Connect with us

економија

Алкалоид  целосно ќе ги  дигитализира и автоматизира  процесите во сегментот Фармација

објавено

на

Целосната дигитализација и автоматизација на процесите во сегментот Фармација ќе се реализира преку најсовремениот систем Manufacture Execution System – AlkaMES

АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална и иновативна компанија, континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија. Приспособувањето и искористувањето на иновативните технологии и прифаќањето на дигиталната трансформација се важен императив за да се биде во чекор со најновите трендови, како и заради нивна примена за унапредување и за усовршување на сите аспекти во работењето. АЛКАЛОИД започна со спроведување нов проект од стратешко значење во Профитниот центар Фармација, како носечки и стратешки столб на компанијата.

AlkaMES е суштински важен проект за управување со процесите, целосна дигитализација и автоматизација на производствените процеси со автоматско собирање податоци од производствената опрема и за функционирање без хартија, кој ќе се реализира во соработка со избраниот партнер ANTSolutions од Полска, компанија со големо искуство со системите за автоматизација и со повеќе од 600 имплементации во 35 земји, која функционира повеќе од 17 години и на повеќе континенти.

Како исклучителна алатка за подобрување на резултатите во работењето, овој систем (софтвер и хардвер) има цел целосна дигитализација на производствениот процес преку надградба и интеграција на постојното функционирање, автоматизација на производствените процеси и опрема, примена на нови модули (со опфат и на Room Management, Container Management, Resource Management), интегрирање со постојните системи AlkaSAP ERP, AlkaT&T (Track&Trace) и BMS (Building Management System), AlkaMOS (Maintenannce Operating System) и AlkaOEE (Overal Equipment Effectiveness), надградба на системот за планирање, како и целосно електронско управување со отстапувања и со девијации во производството.

Покрај тоа, AlkaMES значително ќе ја подобри севкупната ефикасност, овозможувајќи заштеда на вредни ресурси и на време при собирањето податоци, следење и контрола на процесите во реално време и донесување правилни и навремени одлуки врз основа на точни и на ажурирани информации. Од план до реализација на овој голем проект, процесите на спроведување се соодветно регулирани, имајќи предвид дека системот е во целосна согласност со највисоките фармацевтски стандарди, обезбедувајќи стабилност, безбедност и контролиран пристап.

На почетниот состанок, одржан на 18 јули 2023 г., беше најавен официјалниот почеток на проектот AlkaMES (Alkaloid Manufacturing Execution System), кој е во вредност од над милион евра. Генералниот директор и Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, со своето обраќање официјално го означи почетокот на проектот, истакнувајќи ги главните придобивки и цели на проектот и поздравувајќи го проектниот тим, кој е составен од преку 80 члена, претставници на АЛКАЛОИД и на партнерската компанија, поделени во девет тима, кои се врвни експерти, докажано искусни и посветени професионалци во својата професија.

Според временската рамка, пилот-проектот ќе се реализира до крајот на првиот квартал од 2024 г., а целосниот проект ќе заврши во првиот квартал од 2025 г. Со секој проект и со секоја активност АЛКАЛОИД постојано оди чекор натаму, секогаш залагајќи се за постојано усовршување и за подигнување на стандардите за квалитет и за примена на иновации во работењето, а самото тоа е доказ дека понудата на производи со врвен квалитет за крајните корисници и грижата за здравјето на луѓето се најголем приоритет за

технологии / компании8 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика8 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион8 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија8 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија8 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија8 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија8 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки8 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија8 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки8 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија8 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија