aa
Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /home/customer/www/kapital.mk/public_html/index.php:1) in /home/customer/www/kapital.mk/public_html/wp-content/plugins/wp-optimize/cache/file-based-page-cache-functions.php on line 497
Недела во знакот на борбата на „Редит инвеститорите“ против Волстрит - Kapital.mk
Connect with us

свет

Недела во знакот на борбата на „Редит инвеститорите“ против Волстрит

објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Последната недела од јануари донесе нов вид адреналин на пазарите, но за тоа ќе разговараме малку подоцна. Од економска и политичка гледна точка немаше големи промени. Развојот на пандемијата и понатаму не ги охрабрува економиите, бидејќи податоците за падот на БДП за последниот квартал се загрижувачки, но сепак се во рамките на очекувањата. Позитивните економски податоци од Азија, особено Кина, ги засенија малку повнимателните прогнози, бидејќи одговорот на азиските земји на било какво локално избувнување е силно затворање на локалното опкружување, што го забавува темпото на закрепнување. Аналитичарите и економистите повторно се надеваат на втората половина на 2021 година, бидејќи стана очигледно дека првиот и вториот квартал веќе се по малку изгубени. Вакцинацијата е побавна отколку што се очекуваше, како заради логистички проблеми, така и заради доцнење во доставувањето на вакцините.

Џонсон и Џонсон минатата недела се придружи на Фајзер, Модерна и Астразенека. Предноста на оваа вакцина велат дека е потребна една доза, а со тоа и се подразбира логистички помалку оптоварувачка операција. Исто така, има огромен производствен капацитет, но во исто време ефикасноста е помала отколку кај Фајзер и Модерна. Дури и очигледната послаба ефикасност на Астразенека кај населението над 65 години, не иницира многу доверба. Ова исто така, беше причината што пазарите станаа понестабилни во последните денови.

Централните банки и земјите продолжуваат да го одржуваат нивото на ликвидност, додека вниманието повторно се префрла преку Атлантикот, каде што се интензивира дебатата за нов огромен стимулативен пакет од 1,9 трилиони американски долари и го враќа карактерот на меѓупартиска пресметка. Крајниот резултат сè уште не е сосема извесен, но останува фактот дека пристигнуваат многу пари што можат повторно да ги поттикнат пазарите кон повисоко ниво. Каматните стапки, освен повремените флуктуации, не покажуваат убедлива насока, но сè повеќе е јасно дека новата американска администрација само полека ќе менува одредени политики донесени од претседателот Трамп, така што не се очекуваат брзи промени за отстранување на некои ограничувања, санкции или измени во законодавството. Како резултат на сето ова, оптимизмот може да се покаже како претеран.

Деловните резултати за последниот квартал од минатата година, а особено предвидувањата за 2021 година, продолжуваат да ги надминуваат бројките што ги очекуваат аналитичарите, но поради високите проценки во некои индустрии или сегменти на пазарот, одговорот е релативно слаб. Добрите резултати од Apple или SAP не ги убедија инвеститорите, како и компаниите од областа на секојдневната потрошувачка.

Од друга страна, одговорот на резултатите на компаниите во здравствениот сектор е подобар, веројатно и поради значително пониските проценки. Очигледно се очекува разочарување за сопствениците на акции на нафтените компании, кои беа sвезди на пазарот во последните месец или два, бидејќи резултатите не ги исполнуваат очекувањата, додека притисокот на новата американска администрација за намалување на загадувањето на животната средина е евидентен.

Европа исто така даде позитивни изненадувања, бидејќи резултатите од производствениот сектор се над очекувањата, автомобилската индустрија исто така многу позитивно изненади, додека услужниот сектор продолжува да е во недостаток на пари, а повлекувањето на мерките и отворањето на земјите се повеќе се оддалечуваат.

Бунтот на малите инвеститори против хеџ фондовите

Тргувањето беше зајакнато минатата недела, главно со организирањето на малите акционери во борба со големите играчи на Вол Стрит. Собрани околу социјалната мрежа Редит, тие им нанесоа големи загуби на хеџ фондовите и ги принудија да затворат некои „кратки“ позиции или некои позиции за многу кратко време, при што хеџ фондовите продадоа акции што ги немаа и ги позајмија (последното не е правна практика, но практично за тоа не постои изрично наведена казна). Исто така, имаше пораст од 1.000 и повеќе проценти кај некои мали бизниси, а од друга страна, хеџ фондовите веројатно беа принудени да продаваат акции на некои големи компании за да го поправат недостатокот од затворањето на позициите на кратките продажби.

Факт е дека на пр. вредноста на акцијата на Gamestop е значително надуена, бидејќи деловниот модел опаѓа, а промени во овој тренд не се на повидок. Сепак, идните активности на малите инвеститори, особено ако се добро координирани, може да продолжат да носат значителна нестабилност на пазарот.

Ова донесе дополнителна нестабилност на пазарот. Целата приказна за бунтот на малите инвеститори против големите и тенденцијата да се отстранат некои од аномалиите и злоупотребите на пазарот од страна на големите инвеститори, сè уште не е завршена. Но, влијанието на пазарот на долг рок, најверојатно ќе биде занемарливо ако не доведе до промени во законодавството. Факт е дека на пр. вредноста на акцијата на Gamestop е значително надуена, бидејќи деловниот модел опаѓа, а промени во овој тренд не се на повидок. Сепак, идните активности на малите инвеститори, особено ако се добро координирани, може да продолжат да носат значителна нестабилност на пазарот. Во последните денови го гледаме ова на пример кај среброто.

Развојот на пандемијата, претстојните стимулативни пакети и ликвидноста на централните банки продолжуваат да ги обликуваат берзите. Сепак видовме оваа недела дека пазарот е исто така респонзивен на индивидуалните промени што ги донесоа инвеститорите на Редит. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна.

Скапите обврзници и негативните приноси од банкарските продукти продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите првенствено во инвестиции во акции, а гледаме и сè поголем шпекулативен раст што повремено се граничи со манија. Инвестиција што не нуди ништо друго освен приказна станува сè поактуелнa. Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари.

Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија… сектори со потенцијал за натамошен раст

Продолжува ликвидносната поддршка за обврзниците и за акциите. Можностите надвор од технолошкиот сектор остануваат привлечни поради пониските проценки, особено во сегментите на пазарот каде се очекува силна промена на подобро во деловното опкружување заради вакцините или влијанието на новите политики. Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење, каде што, во последните неколку недели, по силниот раст, потребна е претпазливост.

Силниот раст на некои места ја надмина реалноста во работењето на овие компании. Но, во услови на обилна ликвидност, ова засега не ги загрижува инвеститорите. Стапката на вакцинација и ефикасноста на вакцините ќе продолжат да ја одредуваат динамиката во најпогодените сектори. Ротацијата помеѓу индустриите може да се засили. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот, но можеме да очекуваме малку поинаква структура на раст.

Историјата не’ учи дека главните двигатели на растот на пазарот драматично се менуваат со текот на времето. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел додавање на зачин. Инвеститорите со долги цели на заштеда треба да истраат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата треба да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работењето од дома, почистата енергија, работењето во согласност со општествените норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови. Компаниите и индустриите на кои им е тешко да се прилагодат на ова, ќе станат сè помалку популарни меѓу инвеститорите. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и составиме портфолиото за долг период на заштеда.

Generali Investments

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју21 час ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари21 час ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија21 час ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија21 час ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија21 час ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании