Connect with us

македонија

„Алкалоид“ стана генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација

објавено

на

Согледувајќи ги потенцијалите и сериозната посветеност на работењето на Македонската таеквондо федерација, „Алкалоид“ АД Скопје одлучи да даде сериозна поддршка во финансиски средства и останати логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година.

Спортот во „Алкалоид“ има долга историја и богата традиција. Децении наназад, компанијата помагала и помага разни ентитети на клупско, репрезентативно и индивидуално ниво во бројни спортови, како: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пливање, борење, алпинизам и други. 

Скоро 47 години, во рамки на компанијата функционира шаховскиот клуб „Алкалоид“ кој важи за еден од најдобрите европски клубови, а од неодамна отпочна со работа и ракометниот клуб „Алкалоид”, со амбициозна програма посветена на развој на млади македонски ракометни таленти. 

Согледувајќи ги потенцијалите и сериозната посветеност на работењето на Македонската таеквондо федерација, „Алкалоид“ АД Скопје одлучи да даде сериозна поддршка во финансиски средства и останати логистички ресурси на овој ентитет во текот на 2023/24 година. Во тој контекст „Алкалоид“ денес ја официјализираше новата соработка како генерален спонзор на Македонската таеквондо федерација, во присуство на спортската јавност. На одржаната прес-конференија во х. „Double Tree by Hilton“ Скопје, договорот за соработка го потпишаа Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов и Претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски. Меѓу присутните учесници беше и репрезентативецот на МФТ и член на ТК „Бутел“, Дејан Георгиевски, кој националниот олимписки сон го претвори во реалност и заедно со својот тренерски тим е заслужен за одликувањето на македонското таеквондо со престижен сребрен медал..

Македонско таеквондо, како еден трофеен сегмент од поновата спортска историја, последниве години успева да задржи еден солиден резултатски континуитет. Начнувајќи ја оваа предолимписка година, Македонската таеквондо федерација е фокусирана на добивање уште една олимписка виза, а паралелно со тоа, посветено работи и на развој на овој спорт на сите генерациски нивоа.

За „трка“ без препреки за учество на ЛОИ 2024 во Париз, притоа базирајќи се на досегашниот резултатски континуитет на македонското таеквондо, „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија со силно изразена стратешка определба за поддршка во сите сфери од општествениот, спортскиот, образовниот, здравствениот и културниот живот во Македонија, рамо до рамо со федерацијата ќе даде поддршка во борбата за освојување нова олимписка гордост.

ПР текст

економија11 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија13 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки13 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија13 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

македонија1 недела ago

Инженерот Маркоски од БРАКО на форум за електрификација и батерии во Дизелдорф говореше за искуството од развивањето на водороден погон кај возилата