свет
Америка на НАТО самитот утре ќе најави “долгорочен воен ангажман“ во Европа

Се најавува и дека “одреден број земји“ од Алијансата, исто така “ќе ветат зголемување на својот одбранбен придонес на источното крило, со нагласок на Балтикот и Балканот“.
САД на состанокот на НАТО утре планираат “специфични најави“ за “нов и долгорочен воен ангажман на копно, на море и во воздух“ во Европа, рекол денеска висок воен советник на претседателот Џо Бајден.
Џејк Саливен, главниот Бајденов дипломатски и воен советник, на летот на Air Force One за Мадрид, каде што се одржува состанокот на НАТО членките, рекол за време на брифингот дека “одреден број земји“ од Алијансата, исто така “ќе ветат зголемување на својот одбранбен придонес на источното крило, со нагласок на Балтикот и Балканот“.
Американскиот претседател денеска во текот на разговорите со шпанскиот премиер Педро Санчез планира да најави и дека САД ќе го зголеми бројот на бродови – разурнувачи во шпанското воено пристаниште Рота од четири на шест.
„Претседателот Бајден уште пред да почне инвазијата најави дека ако Путин ја нападне Украина, САД и НАТО ќе го зајакнат своето воено присуство на источното крило на НАТО, не само за време на траењето на конфликтот, туку и на долг рок, затоа што сосема ќе се промени стратешката реалност со таа војна“, рече Саливен.