Connect with us

македонија

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

објавено

на

Третиот по ред Македонски енергетски форум се одржува денеска во Скопје.

Диверзификацијата на енергетските ресурси и намалување на енергетската зависност од Исток е еден од приоритетите на енергетската стратегија на Северна Македонија и останатите држави од Балканот, а САД е силен поддржувач на овие процеси, истакна американската амбасадорка Кејт Брнс на Македонскиот енергетски форум што пред малку започна во Скопје.

„Нашата цел е да ѝ помогнеме на Северна Македонија  и соседите да создадат посилен и понезависен енергетски сектор. Прво, клучна е диверзификацијата. Нашите анализи велат дека Северна Македонија е помеѓу 5 најранливи земји во Европа во случај да се прекине снабдувањето со гасот од Русија. Овие анализи се од пред неколку години и оттогаш работите не се променети. Неодамна, помошникот државен секретар за енергетика Франсис Фанон ја посети земјава и регионот во  мошне интересен период на очигледно збивање на редовите меѓу балканските земји во потрагата по поголема енергетска независност. Тогаш тој рече, и сега јас ќе повторам, дека САД се тука за да ја остварат таа желба – најавени се крупни енергетски регионални проекти што е планирано да се вкрстат токму во Скопје.“, рече амбасадорката Брнс.

Третиот по ред Македонски енергетски форум го поздрави со краток говор премиерот Зоран Заев којшто истакна дека вложувањето во енергетскиот сектор е еден од клучните приоритети на Владата што тој ја раководи.

„Работиме активно на зголемување на понудата на алтернативни решенија во поглед на нашите геостратегиски енергетски позиции. Постепено преминување кон извори на чиста енергија и намалувањето на учеството на јагленот како енергетски извор е нашиот стратешки фокус. Денес сакам да најавам неколку проекти: Прво, почнати се преговори за сопственичко  учество на земјава во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, Грција, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес. Потоа, во тек се инвестиции во фотоволтаични електрани во Осломеј, проширување на ветропаркот во Богданци, како и мегапроектот Чебрен којшто конечно после безброј одлагања изминатава деценија почнавме да го реализираме“, истакна Заев.

Македонскиот енергетски форум годинава поради ситуацијата со пандемијата се одржува во хибридна форма – делумно онлајн и делумно со панелисти во хотелот Мериот во Скопје. Настанот е организиран  од ЗИП Институтот, Амбасадата на САД во Северна Македонија и македонската влада, а финансиран од Германскиот Маршалов Фонд во САД – Balkans Trust for Democracy, Кралската Норвешка Амбасада во Белград, АД МЕПСО и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

Опширен преглед на тоа што се зборуваше на МЕФ ќе може да проследите во овонеделното издание на магазинот Капитал.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал