Connect with us

интервју

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

Амар Салиу, генерален директор на градежната компанија СМС Шопс

објавено

на

Резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“ претставува совршен дом за секого, а тоа го докажува и фактот што е најбараната локација за живеење во изминатите 2 години од изградбата на првите 4 станбени единици.

„East Gate Living“ ја продолжува својата приказна за модерен начин на урбано живеење од затворен тип, каде што комплексот ќе добие уште две нови станбени единици со изградбата на Блокот Ц.

Прва фаза ‒ моменталните четири згради што се дел од комплексот „East Gate Living“ во Блок А и во Блок Б се во финална фаза на изградба и понатамошно вселување на новите станари во комплексот.

Вторa фаза – изградбата на Блок Ц (зграда Ц1 и Ц2) започнува сега, а ќе биде завршена до крајот на 2025 година.

Третa фаза ‒ изградбата на Блок Д и Блок Е (четири згради) ќе започне во втората половина на 2025 година.

За продолжувањето на изградбата на новите згради во Блок Ц зборуваме со Генералниот директор на компанијата СМС Шопс, која е инвеститор во комплексот „East Gate Living“, господин Амар Салиу.

Господине Салиу, Вашата улога во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“ започнува уште во првата фаза на градба со изградба на станбената единица Б2 во Блок Б. Компанијата што ја менаџирате, СМС Шопс (во јавноста позната како SMS Construction), во своето портфолио вбројува успешни деловни и станбени проекти, наградени со престижни награди. За Вас, ова е прво искуство со изградба на станбен комплекс од затворен тип. Какво е досегашното искуство со продажба на станови, дали има интерес за ваков тип станбен комплекс?

Започнувањето со ваков тип градба претставуваше голем предизвик и чекор за нас како компанија, која пишува успешна приказна во градежниот сектор уште од 1996 година. Изградбата на квалитетни станбени објекти директно е поврзана и со градењето доверба и сигурност кај секој наш клиент. Во изминатите години создадовме репутација на компанија што гради според највисоки стандарди за квалитет, со навремена градба и ги следи сите процедури.

Доказ за нашата професионалност и за квалитетна градба се добиените награди „Гран-при на БИМАС“, доделени за следните три објекти:

  • во 2000 година за станбено-деловниот објект „Титаник“, лоциран на ул. „Џон Кенеди“ во населба Чаир, Град Скопје;
  • во 2006 година за индустрискиот објект „Порше Македонија“, лоциран во Скопје Север, Град Скопје;
  • во 2018 година за деловниот објект „Челзи бизнис-центар“, лоциран во строгиот центар на Скопје.

Оттука, зедовме уште поголем замав во создавањето повеќе станбени единици што ќе бидат дел од единствен модерен станбен комплекс од затворен карактер, граден според највисоки светски стандарди.

Кога е според планот вселувањето на првите станари во становите што вие ги градевте?

Во првата фаза на проектот се соочивме со големи предизвици, на кои одговоривме со издигнување на комплексот до точка на препознатливост за да биде најбараната локација за живеење на луѓето. Самиот комплекс нуди големи предности, кои купувачите ги препознаваат. Во изминатиот период бележиме продажба на речиси сите станови и подготвени сме да ги дочекаме првите станари на комплексот до крајот на оваа година.

Во следната фаза продолжува изградбата на Блок Ц, каде што продолжувате како единствен инвеститор на комплексот. Што ќе понуди новиот Блок Ц во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“?

Продолжувањето на приказната со изградба на Блок Ц отвора нови можности и нови две станбени единици на вкупна површина од 60.000 м2. Новите 2 згради ќе продолжат да се градат според највисоки стандарди за градба како и досегашните 4 згради, имплементирајќи А++ технологија за поголема енергетска ефикасност, систем за паметно домување „Smart Home“, топлотна и звучна изолација, како и висококвалитетна столарија, санитарии и паркет во секој дом. Самиот комплекс располага со голема зелена површина од +25.000 м2 и партер со разновидна содржина за жителите на „East Gate Living“. Блокот Ц ќе понуди нови 388 станбени единици во двете згради што ќе имаат по 13 ката. Во понудата на станови ќе бидат достапни квадратури за секого, од гарсониери до пространи пентхаус станови.

Кои се најзначајните погодности и компаративни предности што ги нуди East Gate Living за идните станари?

Резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“ претставува совршен дом за секого, а тоа го докажува и фактот што е најбараната локација за живеење во изминатите 2 години од изградбата на првите 4 станбени единици.

Достапност, пристапност и сеопфатни содржини се дел од самиот комплекс што е лоциран непосредно до најмодерниот шопинг-центар во Скопје, „East Gate Mall“. Дополнително, во составот на самиот комплекс се достапни и деловни простории што ќе ја збогатат содржината. Комплексот е од затворен тип и има највисоко ниво на безбедност, а со тоа придонесува секој станар да се чувствува безбедно во своето секојдневие.

Какви се Вашите планови во поглед на темпото на градба? Покрај Блокот Ц, во составот на комплексот „East Gate Living“ ќе бидат достапни вкупно 10 згради.

Во моментов сме фокусирани на тековната инвестиција и на изградбата на двете згради во Блок Ц. Нашиот план е изградбата на двете згради да биде финализирана кон крајот на 2025 година, а во меѓувреме, како што ќе тече работата со финализирањето на Блок Ц, ќе започнеме со подготовки за изградба на Блок Д и Блок Е. Дополнително, во овој период комплетно ја финализираме првата фаза со уредување на партерот и со топло добредојде на нашите први станари во резиденцијалниот комплекс „East Gate Living“.

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%