Connect with us

економија

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

објавено

на

Најголемата македонска фармацевтска компанија „растури“ по сите основи во 2020 година: вкупните приходи од 204 милиони евра поголеми за 11%, нето добивката од 19 милиони евра за 15%, извозот поголем за 9,3%, инвестициите од 25 милиони евра, поголеми за 44%.

Најголемата фармацевтска компанија во земјава, Алкалоид од Скопје, во 2020 година остварила неконсолидирани вкупни приходи од 9,6 милијарди денари или 156 милиони евра, што е за 11% пораст во однос на претходната година, покажува неревидираниот биланс на успех доставен до Македонската берза утрово. Консолидираните вкупни приходи, пак, изнесуваат 12,55 милијарди денари (204 милиони евра), што е исто така раст од 11%. Во структурата на вкупните приходи, најголемо учество, 97%,  имаат приходите остварени со продажба на производи и услуги, коишто во споредба со остварените во 2019 година имаат пораст од 9%.

Неконсолидираните вкупни расходи на компанијата лани изнесувале 8,35 милијарди денари (135,7 милиони евра) и имаат пораст, повторно, од 11%. Десет проценти пораст имаат консолидираните расходи, коишто изнесуваат 11,22 милијарди денари или 182,5 милиони евра.

Единечната добивка пред оданочување изнесува 1,96 милијарди денари (околу 32 милиони евра) и е за 10% повисока од 2019 година, додека консолидираната ЕБИТДА изнесува 2,08 милијарди денари (33,8 милиони евра) и е за 12% повисока.

Единечната нето добивка на Алкалоид во 2020 година е 1,14 милијарди денари (18,6 милиони евра), што е за 13% повеќе од 2019 година, додека консолидираната нето добивка е 1,17 милијарди денари (19 милиони евра), или за 15% повеќе во однос на годината претходно.

Од вкупните консолидирани продажби, 65% се остварени на странските пазари. Најголем раст на продажби е остварен во Чешка, раст од 44%, Албанија бележи раст од 42%, Грузија раст од 31%, Унгарија раст од 29%, Ерменија раст од 20%, Бугарија раст од 18%, Романија раст од 15%, Србија раст од 14%, Словенија раст од 12%, Русија раст од 10% итн. Во 2020 година реализирани се првите продажби на сегментот Фармација во Канада во вредност од 30,4 милиони денари или околу половина милион евра.

Бизнис-планот за 2021 година , донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид на крајот од минатата година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година.

Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

На 6 април 2020 година, на Годишното собрание на акционерите, е одобрена пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2019 година, во износ од 515.287 илјади денари, односно 324 денари нето за една акција.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2020 година изнесуваат 1.57 милијарди денари  и се поголеми за 44% во однос на истиот период од 2019 година.

Во периодот јануари – декември 2020 година во „Алкалоид“ се реализирани 210 нови вработувања во Р.С.Македонија. На крајот на декември 2020 година во „Алкалоид“ во земјата работат 1.832 вработени, додека во друштвата и во претставништвата во странство има вкупно 560 вработени или вкупно 2.392 вработени во групацијата. Со одлука на Управниот одбор, во март 2020 година беше одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор на вработените во компанијата, во висина од 29.687 денари бруто, односно 26.718 денари нето. Во декември 2020 Управниот одбор по повод новогодишните и божиќни празници, а имајќи ги предвид отежнатите услови за работење на сите вработени за време на справување со Ковид пандемијата во 2020 година и во знак на благодарност, одобри исплата на новогодишен надоместок во нето износ од 25.000 денари.

„Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на COVID 19. Ние во ‘Алкалоид’ презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во втората половина од годината дојде до одредено балансирање на нивото на залихите кај нашите купувачи, како и до стабилизирање на порастот на приходи од продажби. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност.“, велат од компанијата.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите