Connect with us

македонија

Амбициозен инвестициски план: ќе бидат вложени преку 105 милиони евра во нови маркети и други содржини

Ајдован Адемоски и неговата Сити Плаза ја презедоа Рамстор Македонија

објавено

на

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол” во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор” маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Ramstore Retail park” на локации низ земјава каде што „Рамстор” во моментов не е присутен. Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамстор” на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно – деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.

Рамстор Мол, отворен во 2005 година во Скопје,  беше првата инвестиција во Македонија на огромниот турски малопродажен синџир Migros Ticaret A.Ş. којшто оперираше во земјава под името „Рамстор Македонија“ и во меѓувреме отвори уште триесетина Рамстор маркети во земјава. Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнителни 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

Македонската компанија „Сити плаза”, новиот сопственик на Рамстор Македонија” во чиј состав влегуваат шопинг центарот „Рамстор мол”, како и синџирот маркети „Рамстор”, во следните пет години ќе инвестира повеќе од 105 милиони евра во проширувањето и развојот на оваа компанија. Менаџерскиот тим на „Сити плаза” деновиве пред бројни претставници на државниот врв, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и медиуми, ја претстави инвестициска програма за „Рамстор Македонија” за периодот од 2021 до 2025, при што и свечено ја презеде компанијата под свое раководство.

На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија”, компанијата „Сити плаза” го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос” од Република Турција. Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М” за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор” ќе се вклучат и други македонски и турски производители.

На свечениот настан за преземање на „Рамстор Македонија”, компанијата „Сити плаза” го презентираше и новото стратешко партнерство со холдингот „Мигрос” од Република Турција, досегашниот сопственик на „Рамстор Македонија“, којшто, инаку, поседува преку 2.300 супермаркети во Турција. Оваа соработка подразбира заеднички вложувања во делот на обезбедување и франшиза на трговската марка „М” за балканскиот регион, што ќе овозможи пристап и до други странски пазари, на кои покрај „Рамстор” ќе се вклучат и други македонски и турски производители.

Со планираните вложувања, во следните пет години „Сити плаза” ќе го зголеми капацитетот на трговскиот центар „Рамстор мол” во Скопје и ќе изгради подземна гаража за овој објект, ќе ја прошири продажната мрежа на „Рамстор” маркетите за 18 нови супермаркети, како и ќе изгради три „Рамстор Retail парк” на локации низ земјава каде што „Рамстор” во моментов не е присутен. Дополнително, инвестицискиот план предвидува изградба и модернизација на логистички центар „Рамстор” на површина од над 25 илјади м2, изградба на нов административно-деловен простор, инвестиции во погон за преработка и пакување на прехранбени производи, како и изградба на фотонапонска централа од 5 мегавати во Кочанско.

Со преземањето на „Рамстор Македонија”, како што истакна Ајдован Адемоски, сопственик на „Сити плаза”, компанијата ќе ги задржи сите вработени, а со новите инвестиции ќе се отворат и дополнителни 700 работни места во сите сектори од работењето на друштвото. Вкупната вредност на планираните инвестиции ќе изнесува 105,2 милиони евра.

„Од неодамна, „Сити плаза” донесе деловна одлука каде во својство на целосен сопственик ја презема сопственоста на Рамстор Македонија и планира да го продолжи своето искуство и знаење во понатамошен развој и прилагодување на новите стандарди во вршење трговија и трговска размена, како во државата, така и надвор, во Турција, Бугарија, Србија и Косово“, рече Адемоски.

Заев: граѓаните од турската заедница се силна алатка во меѓусебното поврзување на двете земји, на сите полиња

Премиерот Зоран Заев му честиташе на Адемоски за новата инвестиција: „ Во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од КОВИД-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас е планот на Сити Плаза на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на трговскиот центар Рамстор и истоимениот синџир маркети.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање рече дека во време кога компаниите кај нас и секаде во светот се соочуваат со огромни предизвици заради пандемијата од Ковид-19 и поради тоа ги намалуваат трошоците и бројот на вработени, вистинска реткост е влегување во нови инвестиции и најава за нови вработувања. Еден од ретките такви примери кај нас, додаде Заев, е планот на „Сити плаза”, на бизнисменот Ајдован Адемоски по преземањето на ТЦ „Рамстор” и истоимениот синџир маркети.

„Во оваа прилика да ја истакнам улогата на граѓаните од турската заедница за нашата земја како силна алатка на поврзување на традиционално исклучително доброто пријателство и одлична соработка меѓу Македонија и Турција. Нашите две земји континуирано вложуваат во развојот на билатералните односи и пријателства и претставуваат пример за тоа како треба да се соработува во регионот и пошироко. Најдобра илустрација е присуството на голем број странски инвестиции во земјата од Турција, тоа е најголем странски инвеститор во Македонија од земјите надвор од ЕУ“, рече Заев.

Додаде дека само оваа година интерес за вложување во секундарната гасификација на нашата земја изразија две големи турски компании и влегоа во завршна фаза од конкурентниот дијалог за воспоставување јавно приватно партнерство во овој проект вреден 300 милиони евра.

„Две турски компании конкурираат во Чебрен, повеќе турски компании за изградба на железниците, две компании за сто мегавати во Осломеј се само од Турција, повеќе турски компании за гринфилд инвестиции во нашите зони“, заклучи Заев.

Турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок истакна дека новите подвизи кои ќе ги реализира „Рамстор” несомнено ќе дадат фидбек на економските односи на Турција и Македонија.

Кој е Ајдован Адемоски

Нераздвоен дел од секоја позначајна турска инвестиција во Македонија

Ајдован Адемоски е дефинитивно една од најкрупните „бизнисменски ѕверки“ во земјава во последниве 20-тина години. Човек којшто прво стана познат за јавноста како сопственик на трговската фирма Еуроазија, преку која го донесе турскиот бренд на бела техника Беко во земјава, како и неколку брендови од текстилната индустрија и широката потрошувачка. Оттогаш неговото име е нераздвоен дел од секоја позначајна турска инвестиција во Македонија, почнувајќи од Рамстор, којшто го отвори својот прв мол и супермаркет во 2005 година, па потоа ТАВ, Суташ, итн.
Не случајно тој е  и почесен конзул на Турција во Македонија и претседател на македонско – турската стопанска комора МАТТО преку која се труди да ги интензивира економските врски со Турција. Пред десетина години го отвори хотелот Стоунбриџ веднаш до Камениот мост во метрополата, во 2013 година станбено – деловниот комплекс Капитол во скопската населба Аеродром, а пред две години и својата „флегшип“ инвестиција во земјава, хотелот Double Tree by Hilton, франшиза од меѓународниот хотелски синџир Хилтон, инвестиција вредна околу 50 милиони евра. Адемоски е и претседател на УО на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација