионот и лидер во економијата на Северна Македонија, на крајот на ноември 2020 година, b4b го заврши проектот за конверзија на постојниот SAP ERP 6.0 систем во SAP S / 4HANA верзија, што создаде услови за понатамошен развој на деловниот информативен систем на Алкалоид и примена на најсовремени ИТ технологии во компанијата.
Ова е најголемиот и најсложениот проект за миграција на системот SAP ERP кон SAP S / 4 HANA кој досега е реализиран во регионот, а на оваа реализација посебна тежина му даваат условите во коишто е спроведен проектот, затоа што поради пандемијата на Ковид – 19 се’ e направено со далечински пристап и примена на онлајн колаборациски алатки.
„Првата операција во системот SAP ERP во Алкалоид започна уште во 2007 година, а системот успешно го поддржуваше нашиот континуиран раст и развој, па по 13 години постојана надградба и за рекордно кратко време, го претворивме AlkaSAP системот SAP ERP 6.0 во SAP S / 4HANA. Предизвикот беше повеќе од голем! Специфичноста на состојбата во која живееме, динамичните процеси во фармацевтската индустрија што секогаш треба да ги следиме во чекор, комплексноста на геополитичкото окружување за време на нашето работење и крајно непредвидливите услови во кои сите работиме во текот на годинава – сето тоа бараше решение од следната генерација коешто овозможува аналитика во реално време.
Дури и во услови на виртуелно функционирање, во чекор нè следеше нашиот долгогодишен сигурен партнер, компанијата b4b, а нивниот квалитет и искуство во толку обемен потфат и во исклучително специфични услови ни значеа и беа исклучително важни.
Исто така бевме поддржани и од групацијата SAP RIG, а нашиот партнер од Бразил, FIVE Validation, заврши одлична работа во валидацијата на системот. Ние сметаме и на идна успешна соработка “, изјави Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид, истовремено и претседател на Управниот одбор на самиот проект.

Приказната за успешната соработка помеѓу Алкалоид и b4b започнала пред 13 години со имплементација на SAP ERP системот, а оваа година, и покрај предизвиците на пандемијата, тие поставија друга заедничка цел – миграција на SAP ERP системите на сите компании од групацијата Алкалоид кон SAP S / 4HANA. Со проектот е конвертиран целиот SAP систем од шест компании на Алкалоид во четири земји, на S/4 HANA верзијата, што вклучува деловни области на финансии и контролинг, набавки, продажба и дистрибуција, планирање и управување со производството, управување со квалитет, како и управување со човечки ресурси.
„Овој проект беше голем предизвик за нас, обврска, но и задоволство. Предизвик затоа што се соочивме со многу сложена задача во специфични услови, обврска кон нашиот исклучителен партнер Алкалоид кој ни укажа голема доверба, и задоволство затоа што работевме на проектот со партнер кој точно знаеше што сака и кога сака, кој беше многу добро организиран и многу посветени на проектот. Сето ова, со заеднички напори, резултираше со успех. За Алкалоид, овој проект е дополнителен ветер во грбот во нивните амбициозни планови за раст и развој, а за нас е огромно позитивно искуство за миграционите проекти на S/4 HANA коишто ќе следат “, вели Сањин Катиниќ, претседател на управата на компанијата b4b.
Проектот траеше пет месеци и во него учествуваа повеќе од 100 членови на проектниот тим од Алкалоид и b4b. Дополнителен предизвик во планирањето и спроведувањето на проектот беше обврската да се спроведе валидација на процесот во согласност со барањата на фармацевтската индустрија (GMP) во рамките на деловниот систем што се одвиваше како паралелен проект на корисникот и надворешниот партнер, чијашто временска рамка требаше да се усогласи со проектот за конверзија на SAP системот.
Бидејќи проектот се одвиваше за време на епидемијата на вирусот Ковид-19, тој беше целосно реализиран со далечински пристап (remote) со употреба на алатки за колаборација за потребите на онлајн состаноци, работилници и обуки. Без оглед на промените и ризиците предизвикани од ваквиот начин на работа, сите активности на проектот завршија во предвиденото време, обем и финансиска рамка благодарение на исклучителната посветеност на Алкалоид и b4b.
Повеќе информации за проектот може да најдете на www.b4b.hr/Alkaloid.
Прочитај Уште...
-
Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите
-
Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01
-
“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници
-
Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани
-
Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи
-
Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“



Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава
