Connect with us

македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Општествена одговорност на најголемата фармацевтска компанија

објавено

на

На разни основи, ‘Алкалоид’ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’. На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.

Производите на „Алкалоид“ се дел од секојдневието на милиони луѓе во земјите каде што компанијата има воспоставено свои деловни операции. Секој производ што го носи логото на „Алкалоид“ е синоним за квалитет, традиција и за вложен труд на илјадници вработени и генерации на „алкалоидовци“, кои ги граделе компаниските вредности. Позитивниот имиџ на компанијата во голема мера е рефлексија на организациската култура, во која грижата за вработените е на врвот на листата на приоритети.

Во контекст на отежнатите услови за работа предизвикани од светската здравствена криза, а по повод новогодишните и божиќни празници, „Алкалоид“ одлучи да исплати еднократен линеарен паричен надомест за вработените во нето износ од 25.000 денари. Политиката за надоместоци на компанијата, во согласност со Статутот на друштвото и со колективниот договор на „Алкалоид“ АД, се базира на конкурентност, мотивација, навременост и на транспарентност. Компанијата, и покрај неизвесноста која владееше во првиот квартал од 2020 г., во март на своите вработени веќе им исплати регрес за годишен одмор во нето износ од 26.718 денари.

Во декември годинава во „Алкалоид“ АД имало 2.371 вработен, од кои 1.832 во Северна Македонија и 539 во подружниците во странство. Во текот на 2020 година во компанијата се реализираа 209 нови вработувања.

„Во услови кога светските економии се борат за ублажување на ефектите од претрпените загуби, а прогнозите за 2021 г. се ставени во сенка на имунитетот на вирусот и на очекуваните ефекти од вакцините, ретки се компаниите што можат да им помогнат на своите системи во вакви тешки времиња. Но, помошта во кризни услови е од суштинско значење, особено ако кризата го носи предзнакот здравствена. Поради тоа, во тековнава година нашите активности за општествена одговорност имаа засилен интензитет. На разни основи, ‘Алкалоид’ АД Скопје во текот на 2020 година, преку базата во Скопје, Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’, и преку дел од своите ентитети во земјата и надвор од неа, има донирано износ од приближно 1,2 милиони евра. Од нив, 1.075.000 евра се донирани во Северна Македонија, а околу 125.000 евра надвор од земјата. Во согласност со намената, 352.000 евра се донирани во лекови, медицински средства, опрема и во опремување; над 210.000 евра се донации во средства за хигиена и за дезинфекција, а над 638.000 евра се финансиски средства на разни основи, од кои 141.236 евра се реализирани преку Фондацијата ‘Трајче Мукаетов’. На листата на приматели на донации се заведени здравствени установи, институции, здруженија и голем број поединци.“, велат од компанијата.  

Грижата за вработените, заедницата, за потрошувачите, акционерите и за сите иматели на удели во компанијата се цврсто втемелени во корпоративната политика на „Алкалоид“ АД Скопје, а таквите заложби ќе продолжат и во иднина. Годината која следува е исполнета со голем број неизвесности, но ние ќе останеме посветени на исполнување на очекувањата на пазарот и на испорачување врвен квалитет на нашите производи и услуги. Посакуваме во годината на 85. јубилеј на „Алкалоид“ АД да се радуваме заеднички на нови успеси, повисоки достигнувања и на ЗДРАВЈЕ пред сѐ!

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад