Connect with us

економија

„Алкалоид“ со зголемена продажба, добивка и инвестиции во првите девет месеци

Фармацевтската компанија и годинава со одлични резултати

објавено

на

Приходите од продажба се зголемени за 8%, на 145 милиони евра, нето добивката за 15% на 13,8 милиони евра, а инвестициите се двојно зголемени во однос на лани, на 19 милиони евра.

Фармацевтската компанија Алкалоид од Скопје извести деновиве  дека според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-септември 2020 година, продажбите достигнале  6,9 милијарди денари (112,2 милиони евра) , што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8,9 милијарди  денари (145 милиони евра), што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 9%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 7%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 8%, а на другите пазари се остварени 3% од вкупните консолидирани продажби.

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43%, Албанија бележи раст од 36%, Романија раст од 30%, Грузија раст од 15%, Ерменија раст од 15%, САД раст од 14%, Словенија раст од 12%, Србија раст од 12% итн.

При неодамнешната посета на американската амбасадорка Кејт Брнз на Алкалоид, беше истакнато дека од деловните потфати во САД, особена гордост за компанијата  се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.

Двојно поголеми инвестиции годинава

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 22%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати со 14%, антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 8%, а билкарството учествува со 4%.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1, 47 милијарди денари (24 милиони евра) , бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето-добивка изнесува 846 милиони денари (13,8 милиони евра) и е зголемена за 11%.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1,55 милијарди денари (25,2 милиони евра)  и бележи раст од 16%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 847 милиони  денари е зголемена за 15%.

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-септември 2020 година, изнесуваат 1,18 милијарди  денари , што е за 96% повеќе во однос на истиот период од 2019 година.

Реализацијата на инвестициските активности, вредни над 19 милиони евра, наменети за проширување на производните капацитети, како и за подобрување на енергетската ефикасност и за намалување на штетните емисии во воздухот, кои започнаа во 2019 година, се одвива во согласност со планираното. Комплетирањето на овие инвестиции е предвидено во текот на 2020 година.

Во периодот јануари-септември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 175 нови вработувања во земјава.  На крајот на септември 2020 година во „Алкалоид“ во Македонија  работат 1.822 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 536 вработени или вкупно 2.358 вработени во групацијата.

Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид  АД Скопје, во март 2020 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето.

Најзабележителен раст е остварен во Чешка, раст од 43%, Албанија бележи раст од 36%, Романија раст од 30%, Грузија раст од 15%, Ерменија раст од 15%, САД раст од 14%, Словенија раст од 12%, Србија раст од 12% итн. При неодамнешната посета на американската амбасадорка Кејт Брнз на Алкалоид, беше истакнато дека од деловните потфати во САД, особена гордост за компанијата  се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“.

Одлични оценки од угледна инвестициска куќа во Европа

Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на  Македонска берза од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2020 година се движеше од 8.354,00 денари до 13.400,00 денари или просечно 12.070,36 денари за една акција, што претставува раст од 35% во споредба со просечната цена во истиот период од 2019 година. Пазарната капитализација на компанијата на 30.9.2020 изнесуваше 17.9 милијарди денари (291 милион евра).

На 17 септември годинава, чешката инвестициска банка Wood & Company објави инвестициска анализа за Алкалоид, насловена  како „Растечки генератор на кеш – скопски стил“ („А rising money spinner, Skopje – style“)  Инвестициската анализа што за двете компании ги направи Wood and Company е прва од ваков вид за фирми што котираат на Македонската берза и е дел од регионалниот проект финансиран од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР.

Аналитичарите на Wood & Company сметаат дека компанијата  работи одлично, генерира стабилни приходи и дека купувањето акции од неа е  одлична инвестиција затоа што ќе продолжи да создава профити и во иднина.

Бизнис-планот за 2020 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на Седницата одржана на 27.12.2019 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на 2019 година, како и раст од најмалку 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2019 година.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од пандемијата на COVID 19.
 
„Ние во Алкалоид презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во текот на вториот и третиот квартал дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност. Како резултат на преземените мерки очекуваме резултатите од работењето на друштвото до крајот на годинава да се движат во рамките на веќе зацртаните плански цели за 2020 година.“, велат од Алкалоид.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор