Connect with us

економија

Американската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“

објавено

на

Амбасадорката Кејт Брнз ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од нејзината екселенција, Амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

За време на посетата, високите дипломатски претставници беа запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.

Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од 5 децении. Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“ се пласманите на чаевите од програмата „Good Nature“. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Есте Лаудер“, компаниите „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“ кои во 2019 година надминаа извоз во САД од 5 милиони американски долари, со тенденција за раст.

Амбасадорката Брнз го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ а особено беше фасцинирана од обиколката на производните капацитети на компанијата, како и високото ниво на технолошка опременост и човечкиот капитал кој управува со процесите. На темата човечки капитал, Амбасадорката Брнз особено се интересираше за предизвиците со кои компанијата се соочува при регрутација на нови кадри, нивната обученост, способности и вештини кои се потребни да ги поседуваат заради спецификите на дејноста.

Г-ѓа Брнз имаше чест да ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг5 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг5 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија5 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет5 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!