Connect with us

Uncategorized

Алтернатива за влез во Владата ги добива Здравство, Информатичко општество и Дијаспора

објавено

на

Алтернатива ќе добие и заменици министри во Министерство за образование и наука и  Министерството за култура, а за третиот ресор се уште се дискутира.  Директори што ќе ги предложи Алтернатива ќе раководат со неколку институции на централно и локално ниво како што се МЕПСО, Фонд за здравство, Железници, Клинички центар Тетово и Агенција за странски инвестиции.

Алтернатива влегува во Владата, а државата излегува од политичката криза и ќе добие функционално Собрание со стабилно мнозинство, соопштија лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши, по средбата во Клубот на пратениците со која се официјализираше договорот постигнат во преговорите.

За влез во Владата Алтернатива добива три министерства, три заменички места и десетина државни компании и институции.

Алтернатива ќе ги води Министерството за здравство, Министерството за  информатичко општество и Министерството без ресор задолжено за дијаспората. Алтернатива ќе добие и заменици министри во Министерство за образование и наука и  Министерството за култура, а за третиот ресор се уште се дискутира.  Како што рече Заев,  разговараат за заменик министер во Министерството за земјоделие. Директори што ќе ги предложи Алтернатива ќе раководат со неколку институции на централно и локално ниво како што се МЕПСО, Фонд за здравство, Железници, Клинички центар Тетово и Агенција за странски инвестиции.

Засега потврдено е само името на Беким Сали кој ќе го замени Венко Филипче во Министерството за здравство,  а се шпекулира дека во МЕПСО ќе влезе Орхан Муртезани.

„Постигнавме договор со Алтернатива за Влада и парламентарно мнозинство до крајот на актуелниот мандат, односно до 2024 година со амбиции и да продолжи. Постигнатиот договор, е гаранција дека имаме мнозинство кое ќе работи на решенија за сериозните актуелни предизвици како што се обезбедувањето континуитет и успешен епилог на процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, односно изнаоѓање решение со Република Бугарија, справување со КОВИД -19 пандемијата и глобалната енергетска криза“, изјави премиерот во оставка Зоран Заев.

Тој нагласи дека со формирањето на новото парламентарно мнозинство кое сега брои 64 пратеника нема да има вонредни избори догодина.

Премиерот во оставка потврди дека новиот претседател на СДСМ ќе биде и нов мандатар,  а Заев својата оставка ќе ја депонира на крајот од годинава.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација