Connect with us

економија

„Алкалоид“ со нова инвестиција од 1,8 милиони евра – фабрика за концентрати за хемодијализа

објавено

на

Во изминативе 15 години „Алкалоид“ има инвестирано близу 200 милиони евра, алоцирани во производствени капацитети, лаборатории, во истражување и развој, нови технологии и во континуирана едукација на вработените, а таквиот тренд се задржа и во изминативе години во кризни услови.

„Алкалоид“ пушти во погон нова инвестиција, вредна 1,8 милиони евра. Новата фабрика за производство на концентрати за хемодијализа, со потребните магацински простории за суровини, амбалажа и за готови производи, зафаќа површина од 2.600 м2. Изведена е во согласност со строгите стандарди за добра производствена пракса, со законските прописиза производство на медицински средства и со директивите на системот за обезбедување квалитет.

Следењето на најновите трендови во индустријата и во производството на ценовно достапни,  квалитетни, ефикасни и безбедни  производи, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ АД е синоним за високото ниво на квалитет и на сигурност, е принцип кој е цврсто втемелен во корпоративната политика на компанијата, велат од компанијата. Во изминативе 15 години „Алкалоид“ има инвестирано близу 200 милиони евра, алоцирани во производствени капацитети, лаборатории, во истражување и развој, нови технологии и во континуирана едукација на вработените, а таквиот тренд се задржа и во изминативе години во кризни услови.

„’Алкалоид’ денес пласира над 65 % од својот асортиман во околу 40 земји во светот, а светските трендови во фармацијата, хемијата, фитотерапијата и козметологијата се имплементирани во нашите секојдневни операции. Растворите за хемодијализа се присутни во медицинското портфолио на компанијата од 1990 година, а денес, три децении подоцна, пуштаме во употреба најсовремени производствени капацитети за овој тип на производи, чии производни волумени од близу 15 милиони литри годишно  ќе можат да ги опслужат барањата на пазарите во регионот и пошироко“, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Новите производствени капацитети се составени од 3 целини: подготовка на концентрати за хемодијализа, производство на прочистена вода и пакување на растворите. Процесната опрема, која е составена од три реактори со мешалки и од подготвителен сад, е со вкупен волумен од 25.000 литри и е изведена за да ги задоволи сите потреби за најсовремено и за целосно автоматизирано производство. Автоматизацијата на процесите овозможува брзо, прецизно и доверливо работење. Полнењето и пакувањето на подготвените концентрати за хемодијализа се вршат со посебна роботизирана линија со капацитет од 7.500 литри на час. Снабдувањето со електрична енергија за овој производствен капацитет во голем дел се одвива преку сопствени обновливи извори за производство на електрична енергија.

Одделот за хемија, како дел од компанијата „Алкалоид“, е основан во 1957 година. На почетокот на 90-тите години во овој оддел започнува производството на раствори за хемодијализа, со сопствен развој и со сопствена контрола на квалитетот. Првично се произведуваат раствори за ацетатна дијализа, а подоцна се преминува и кон раствори за бикарбонатна дијализа, сѐ до денешната палета на производи, која опфаќа концентрирани раствори со различни разредувања, суви бикарбонатни полнења и цврсто-течни сетови соодветни за апаратите за хемодијализа на реномираните светски производители.

Во 2010 година растворите за хемодијализа на „Алкалоид“ го добија сертификатот ЦЕ за сообразност со европската директива за медицински помагала.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци